Ванг апелира Русија и Украина да не дозволат прелевање на судирот

Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, во денешниот говор на генералната дебата на сесијата на Генералното собрание на ОН ги повика Украина и Русија да не дозволат „прелевање“ на војната.

– Ги повикуваме сите заинтересирани страни да го спречат прелевањето на кризата и да ги заштитат легитимните права и интереси на земјите во развој, истакна Ванг, додавајќи дека приоритет е „олеснување на мировните преговори“.

Кинескиот министер за надворешни работи апелираше на „мирно решение на украинската криза преку фер и прагматични разговори“.

Кина е официјално неутрална, но западните земји понекогаш ја обвинуваат дека е премногу помирлива кон Русија.

Во Њујорк, Ванг се сретна со својот украински колега Дмитро Кулеба, кому му пренесе дека Пекинг повикува на почитување на „територијалниот интегритет на сите земји“.

Ванг за време на говорот го спомена Тајван, наведувајќи дека Кина мора „цврсто да се бори против сепаратистичките активности на Тајван и да преземе решителни активности за да се спротивстави на надворешното мешање“. /МИА

Индонезија го усвои контроверзниот нов кривичен законик со кој се забранува вонбрачен секс

Парламентот на Индонезија го усвои контроверзниот нов кривичен законик со кој се забранува вонбрачен секс.

Парламентот на Индонезија денеска ги усвои законските измени со кои се забранува вонбрачен секс и се воведуваат други важни измени во кривичниот законик на земјата. Забраната за вонбрачен секс се однесува како на локалното население, така и на странците.

Според новиот закон, родителите или децата ќе можат да пријават невенчани парови во полиција доколку се сомневаат дека имаат секс – нешто што критичарите велат дека е дело на полицијата за морал и може да се искористи и за таргетирање на членовите на ЛГБТК заедницата.

Сексот пред брак не беше незаконски во Индонезија пред да се донесе законот, иако прељубата беше. И вонбрачниот секс и прељубата ќе се казнуваат со затворска казна до една година или парична казна.

Според новите текстови, казни се изрекуваат и за навреда на претседателот на државата. Навредата на шефот на државата може да резултира со тригодишна затворска казна.

Заменикот-претседател на парламентот Суфми Даско Ахмад ги прогласи за усвоени новите текстови, кои беа изгласани од пратениците на пленарната седница на парламентот, но критичарите велат дека тие ги поткопуваат граѓанските слободи во оваа претежно муслиманска земја.

Поддржувачите на законските измени во парламентот го поздравија нивното донесување откако беа потребни децении да се договорат.

Новиот кривичен законик, кој денеска беше едногласно одобрен од парламентот, ја заменува законската рамка што беше во употреба од независноста во 1946 година и беше мешавина од холандскиот закон, обичајното право познато како хукум адат и модерното индонезиско право.

– Се потрудивме да ги прифатиме важните прашања и различните мислења за кои се дебатираше. Сепак, време е да донесеме историска одлука за измена на Кривичниот законик и да го оставиме колонијалниот кривичен законик што го наследивме зад себе, изјави од говорницата пред гласањето Јасона Лаоли, министер за право и човекови права, пред парламентот пред гласањето.

Планираниот законик предизвика протести на национално ниво предводени од студенти кога беше објавен целосниот нацрт во септември 2019 година, поради стравувањата дека ќе ги намали личните слободи. Најмалку 300 луѓе беа повредени во немирите, кои исто така беа поттикнати од загриженоста дека новите закони ќе ја поткопаат борбата против корупцијата.

Новиот кодекс сепак мора да биде потпишан од претседателот, според заменикот-министер за право и човекови права Едвард Хиариеј. Исто така, нема да се применува веднаш, а се очекува преминот од стариот во новиот да трае најмногу три години.

Стевчо Јакимовски и Павле Трајанов во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Стевчо Јакимовски и Павле Трајанов

Дебата „Енергетска криза и решенија за иднината“

Дебатата на тема „Енергетска криза и решенија за иднината“ денеска ќе се одржи на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје во организација на Францускиот институт во Скопје.

На дебатата, според најавите од организаторот, експертите ќе дебатираат на темата кои се решенијата за поефикасна енергетска иднина со кои би се намалил ударот врз климата и животната средина и дали и во која мера обновливите енергии можат трајно да ги заменат фосилните горива.

-Светот и Европа се соочуваат со голема енергетска криза наспроти која се принудени да започнат со транзиција за да ги сопрат погубните последици од глобалното затоплување, велат организаторите на настанот.

Дебатата ќе ја отвори Иго Бештел, советник за култура и соработка и директор на Францускиот институт во Скопје, а учество ќе земат Михаела Жиртан, професорка на Универзитетот во Анже и експерт за обновливи енергии, Антон Чаушевски, професор на ФЕИТ, Ристо Филкоски, професор на Машинскиот факултет во Скопје и стручен советник на НВО „Центар за климатски промени“ и Виктор Андонов, советник за енергетски прашања во Владата. Модераторка на дебатата ќе биде Мила Јовановска, претседателка на НВО „Биди зелен“.

притисни ентер