Утре попладне пороен дожд, на места невреме

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а попладне ќе биде нестабилно со појава на грмежи и пороен дожд и изолирана појава на град, наместа во форма на невреме.

Ќе дува умерен, повремено во попладневните часови и засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала облачност, а попладне нестабилно со појава на грмежи, пороен дожд и услови за појава на град.

Ќе дува умерен, а попладне до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Рускиот суд ја одби жалбата на американскиот новинар, кој е во затвор за наводна шпионажа

Рускиот суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против притворот под обвинение за шпионажа.

Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а бил уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.

Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до тајни информации кои требало да ѝ ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот во кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.

Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.

Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но денеска на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклена кутија во судницата и им се смешка на колегите од медиумите.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена руски затвореник, но таков договор се уште не е постигнат.

Претставен е единствениот СУВ во понудата на Астон Мартин (ВИДЕО)

DBX707 е единствениот SUV во палетата на Aston Martin, кој ќе ја подигне почетната цена на неверојатно ниво.

Верувале или не, ова е логична одлука. Во 2023 година, две третини од купувачите на теренецот на Aston го избраа неговото врвно издание, а оваа година дури 90 отсто од нив го избраа. Доменот е местото каде што цената очигледно не се бара, па дури и веројатното зголемување на почетната цена на околу четвртина милион евра нема да биде пречка за успех на пазарот.

И додека под хаубата, познатата приказна е создадена во соработка со Mercedes во форма на 4.0 V8 мотор со 707 КС и 900 Nm, DBX доби целосно нова кабина. Тоа е копија на приказната од DB12 и Vantage, што е можеби најдобрата опција. Ова ќе го отстрани единствениот недостаток, а тоа беше малку застарената внатрешност на Мерцедес од 2020 година.

Дигиталниот кокпит вклучува централен екран од 10,25 инчи и уште поголем од 12,3 инчи пред возачот. Новиот оперативен систем носи нови функции, но и многу попријатна употреба. Тие не смеат да одат подалеку од тоа, вели Астон и напоменува дека одредени физички копчиња мора да останат.

Наместо да набројуваме нови детали кои не би ги ни забележале со оглед на ексклузивноста на моделот, ќе го споменеме совршениот аудио систем Bowers & Wilkins со 23 звучници и моќност од 1600 W. И внимавајте на ова, мора да платите екстра за тоа. Инаку, „обичниот“ домашен систем со 14 звучници и 800 W останува достапен.

Пристигна и нова палета на бои и стандардни тркала од 23 инчи. Се нуди и поголем број на гуми, но само со доплата.

И за крај да напоменеме дека DBX со максимални 310 km/h е еден од најбрзите SUV во светот, заедно со најдобрите од Porsche и Lamborghini. Веќе ја наведовме претпоставката за цената, па останува да се каже дека првите примероци ќе одат кај купувачите во вториот квартал од оваа година.

ДИК: Заврши гласањето на болните, немоќните и затворениците- во дијаспората и натаму се гласа

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.

На 31 гласачко место во дипломатско конзуларни претставништва во странство, 2.569 гласачи кои се пријавиле и чии пријави се прифатени од Државната изборна комисија имаа можност да го остварат своето гласачко право.

Се уште се отворени шест гласачки места каде гласањето ќе трае до 19 часот според временската зона на земјата каде што се гласа.

До 19 часот, според информациите кои ги добиваме од избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство изнесува 891 гласачи, односно 35 %. Напоменуваме дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени шест избирачки места каде што сеуште трае гласањето.

14-те гласачки места во казнено поправни установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2.147 гласачи се затворени. Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1.380 гласачи или 64% од запишаните.

Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица можеа да го остварат и 2 гласачи кои се водат како внатрешно раселени и истите го отвариле своето право. Гласачкото место и во центарот за раселени лица е затворено.

Вкупно 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа имаа можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени.

Од вкупно 250 гласачи од 7 центри, гласале 208 гласачи или 83%.

Во текот на денешниот ден избирачките одбори во Македонија го спроведуваат и гласањето на лица кои се болни или немоќни, а кои до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право го остваруваа 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни и немоќни. До сега, според информациите од општинските изборни комисии, гласале 6.543 односно 94% болни или немоќни лица.

Потсетуваме дека Државната изборна комисија досега издаде акредитации за набљудување на 915 домашни, 628 странски и меѓународни набљудувачи и 38 странски новинари.

На сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук, Х, Инстаграм и каналот на Јутјуб. Таму можете да најдете правовремени и точни информации поврзани со изборите.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

притисни ентер