Вархеји: Мора да испорачаме за Македонија и Албанија пред крајот на годинава

Еврокомесарот за проширување ги презентираше извештаите за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан и Турција пред европратениците и повика итно да започнат преговорите со Скопје и Тирана.

Како што стои и во самите извештаи на Европската комисија оваа година, еврокомесарот Вархеји пред европратениците од Комисијата за надворешни работи повтори дека одлагањето на преговорите со Македонија, и со Албанија, е штетно за кредибилитетот на Европската Унија.

-Работиме одблизу за да ја деблокираме ситуацијата и да го решиме проблемот за оваа тешка тема, за сега не бевме успешни но имаме надеж, до крајот на оваа година мораме да испорачаме, не смее ова да се доведе во прашање, и на нас е да испорачаме, кога велам нас, мислам на сите земјите членки на ЕУ, мислам и на Македонија која е партнер во ова, патував во двете престолнини и сѐ уште сум подготвен да помогнам, но може ова да бара поголема посветеност, изјави Вархеји во Европскиот парламент денеска.

Тој додаде дека со оглед на изборните циклуси во Бугарија и во Македонија овој период не помага, но дека оваа сложувалка мора да се надмине.

Вархеји ги повтори заклучоците од извештајот за Македонија дека земјата покажала одлучност и истрајност во реформите вклучително и владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал и дека ова треба да продолжи, со дополнителни напори за реформата на јавната администрација.

Видео-Фото: Ибра како вистински борец

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, асот на Милан Златан Ибрахимовиќ покажа дека и со 40 години е вистински „ѕвер“.

Популарниот Ибра покажа дека со право не само што е мајстор со фудбалската топка дека е мајстор и во боречките вештини.

Шведскиот фудбалер со потекло од Балканот покажа и докажа зошто е носител и на црн појас.

Ибра како вистински ММА борец ја растури боксерската вреќа.

За Златан дефинитивно годините се само бројка.

Заради промоција на спортот, Златан има почесен црн појас во теквондо, кој во 2010 година му го додели олимпискиот шампион Мауро Сармиенто. Повеќе од десет години подоцна, Ибрахимовиќ се уште удира многу силно.

Најпродаваните автомобили во Европа

Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Нарушувањата во производството на нови автомобили поради недостаток на чипови се веќе познати и поради тоа фаворитите во продажба од месец во месец изгледаат поинаку. Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Првото место сега го има одличниот мал „SUV Peugeot 2008“ (18.109 продадени примероци), втор е „Renault Clio“ (14.639), потоа „Dacia Sandero“ (14.034), „Peugeot 208“ (13.978), на петтото место е „Ford Focus“. (12.704)…

Голфот испадна од првите десет - продадени се нешто повеќе од 11.000 возила. Поради недостиг на чипови, фабриката на Фолксваген во Волфсбург, Германија, работи на ниво кое не е забележано од 1958 година, пишува магазинот ХАК.

Санкционирани 78 возачи на автопат Велес – Скопје – Куманово

 На автопатот Велес – Скопје – Куманово при зајакната акциска контрола денеска се санкционирани 78 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 22 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.

притисни ентер