Ван дер Лејен: Потребен ни е ,,Маршалов план “ за Европа

Претседателката на Европската комисија Урсула Ван дер Лејен го повтори апелот за масовни инвестиции во буџетот на ЕУ бидејќи европскиот блок се соочува со силно негативно економско влијание од пандемијата на коронавирус.

Пред неколку дена, Ван дер Лејен предложи радикално преиспитување на буџетот на Европската унија за 2021-2027 година, за да може да функционира како огромен пакет помош, наречен ,,Маршалов план”, кога САД и помогна на Европа по Втората светска војна.

„Ни треба Маршалов план за Европа“, изјави денеска Ван дер Лејен за германскиот весник „Велт ам Сонтаг“.

Буџетот на Европската унија е прифатен во сите земји како компензативен инструмент на солидарност и мора да се прилагоди во согласност со кризата, рече претседател ката на Европската комисија.

Во својот коментар, Ван дер Лејен е убедена дека Европа брзо ќе закрепне.

„Многуте милиони што треба да се инвестираат денес за да се избегне голема катастрофа, ќе ги поврзат генерациите“, смета таа.

Исто така, ќе се врати чувството за заедништво меѓу европските нации во време на кризата, додаде претседателката на Европската комисија.

Европските влади се поделени околу тоа што треба да се преземе за да се спротивстават на жестокото економско влијание што пандемијата на коронавирус и го нанесе на Европа.

,,Маршаловиот план’  е американски план за реконструкција на Западна Европа по Втората светска војна, именуван по тогашниот државен секретар Џорџ Маршал.

притисни ентер