Вархеји: Ќе продолжи интергацијата на Западен Балкан во ЕУ

Имам добри вести за интергацијата на Западен Балкан во ЕУ. Таа ќе продолжи и ќе работиме уште посилно и напорно да го оствариме тоа. 

Мора да ги забрзаме процесите и да вметнеме динамика во нив, но истовремено да ги направиме посигурни и поверодостјни за сите нас и за рагионот и за земјите членки, изјави еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји на заедничката прес-конференција со техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Проширувањето, нагласи Вархеји, за новата ЕК е приоритет и не може да работи без поголемо влијание во регионот.

– Мора да работиме врз основа на процената дека Македонија и Албанија се подготвени за почеток на преговори. Нема промена во тој став и ќе се држиме до таа првична процена дека мора да почнеме пристапни преговори со овие две земји. Тоа значи дека треба да имаме позитвина одлука од Советот за отворање на пристапните преговори пред Самитот во Загреб годинава, изјави еврокомесарот Вархеји.

Тој посочи дека ќе имаат многу работа во следните месеци, кога ќе треба да се унапреди процесот на проширување.

– Новиот пристап мора да биде сигурен и попредвидлив, и ќе мора да биде малку пополитички и објективен, но и со поголема динамика. Тоа се принципите на кои ги засноваме нашите предлози. Принципите треба да функционираат и за регионот и за нашите земји членки. Сакаме да предложиме отворање на пристапни преговори уште пролетва, но тоа треба да дојде заедно со економски план за регионот. На Самитот во Загреб се надевам дека ќе ја добиеме поддршката на земјите членки за интензивирање на нашето присуство и затворање на економскиот јаз, изјави Вархеји.

Вархеји, посочи дека сакал да испрати порака со неговата посета на нашата земја, која е прва официјална посета на регионот и прва посета надвор од ЕУ.

– Сакав првата посета да ја посветам на Македонија која веќе направи многу за членство и го испорача историскиот Преспански договор, изјави Вархеји.

Тој нагласи дека очекува успешни избори, по кои ЕУ ќе добие сигурен партнер во Владата, посочувајќи дека е клучно спроведувањето на Преспанскиот договор и билатералниот договор со Бугарија, без разлика на тоа која ќе биде следната влада.

– Побарав ЕП да определи награда од 50 милиони евра за постигнувањата и резултатите на земјата во искористувањето на европските фондови. Предлогот очекувам дека ќе добие зелено светло и ќе се овласти исплатата, изјави Вархеји.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, изрази очекување дека средбите и комуникацијата со Вархеји ќе добијат на интензитет, бидејќи како што рече, влегуваме во клучен период за остварување на нашата стратешка цел, членство во ЕУ.

– Се надеваме и со право очекуваме одлука за почеток на пристапни преговори во претстојните месеци, по 15 години во чекалната со статус држава кандидат за членство, изјави Спасовски.

Прес-конференцијата се одржа по средбата на делегацијата на Директоратот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија на Европската комисија, предводена од Вархеји, со владина делегација во која покрај премиерот Спасовски, беа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката задолжена за економски прашања и за координација со економските ресори Мила Царовска, шефот на дипломатијата Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

Еврокомесарот Вархеји претходно оствари средба со претседателот на државата Стево Пендаровски, а како што е најавено ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на СДСМ Зоран Заев, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. /МИА

„Фокс њуз“: Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава американскиот телевизиски канал „Фокс њуз“.

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, и до која Фокс њуз имаше пристап, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс наведува дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.

Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја, поради што понекогаш се појавуваат различни бројки за американската помош за Киев. /МИА

Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва

Почина уште едно повредено лице кое беше во критична состојба по нападот пред една недела во Москва, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Така, бројот на загинатите во терористичкиот напад што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се зголеми на 141, а уште неколку повредени се во тешка здравствена состојба.

Министерот рече дека починатиот пациент имал сериозни прострелни рани, јавија руските медиуми.

Појавата на сплескана глава кај бебето може да се спречи со неколку прости чекори

Синдромот на сплескана глава или плагиокефалија се однесува на деформациите на главата на бебето што настануваат пред или по раѓањето поради надворешни влијанија врз неговата мека черепна структура. 

Тоа може да се спречи со неколку едноставни чекори.

Како прво, новороденчето не треба да спие на една страна цела ноќ. На секои два - три часа родителот треба да му ја менува положбата на бебето кое спие. Така притисокот не е само на една страна на главата.

И кога мајката го дои малечкото, или го храни со шише, исто така треба да се менува раката и страната на држење. Така се поттикнува бебето само да ја врти главата.

Бебињата треба да спијат на грб. Но, стручњаците препорачуваат - додека новороденчето е будно, да биде барем кусо време легнато на стомак.

Важно е, пред сѐ, да се напомене дека многу бебиња го надминуваат овој проблем кога ќе почнат да лазат или да седат. Истражување спроведено во Америка покажа дека речиси половина од бебињата на возраст меѓу седум и 12 недели имаат плагиокефалија, а 78 отсто од нив имаат благ облик од оваа деформација.

Ако сè уште сте загрижени, порталот „Кликс“ препорачува консултации се педијатар. Бебињата на кои им е дијагностицирана посериозен облик на плагиокефалија добиваат посебна капа за тоа. /МИА

притисни ентер