В сабота се очекува да проработи половината од Градскиот пазар во „Глобал"

В сабота, кога во Струмица е пазарен ден, се очекува да почне со работа половината од Градскиот пазар во Трговскиот центар „Глобал", информираше Стојан Манев од Здружението "Обнова Глобал".

Тој додаде дека привршува поставувањето на излозите од внатрешната и надворешната страна на опожарените продавници, а во наредниот период се очекува да почне со работа и другата половина од пазарот, која претрпе најмногу штети од пожарот.

Според Манев, во „Глобал" е опожарена површина од околу 6 илјади метри квадратни. Целосно изгореле 31 објект, а голем е бројот и на тие што се делумно опожарени.

-Покривот е целосно изгорен и затоа овие денови приоритет е токму тоа. Изведувачот за санација на овој дел не информираше дека се набавени потребните материјали и од вчера почна санацијата на покривот за потоа да може да се продолжи со работа во заедничките простории, рече Манев.

Бранко Ѓоргиев од ЈПКД „Комуналец", кое стопанисува со Градскиот пазар, информира дека во тек се завршните работи околу подготовките за повторно пуштање во употреба на половината од Градскиот пазар.

-Денеска требаше да извршиме завршно чистење и миење на површините во пазарот, но го одложивме за утре заради завршување на други работи. Таму е обновена електричната инсталација и е пуштено осветлувањето и очекувам утре да завршиме со подготовките за повторно пуштање во употреба на половината од пазарот, рече Ѓоргиев.

Според информациите од претседатеот на Општинската комисија за проценки на штети од елементарни и други непогоди, Ацо Ѓоргиев, тече поднесувањето на барања од страна на сопствениците на тезги и продавници и досега се поднесени вкупно 59 апликации, од кои 44 се од правни субјекти и 15 од физички.

Очекуваат набргу да заврши поднесувањето барања и откако ќе бидат доставени сите, Општинската комисија ќе ги сублимира во заеднички извештај за штетата, која, како збирен извештај, го доставува до Советот на општина Струмица и по неговото усвојување ќе биде доставен до Републичката комисија за проценка на штети, а ќе биде даден на разгледување и во Бирото за судски вештачења.

Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 јануари, беше опожарена една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а се урна и покривот. /МИА

ЕУФОР ќе патролира ширум БиХ

Стратешките резервни сили на ЕУФОР распоредени во Босна и Херцеговина во текот на месецот и во мај заедно со вооружените сили на БИХ ќе патролираат низ земјата, а не само во Пале и во источно Сараево, објави ЕУФОР.

ЕУФОР соопшти дека распоредувањето на овие сили не е поврзано со ништо друго и дека овие активности се планирани долго време и се насочени кон постигнување на редовни цели за обука.

Оклопните возила на резервните сили на ЕУФОР вчера беа распоредени во центарот на Пале, поради што градоначалникот на општината Бошко Југовиќ испрати писмо до командата на ЕУФОР со барање претходно да биде известена локалната администрација за таквите активности.

ЕУ одвои 10 милиони евра за помош на украинските истражувачи-бегалци

Европската комисија денеска соопшти дека издвоила дополнителни 10 милиони евра наменети за поддршка на истражувачите кои биле принудени да ја напуштат Украина поради војната. 

Станува збор за средства алоцирани преку програмата „Марија Склодовска-Кири акции“, која е создадена за да ги поддржува раселените украински истражувачи од почетокот на руската агресија врз Украина.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овие дополнителните средства ќе им овозможат на најмалку 50 истражувачи, вклучително и докторанти и доктори на науки кои ја напуштиле Украина, да продолжат со својата работа на истражувачки проекти на универзитети, компании, истражувачки центри и други институции со ЕУ и во земји вклучени во програмата „Хоризонт Европа“, меѓу кои е и Северна Македонија.

- Тоа, исто така, ќе им овозможи на истражувачите пристап до обука, вештини и можности за развој на кариерата. Специфична поддршка ќе биде достапна и за организациите кои се домаќини на истражувачите и за оние соработници кои се преселени заедно со нивните семејства, се додава во соопштението на ЕК.

Преку програмата „Марија Склодовска-Кири акции“, која е дел од пошироката поддршка на ЕУ за Украина, досега се поддржани 125 раселени украински истражувачи, кои се обучуваат и работат во 21 земја.

ЕУ неодамна отвори и Канцеларија на „Хоризонт Европа“ во Киев и воспостави инструмент за помош на украинските технолошки компании во рамки на Европскиот совет за иновации (ЕИЦ). Дополнително, формиран е и Центар на Европскиот институт за иновации и технологија (EИТ) во Украина, што треба да им овозможи пристап до партнери, пазари, опрема, обуки и инвестиции на оние украински иноватори кои ќе останат во нивната земја.

Мицкоски: Направивме увид во градежните активности во 3 клучни проекти

Направивме увид во градежните активности во 3 клучни проекти спортска сала, училиште и авантуристички парк, по формирање на влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализираат уште поголем број проекти.

Градежните активности и реализацијата на проектите во општина Охрид продолжуваат со несмалена динамика.

Градоначалникот Пецаков заедно со тимот, администрацијата, советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот Пецаков по оној историски момент кога ја одблокира општина од децениски долгови и неколку јавни претпријатија продолжува со несмалена динамика да ги реализира ветувањата кон граѓаните, ги подобрува условите во општина Охрид и ја збогатува туристичката понуда нешто што му е важно на Охрид.

Она кое е денес предмет на нашата посета е увид во градежните активности во 3 клучни проекти спортска сака, училиште и авантуристички парк.

Јас само можам да посакам на овој прв ден од кампањата за парламентарните избори да посакам уште многу вакви проекти.

Знам дека амбицијата на градоначалникот Пецаков е огромна, знам дека неговата желба да направи проект повеќе за охриѓани е огромна и таа желба ќе биде уште поинтензивна откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада и ќе се реализираат уште поголем број проекти, дури и проекти кои се за доброто на охриѓани, а истовремено можеби не биле дел од ветувањата во кампањата за локалните избори во 2021.

Уште еднаш му честитам на Кире, честитам на администрацијата на советниците кои ја поддржуваат работата на досегашните пратеници во македонскиот парламент, но и идните пратеници во македонскиот парламент кои несебично до сега, а и во иднина ќе ја поддржуваат развојот на Охрид и ќе соработуваме со градоначалникот Пецаков и администрацијата овде.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер