Утре завршува постот–лекарите предупредуваат да се внимава и да се конзумира храна умерено - Канал 5

Утре завршува постот–лекарите предупредуваат да се внимава и да се конзумира храна умерено

Постепено внесување храна и особено помал внес на количини со животински маснотии – порачуваат докторите по завршување на Велигденскиот пост.

Утре завршува постот–лекарите предупредуваат да се внимава и да се конзумира храна умерено

Најголем дел од православните верници традиционално практикуваат 40-дневен пост во пресрет на Христијанскиот празник Велигден. Еден дел од верниците не внесуваат храна од животинско потекло, други пак одедени денови се воздржуваат и од храна од растително потекло.

По 40 дена пост се менува целиот метаболизам, а тука не днемат опасности од прејадување. Медицинските лица советуваат да се избегнува масната и тешка храна, бидејќи консумирањето храна од животнинско потекло делува на дигестивниот систем како калориска бомба.

„Кога ќе заврши постот, кога се враќаме на нормалната исхрана ако тоа се прави постепено, без нагло внесување количини храна или големи кочичини животински маснотии, обично не би требало да има проблеми. Меѓутоа македонската традиција вели дека за Велигден трпезата треба да биде преполна со многу храна, да изобилува со месо, животниснки маснотии, разни слатаи кои што се исто така масни, се конзуммиораат исто така и големи колични на алкохол, а сето тоа може да делува на човечкиот организам како калориска бомба, вели др. Андон Чибишев, Директор на Клиниката за токсикологија.

Долгото гладување предизвикува прејадување, а поголемо количество храна предизвикува отекување на желудникот, премаленост и поспаност. Особено внимателни да бидат хронично болните лица, кај нив прејадувањето може да биде фатално. Исто така важно е на менито да имате поголеми количини свежи сезонски салати, велат леакрите.

„Апелирам до граѓаните што постеле, внимателно да се прилагодуваат со исхраната, и тоа да трае 3-4 дена за да не се доведат празниците да ги поминат во болничка установа. Да не доведат до сензибилизација на ....Акутен панкреатит, сериозно може да го наруши здравјето и да дојде до фатален исход.“др Андон Чибишев, Директор на Клиниката за токсикологија.

По Велигден најверојатно ќе ни останат и повеќе велигденски јајца, кои треба да се чуваат во фрижидер и таму се безбедни да стојат најмногу една недела.

Инаку годинава православните и католичките верници го слават Велигден на ист ден 20 арпил. Совпаѓањето е редок феномен со оглед на тоа што источната и западната црква користат различни календари - Јулијански и Грегоријански календар.

Последното славење на Велигден на ист ден беше во 2017 година, а следното ќе биде на 16 април 2028.

YouTube video

Макрон е сигурен дека Трамп ќе одговори на цинизмот на Путин

 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Тирана изјави дека е „сигурен“ оти неговиот американски колега Трамп ќе реагира на тоа што го нарече „цинизам“ на Владимир Путин по најновиот руски смртоносен напад со беспилотни летала во Украина.

Макрон е сигурен дека Трамп ќе одговори на цинизмот на Путин

„Наспроти цинизмот на претседателот Путин, верувам, дури сум и сигурен, дека претседателот Трамп, кој се грижи за кредибилитетот на САД, ќе реагира“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.

-Претседателот беше избран од американскиот народ. Тој дојде со здрава амбиција да постигне мир и рече дека ќе го ангажира целиот свет за да постигне мир, додаде францускиот претседател, зборувајќи за Трамп.

Францускиот претседател, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот и полскиот премиер Кир Стармер и Доналд Туск, вчера го повикаа Трамп да го осуди одбивањето на Русија да се согласи на прекин на огнот во Украина и да го зголеми притисокот врз Москва.

-Предлозите за примирје, и ве потсетувам дека тоа е американска иницијатива, не беа почитувани од претседателот Путин и неговите армии, рече денеска Макрон.

„Собравме коалиција на добронамерни, потоа заедно го повикавме претседателот Трамп и му рековме, еве сите сме за примирје, сите повторно се вклучуваме во коалиција на добронамерните со безбедносни гаранции“, рече Макрон, зборувајќи во Тирана, каде што вчера се одржа самитот на Европската политичка заедница.

Неколку часа по завршувањето на самитот и еден ден по мировните преговори меѓу Русите и Украинците во Истанбул, каде што беше договорена голема размена на затвореници, но без најави за прекин на огнот, девет лица беа убиени, а четворица се повредени во руски напад врз минибус со цивили на северот од Украина./МИА

Акциска контрола во Македонска Каменица

Од страна на инспексциските служби констатирани се неправилности за што се изречени соодветни мерки.

Акциска контрола во Македонска Каменица

На 17.05.2025 година од страна на СВР Штип/ОВР Делчево во содејство со Државен пазарен инспекторат и Дирекција за заштита и спасување извршена е акциска контрола во два угостителски објекти во Македонска Каменица, при што констатирано е кривично дело точење на алкохол на малолетно лице и прекршок присуство на малолетник во угостителски објект после 24,00 часот. За наведените дејствија ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Исто така од страна на инспексциските служби констатирани се неправилности за што се изречени соодветни мерки.

Николоски: Инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оцени дека стратешко партнерство со Обединетото Кралство значи инвестиции во инфраструктурата, здравството, образованието.   

Николоски: Инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места

-Ова партнерство значи инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места и силна економија и стратешка позиционираност на Македонија, напиша на неговиот официјален фејсбук профил Николоски кој заедно со владини министри присуствуваше на заедничката прес-конференција во Владата на премиерот Христијан Мицкоски и британскиот амбасадор Метју Лосон по повод постигнатата согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе овозможи најсилна досега економска соработка меѓу двете влади и претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД, што е потврда оти нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски со британскиот премиер Кир Стармер вчера на средбата во Тирана одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, постигнаа согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, кој наредната недела треба да биде потпишан во Лондон.

притисни ентер