Утре напладне уставните измени во Комисијата за Уставни прашања, а во понеделник пленарната седница

Утре напладне стартува расправата по предлог уставните измени во Комисијата за Уставни прашања, а за во понеделник во 11 часот е закажана и пленарната седница на чиј ред ќе се најде Предлогот за пристапување кон уставни измени.

Претресот по предлогот во Комисијата може да трае најмногу 10 дена, а пратениците може да говорат повеќепати, но не подолго од 20 минути. Со комисија претседава спикерот Џафери, мнозинството има и 8, а ВМРО-ДОМНЕ 5 члена, меѓу кои се и екс премиер Груевски, и поранешниот собраниски претседател Вељаноски. По еден член имаат Социјалистичка партија, партијата на Србите, како и опозициската БЕСА. Груевски и Вељаноски јавно се изјаснија дека нема да ги поддржат уставните измени и се уште е неизвесно дали е обезбедено неопходното двотретиснко мнозиство. Премиерот Заев смета дека тоа ќе се потврди во текот на собраниската постапка и очекува уставните измени да поминат на, како што рече, „прва топка“ во Собранието.

Апел до пратениците да ги поддржат процесите во Собранието, освен премиерот Заев кој утрово преку Фејбук им порача на пратениците дека е време да го обезбедат патот на Македонија кон НАТО и ЕУ, дененска упати и генералниот секретар на СДСМ, Кирацоски. Тој е убеден дека уставните измени ќе ја добијат потребната поддршка од 80 пратеници.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска порачаа оти очекуваат претениците, Собранието, Владата и сите институции да ја почитуваат јасно изразената волја на граѓаните за неприфаќање на договорот со Грција.

Постапката за имена на Уставот треба да помине низ три фази и за неа ќе бидат потребни околу сто дена. Очекувањата се дека дебатата во Комисијата ќе се исцрпи порано од предвидениот рок, по што ќе следува подготовка и утврдување на нацрт-амандманите, за чие утврдување е потребна поддршкаа од половина од пратениците. Конечната одлука за усвојување на амандманите се носи со најмалку 80 гласа, а за амандманот на преамбулата освен двотретинско, е потребно и Бадентерово мнозинство.

Стејт департмент: Русија злонамерно го користи православието

Американскиот Стејт департмент ја обвини Русија дека злонамерно го користи православниот идентитет за да ги унапреди своите геополитички интереси.

Портпарол на Стејт департментот рече дека „Русија е вклучена во тајни и отворени злонамерни обиди да го инструментализира православниот идентитет за да ги задоволи сопствените геополитички интереси, со поддршка на одредени православни цркви и други лидери, притоа поткопувајќи ги другите религии".

Тој исто така ја истакна важноста што САД ја придаваат на промоцијата и заштитата на верските слободи, додавајќи дека „заштитата на слободата на религијата или верувањето, вклучително и слободата на верските малцинства, останува клучен елемент на надворешната политика на САД".

„Луѓето треба да бидат слободни да донесуваат одлуки за тоа како ги изразуваат своите религиозни убедувања, без надворешно мешање, вклучително и од странски влади", рече портпаролот на Стејт департментот.

Високите бројки на заразени ги затвори границите на Бугарија кон Македонија

Бугарија од среда ги затвора границите за македонските државјани.

Причина за ваквата одлука на соседот се високите бројки на новозаразени од почетокот на јануари.

Македонија влегува во црвената зоана на држави. Влез ќе им биде дозволен само за македонските државјани кои имаат бугарски пасош или престој во Бугарија.

Одлуката ќе трае до 31 март. Но одлуката ќе се ревидира на секои 14 дена во зависност од дневно заразените. Според извештајот на Институтот за јавно здравје од почтокот на јануари 2022 година за само 16 дена бројот на активни случаи се зголемил за 11 илјади нови случаи. Ако на 31 декември 2021 година бројот на активни случаи беше пет илјади случаи.

Јованка Тренчевска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика

Во Министерството за труд и социјална политика денеска се изврши примопредавање на функцијата министер за труд и социјална политика.

Новоименуваната министерка Јованка Тренчевска ја презеде функцијата од досегашната министерка Јагода Шахпаска.

Со тоа министерката за труд и социјална политика Тренчевска и официјално го започнува управувањето со овој сектор.

„Чест и задоволство ми претставува да го предводам секторот во кој со години наназад активно учествував во креирањето на социјалните политики насочени кон граѓаните, а особено кон најранливата категорија. Приоритет ќе ми бидат, унапредување на правата од социјалната заштита, обезбедување на редовни и сигурни пензии, заштита и почитување на работничките права како и грижа за најмладите. Продолжуваме заедно да градиме едно општество за сите. Родовата еднаквост останува и понатаму високо на мојата и на агендата на Министерството за труд и социјална политика,“ истакна Тренчевска.

Досегашната министерка за труд и социјална политика Шахпаска на нејзината наследничка Тренчевска и посака успешна и плодна работа. Таа ја информираше за тековните проекти на кои работи Министерството, за предвидената динамика за нивна реализација и за евентуалните пречки со кои се соочуваат.

Тренчевска доаѓа од раководната позиција на Државниот Инспекторат на труд, а претходно ја извршуваше функцијата Државна секретарка во Министерството за труд и социјална политика. Таа е дел од ова министерство 19 години со нејзино активно учество во креирањето на политиките за родовата еднаквост на жените и мажите, каде има водечка позиција во овој сектор. Нејзината досегашна кариера е во насока на унапредување на правата на работниците како и родовата еднаквост меѓу мажите и жените. Министерката Тренчевска е магистер по социолошки науки.

Министерство за труд и социјална политика

притисни ентер