Ужас на Нов Зеланд: Остатоците од две деца се пронајдени во куфери купени на аукција

Остатоците на две деца се пронајдени во куфери купени во магацин во Окленд, потврди денеска новозеландската полиција.

Полицискиот инспектор Тофилау изјави дека телата најверојатно биле таму со години, а се работи за деца на возраст од пет до десет години.

Телата биле во два куфери со идентична големина, додаде тој, нагласувајќи дека истрагата ќе биде сложена поради времето што поминало од смртта до откривањето. Семејство купило цела приколка натоварена со предмети што се продаваат на аукција во магацин, вклучително и куфери. Семејството нема никаква врска со смртта на децата, нагласи полицијата.

Полицијата, која го известила и Интерпол, се потпира и на други предмети што биле во приколката за да ги идентификува жртвите.

Хенри Кавил ќе стане татко

- И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа!, изјави 40 годишниот Кавил.

Можеби еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил откри дека го чека своето прво дете со неговата девојка Натали Вискузо. Глумецот ја потврди среќната вест за „Аксес Холивуд“ (Access Hollywood) на премиерата на својот нов филм „Министерството за неџентлменско војување“ (The Ministry of Ungentlemanly Warfare).

- И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа!, изјави 40 годишниот Кавил.

Кавил и Вискузо се во врска речиси три години. Во јавноста, првпат се појавијја на црвениот тепих на премиерата на „Енола Холмс 2“ во 2022 година. Натали работи како директорка на холивудската телевизија.

„Гответе со Дракче“ - Алва со ориз

Во понеделник (15.04.2024) во емисијата гостин ни беше Дамјан Стојаноски

Состојки за денешниот рецепт:

- 200 гр. гриз

- 100 мл. масло за јадење

- З крем - бананчиња

- 200 гр. шеќер

- 200 мл. вода

- 1 рендано чоколадо или цимет

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски, кој не се извини за говорот на омраза кон Силјановска.

Пендаровски не се извини за говорот на омраза кон професорката Силјановска, со тоа поттикнува таквото однесување да продолжи.

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а жените се рамноправни и не се предмет на исмевање како на митинзите на СДС.

Пендаровски е демократ само на хартија. Во реалноста е политичар кој за главна алатка го има говорот на омраза.

Пендаровски со самиот факт што не сакаше да се извини кон професорката Силјановска дава сигнал кон своите активисти да продолжат да ја навредуваат и омаловажуваат на полова и старосна основа.

Пендаровски со ова свое однесување само уште еднаш покажа зошто Македонија изминативе години со него и СДС стагнираше на секое поле од владеење на правото до економија.

Време е народот да си ја врати државата. Време е Македонија повторно да биде горда.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер