Вархеји: За отворање на преговорите потребен е напредок од Скопје и од Софија

Напорно работиме на случајот на Македонија, но уште не сме до посакуваната цел. 

Работиме со членките на ЕУ да се најде решениe и да се постигне согласност, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, одговорајќи на прашање на МИА дали е можно отворање на пристапните преговори во јуни и раздвојување на Македонија и Албанија.

За одвојувањето на Скопје и Тирана, Вархеји рече дека пристапниот процес се базира на постигнувања.

– Ова е процес кој се базира на постигнувања. Албанија ги има постигнато условите, но ако нема договор за Македонија мислам дека ќе дојде момент кога ќе треба да ја разгледуваме и таа опција. Разговаравме со Заев за ова прашање, се согласивме дека ќе мора да се постигне напредок од двете земји, рече Вархеји.

Тој појаснувајќи една своја поранешна изјава, нагласи дека самото вето е драматизирање, и подвлече дека ЕК работи на тоа да се вратат работите во нормала колку што е можно побрзо.

-Враќање во нормала значи постигнување на договор помеѓу двете земји. Договор значи закажување на првата Меѓувладина конференција помеѓу Бугарија и Македонија и се разбира токму ова е тоа на кое ние како ЕУ работиме сега, рече еврокомесарот Вархеји кој во рамки на неговата балканска турнеја по повод пристигнувањето на првите вакцини против Ковид-19, финансирани од ЕУ заедно со премиерот Зоран Заев одржа заедничката прес-конференција на вакцинален пункт во салата Борис Трајковски.

Австриската министерка за Европа и Устав Каролине Едштадлер повтори дека Виена ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија која сработи многу за да го постигне статусот на земја кандидат. Се надева дека блокадата од страна на Бугарија ќе се отргне и дека Македонија ќе остане на масата на разговори кои треба да ги продолжат двете земји.

-Ќе направиме се што е можно, Австрија ќе продолжи со поддршката со цел да се забрза темпото и да започнат пристапните преговори што е можно побрзо, затоа што не смееме да губиме време и не смееме да го изгубиме моментумот, вели Едштедлер. /MИА

Бочварски: На семејството на Верица ќе му биде доделен стан во Струмица

Министерот за транспорт и врски ,Благоја Бочаварски анјави на ФБ дека на семејството на трагично загинатата Верица , чии органи беа дадени за транпалнтација , ќе му биде доделен стан.

„Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица.

Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост.“, напиша Бочварски на ФБ

ЦУК со едукативно бојно гаѓање по повод 7 Мај

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК),  Стојанче Ангелов денеска упати честитка по повод празникот на безбедноста во државата,  а истовремено учествуваше и на првото бојно едукативно гаѓање со пиштол за вработени во ЦУК.

Од ЦУК соопштуваат дека по повод Празникот на безбедноста 7 – Мај, е организирано и едукативно бојно гаѓање со пиштол за дел вработените во ЦУК на стрелиштето Камник.

Ова, додаваат, е прво вакво гаѓање во историјата на ЦУК и се предвидува да стане традиција и редовна активност, како едукативна, а и како активност за градење и подобрување на меѓучовечките односи во дирекцијата – ЦУК, како што е тоа вообичаено во современото демократско општество во светот.

Омразената водителка и стана цимерка на Моника од „Пријатели“ (ВИДЕО)

Кортни Кокс, најпозната по улогата на Моника во Пријатели, има нова цимерка.

Имено, познатата водителка Елен Деџенерис открила дека неодамна го продала својот дом во Беверли Хилс и се преселила кај Кортни, тврдејќи дека причина за тоа не биле проблемите со нејзината партнерка Портија де Роси.

"Немам брачни проблеми. Не живеам со Кортни Кокс затоа што ме избркаа од дома", изјавила водителката во својата емисија.

Кортни се пошегува дека не е најсреќна со својата нова цимерка.

"Бев нервозен затоа што ќе останеш таму, па ги префрлив сите работи на десната страна од бањата за да имам простор во фиоките. Навистина се подготвував за тебе", рече Кокс.

"И одеднаш гледам дека мојата четка не е на мојата страна и дека немам шминка. Ја презеде мојата страна. Лоша цимерка си", рече на шега Кортни.

„Портија ја презеде твојата страна“, одговорила Деџенерис, прифаќајќи ја шегата.


притисни ентер