Утре наутро -8, во текот на денот до 15 степени

Времето утре наутро ќе биде студено, по одделни котлини со појава на магла, а во текот на денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. 

Минималната температура ќе се движи од -8 до 3, а максималната од 9 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени.

Следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Струмица, пренесени во Клиничкиот центар во Скопје

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случи денеска во 14 часот на патниот правец Струмица-Ново Село, во близина на крстосницата кон село Сачево кај Струмица. 

Двајца од нив со потешки повреди се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите двајца од кои еден е со потешки, а другиот со телесни повреди се на лекување во струмичката болница.

Ова го соопшти портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информираше дека во сообраќајката учествувале автомобили марка „опел астра", управувано од К.М (73) од Струмица и „пежо", во кое се превезувало три члена на семејство од селото Сушица. Патниците од „пежото" се потешко повредени и двајца од нив се пренесени на лекување во Скопје, додека возачот на „опел астра" е повреден и е задржан на лекување во струмичката болница.

Во извлекувањето на повредените од автомобилите учествуваа и шест пожарникари на ТППЕ Струмица.

На местото на несреќата увид извршија полицијата и обвинител од Јавното обвинителство во Струмица.

Заради сообраќајката патот неколку часови беше затворен за сообраќај, а полицијата го насочуваше преку заобиколни патишта. По извршениот увид сообраќајот на патниот правец Струмица-Ново Село е нормализиран./МИА

,,Тајм” прв пат прогласи Дете на годината,наградата ја доби тинејџерка-научник

Магазинот ,,Тајм” воведе нова награда , Дете на годината, доделена на 15-годишниот научник Гитањали Рао, пишува Дејли Меил.

Интересот на Рао за науката започнал кога таа имала 10 години. Тогаш дознала за технологијата на наноцевки, што ја предизвикало нејзината страст кон науката.

Пред да ја добие наградата за најдобро дете на годината, Рао била вклучен на списокот на Форбс на 30 лица помлади од 30 години за развој на мобилните телефони во 2017 година. Потоа таа развила уред за откривање на олово во водата за пиење. Зборувала на ТЕД неколку пати и е добитник и на други награди.

Нејзиниот последен проект е апликацијата наречена Кундли, која користи вештачка интелигенција за откривање на малтретирање преку Интернет во рана фаза.

Рао била избрана од 5.000 номинирани, а жирито било воодушевено од начинот на кој ја користела технологијата за борба против социјалните проблеми од загадената вода до сајбер малтретирањето.

„Не изгледам како типичен научник“, рече Рао, родена во Колорадо, во интервју за Тајм, кое го направила со неа актерката Анџелина Џоли.

Рао се надева дека ќе студира генетика и епидемиологија на Институтот за технологија во Масачусетс.

„Мојата цел не е само да создадам свои уреди за решавање на светските проблеми, туку и да бидам инспирација за другите да го сторат истото“, рекла таа во интервјуто.

Македонско-бугарска комисија: Напредокот е еднаков на нула

Стравувањата дека средбата на историчарите е осудена на неуспех, уште пред да почне, се остварија. 

Првите луѓе на мешовитата комисија, Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров попладнево на онлајн прес-конференцијата се согласија за само едно – дека напредокот е еднаков на нула. Главен камен на сопнување било придавката македонски во записниците, кои требале да бидат потпишани. Ѓоргиев појаснува дека бугарската страна на последните неколку рунди разговори, настојувале да го лимитираат терминот македонски во записниците, различно толкувајќи го Преспанскиот договор. Таквиот принцип на потпишување било неприфатливо за македонската страна.

-Тоа е откажувањето на нашите колеги по 7. средба да ги потпишуваат записниците. Тие настојуваа насекаде да се стави македонски. Но, блокирајќи го потпишувањето на записниците се става под сомневање нашата рабпота бидејќи без документ за тоа кои дискусии се водени, какви одлику се донесени, работите изгледаат несигурни и кажуваат за немање желба, изјави Ангел Димитров, претседател на бугарскиот тим од Комисијата.

-Тоа беше внесено во Комисијата после 6.средба, нашата страна не беше информирана за тоа, но бугарските колеги почнаа да го практикуваат тој начин на правење записници без притоа тоа да биде споделено со нас и да биде известено и нашето Министерството и можеби консултациите со Министерството ќе придонесеа да се надмине проблемот, вели Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим од Комисијата.

Без разултат завршило и прашањето за Цар Самоил, кој се изучува во македонските учебниците по историја за седмо одделение. Бугарската страна инсистирала да се води како личност единствено како личност од бугарската историја , отфрлајќи ја идејата за мултиперспективност во учебниците.

-Идејата да се наметне само едно видување на таа држава всушност резултираше со непостигнување резултати. Беа разменети неколку варијанти и предлози за тој дел од нашата историја, но се покажа дека имаме апсолутно споротивставени гледања за тоа како треба да се пишуваат препораките до нашите влади, рече Ѓоргиев.

-Многу сме далеку од согласност за учебниците за 7 одделение. Денес точката поврзана со Цар Самоил заврши целосно без резултат, особено што се отстапи од веќе подготвен заеднички текст од страна на две влади. Се движиме како желка, вели Ангелов.

Ѓоргиев најави дека деновиве повторно ќе се разговара во помал формат. Ова беше 11-та и последна средба на Комизијата за годинава. За следната се предвидени уште пет средби.

притисни ентер