Утре во емисијата Жешко Политичко Лето гостин ќе биде Петре Шилегов

Доколку имате прашања до нашиот гостин испратете ги најдоцна утре 06.09.2021, но не подоцна од 13.00 часот, на e-mail адреса [email protected]

Ве молиме доколку сте од политичка партија праќајте од вашите официјални e-mail адреси, а доколку сте граѓани, пишувајте ни од вашата e-mail адреса и задолжително прикачете и ваша фотографија, во спротивно прашањето нема да го објавиме. #ЖПЛ.

Генералното собрание на ОН утре ќе расправа за хуманитарната криза во Газа

Генералното собрание на ОН ќе се состане утре за да разговара за хуманитарната криза во Газа, соопштија официјални лица и дипломати откако САД минатата недела ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот.

Специјален состанок на Генералното собрание свикаа за вторник попладне претставниците на Египет и Мавританија „како претседавач со Арапската група и претседавач со Организацијата за исламска соработка“.

Според дипломатски извори, Генералното собрание, чии резолуции се необврзувачки, се очекува на состанокот да гласа за текст за резолуција за прекин на огнот. Во нацртот-текстот се повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот“, како и „итно и безусловно ослободување на сите заложници“.

Во петокот, САД ја блокираа резолуцијата за прекин на огнот, која дојде откако генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш свика итен состанок на Советот за безбедност, со примена на ретко користениот член 99 од Повелбата на ОН со кое ќе го сврти вниманието на СБ кон „секое прашање кое според него може да го загрози одржувањето на меѓународниот мир и безбедност

„Авторитетот и кредибилитетот“ на телото се „сериозно поткопани“ од неговиот одложен одговор на војната, рече Гутереш подоцна. /МИА

Османи на одбележување на 75. години од Универзалната декларација за човекови права

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на настанот на високо ниво за Одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права, организиран од Обединетите Нации во Женева. 

Преку неговото обраќање, Османи ќе ги презентира заложбите на Македонија во овој важен домен.

За време на престојот во Женева, Османи ќе оствари низа билатерални средби со високиот комесар за човекови права Волкер Турк и високиот комесар за бегалци Филипо Гранди, како и генералните директори на Светската здравствена организација и Меѓународната организација за миграции Тедрос Аданом и Ејми Поуп.

Тренчевска ќе учествува на конференција за недостиг на работна сила во Западен Балкан

Тренчевска, како што соопшти МТСП, ќе ја отвори конференцијата и ќе учествува на работниот дел.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска е во Будимпешта, Унгарија, каде ќе учествува на конференцијата „Управување со недостатокот на работна сила во Западен Балкан“ во организација на Меѓународната организација на трудот и ОБСЕ.

Тренчевска, како што соопшти МТСП, ќе ја отвори конференцијата и ќе учествува на работниот дел. Таа за време на нејзиниот престој во Будимпешта ќе се сретне и со регионалната директорка на МОТ, Клер Харасти.

Во делегацијата, која ја предводи министерката Тренчевска, се и државниот секретар на МТСП Флакрон Беџети, шефицата на кабинет на МТСП Наташа Димеска, националниот координатор на МОТ во РМ Емил Крстановски, претседателката на ОРМ Владанка Трајковска, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, претставници од Министерството за труд и социјална политика, претставници од синдикатите и работодавачите.

притисни ентер