Утре напладне ќе продолжи седницата за избор на нова Влада

Во Собранието вечерва заврши расправата за избор на новата влада. 

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, поединечните предлог-имиња во новата влада се доказ дека СДСМ нема избор и иднина на која треба да и се верува, а од владејачките партии, пак, сметаат дека се реализирани сите ветувања.

Собраниската седница за избор на новата влада продолжува утре во 12 часот.

Според пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, дискутабилно е прашањето дали станува збор за избор на нова влада, бидејќи, како што рече, изненадувачки е што целата гарнитура на стари ни нови активисти на СДСМ „пеат во еден глас" дека ова е најдемократски чин по оставката на Зоран Заев.

Таа во своето излагање на собраниската седница рече дека во владата на Ковачевски има 11 кадри на СДСМ, шест на ДУИ, три на Алтернатива и еден на ЛДП, а додаде дека владата на Ковачевски брои девет нови и 11 стари имиња.

-Поединечните предлог-имиња се само доказ дека СДСМ нема избор и иднина на која треба да и се верува и даде шанса. ДУИ, пак, и покрај зелената агенда, докажува дека не е подготовена за никакви промени. Убедена сум дека и самата ДУИ знае дека и тоа како треба да се менува, но и да ги менува ликовите со сомнителни документи за завршено образование. Тоа не се ликови со кои ќе влеземе во Европската Унија. Помалите коалициски партнери во континуитет ја продолжуваат праксата на коалицирање, не смеејќи да не дадат глас и да се спротивстават за сметка на некое семејно вработување или некој тендер, рече Стојановска.

Пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз во своето излагање нагласи неколку приоритети на кои треба новата влада да се посвети.

-Прво, доста е со говори, стратегии, платформи за реформи во правосудниот систем, да направиме кредибилен судски систем, законите да важат за сите. Да обезбедиме фер судење и правда, да се преиспитаат монтираните судски процеси. Ако нема правда, нема ниту мир. Ако нема правна сигурност, бега капиталот, но и младите. Второ, од понеделник натаму, силна и бескомпромисна борба против тешките облици на криминал и високата корупција, рече Трајанов.

Тој напомена дека седум институции се вклучени во откривање и сузбивање на криминалот, но тие како што рече, се партизирани, некоординирани. Затоа пратеникот Трајанов предлага Закон за борба против тешките облици на криминал и висока корупција, како и формирање на независна Агенција за борба против криминалот.

-Трето, коренити реформи на изборните правила. Македонија да биде една изборна единица, законски услови за рамноправен политички натпревар. Четврто, имплементација на европските стандарди и реформи согласно поглавјата за членство во ЕУ, независно што и натаму трае блокадата од Бугарија, рече Трајанов.

Исто така, тој напомена дека е потребно да се отвори расправа за системски промени, преку промени на Уставот за јакнење на одговорноста, отворање на расправа за Бадентер, затоа што, како што рече, се злоупотребува или селективно се применува.

-Имаме и конкретни идеи за младите, по завршување на високо образование, да можат да работат година дена во приватен сектор или државни институции, на сметка на Буџетот. За економските аспекти, енергетската криза, пандемијата и други значајни прашања ќе разговараме и во наредниот период. Но мораме да ги департизираме виталните државни институции, да им дадеме шанса на способните и креативните, на младите, додаде Трајанов.

Пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска во рамки на собраниската седница во својата реплика нагласи дека во 2017 година Владата предводена од СДСМ наследи девастиран здравствен систем, и мораше одново да го враќа дигнитетот професијата на лекарите и општо на сите здравствени работници.

Според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, новата влада има едвај мнозинство во Парламентот, нема политички легитимет и ја нема довербата од граѓаните, ниту пак идеја како да се соочува со проблемите понатаму.

-Доказ за тоа е владината програма, плагијат на онаа на Заев. Неверојатни 583 пати се споменува зборот „ќе". Не верувам во чуда, но ќе ви треба чудо да не извадите од гнилежот на Заев. Луѓето сакаат одговори и одговорност, а не спинови и лаги. Народот сака одговорност за Ласкарци, за пожарите кои се случија во летото, за судството, за обвинителството, за економија, за цените, платата, за Клиничката болница, за образование, за незавршен пат Скопје – Охрид, за воздухот, за сите лаги, за јазикот, историја, и за се што е преговарано со соседите за нацијата, додаде Мизрахи.

Собраниската расправа за избор на нова влада трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до 24 часот вториот ден или во случајов во недела до полноќ. Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието.

Гневни жители на Лос Анџелес фатија пироман на дело, полицијата го спаси (ВИДЕО)

Гневните жители на Лос Анџелес, кои неодамна го преживеаја ужасот од катастрофалните пожари што го зафатија градот, фатија уште еден пироман кој, како што тврдат, подметнал пожар во близина на нивните домови.

На интернет се појавија снимки на кои се гледаат гневни граѓани како со автомобили го бркаат напаѓачот, кој подоцна беше идентификуван како Алехандро Мартинез (41), објави Дејли Меил.

Снимен е и маж како го следи Алехандро пешки и го турка на земја.

„Погрешно маало, пријателе“, му вели човекот.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, Мартинез, кој лежел на земја, им се предал на властите и бил однесен во најблиската станица.

„Навистина ништо не украдов“, се слуша како вели Алехандро на шпански.

Сепак, украдените предмети не се нешто што ги исплашило граѓаните. Тие им кажале на полицајците дека го виделе Алехандро како се крие во грмушките, а потоа го следеле кога се обидел да избега.

Во меѓувреме пожарот што го предизвика Алехандро се проширил на десет метри квадратни, но пожарникарите брзо го локализирале.

„Да беше ветрот посилен, можеше да биде многу полошо. Со оглед на тоа што се случува во последниот месец, луѓето се многу повнимателни и поподготвени кога се во прашање пожарите“, вели младиот човек кој го снимил инцидентот.

Тој исто така рече дека луѓето биле многу лути.

Да потсетиме дека во катастрофалните пожари што избувнаа минатиот месец изгореа повеќе од 57.000 хектари, загинаа најмалку 29 лица, а беа уништени повеќе од 16.000 домови и згради.

Сè уште е во тек истрагата за тоа како настанале овие пожари, а според некои информации, можеби се виновни подметнувачите на пожари.

Астронаут на НАСА ги зачуди сите со видеото од вселената (ВИДЕО)

Американскиот астронаут Доналд Дон Петит, кој моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, на јавноста ѝ е добро познат по своите спектакуларни фотографии од вселената.

Додека на својот Инстаграм профил често ги споделува најневеројатните фотографии од Земјата или вселената, краткото видео кое неодамна го објави на својата страница на Инстаграм шокира многумина.

Не, како што може да се помисли, поради некоја случајно снимена тајна како вонземјани или некои мрачни експерименти, туку краток приказ на секојдневниот живот на орбитална станица за која малку луѓе размислуваат.

Дон Петит снимил кесичка со ф'стаци магнетно прикачени на маса со ножици, мед, сосови и многу други ситници, потоа нежно ја удирал кесичката и два ф'стаци излетале од кесата, како во забавена снимка, а тој брзо ги фатил и ги изел.

- Орбитален држач за ф'стаци – напиша Дон Петит со видеото од неколку секунди.

Сепак, она што е шокантно на снимката не е она што се гледа, туку она што се слуша – речиси неподносливата бучава на машините на Меѓународната вселенска станица.

Бидејќи работата на машините, различните пумпи и вентилатори на ISS е неопходна за одржување на животот – контролирање на топлина, влажност, кислород, јаглерод диоксид… – бучавата во позадината е доста гласна. И постојано се слуша. Некои други машини, кои се користат за експерименти, може да бидат уште побучни. Според некои проценки, астронаутите треба со месеци да живеат со просечно ниво на бучава од 72 децибели.

- Високото ниво на бучава може да биде проблем за астронаутите. Тоа може да влијае на нивното ментално и физичко здравје. Тоа може да предизвика стрес, да го зголеми отчукувањата на срцето, па дури и да го зголеми крвниот притисок, пишува порталот Let's Talk Science.

Дон Петит е роден на 20 април 1955 година и моментално има 69 години. Тој има докторат по хемиски инженеринг, а неговиот изум на чашата со нулта гравитација беше првиот патент зачнат во вселената. Тој стана астронаут на НАСА во 1996 година и моментално е на својата четврта мисија во вселената, што воедно е негов трет престој на ISS.

Во вселената моментално има 10 луѓе. Заедно со Дон Петит, ISS ги вклучува и неговите сонародници Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, кои пристигнаа во јуни 2024 година на 8 дена, а потоа беа блокирани поради дефект на Боинг Старлајнер, како и Ник Хејг. Со нив се и руските космонаути Алексеј Овичин, Иван Вагнер и Александар Горбунов.

Кинеската вселенска станица Тиангонг (Небеска палата) моментално е дом на таиконаутите Каи Шуже, Сонг Лингдонг и таиконаутот Ванг Хаозе.

Министерот Тимчо Муцунски во прва работна посета на Австралија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска до 13 февруари ќе престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на македонски министер за надворешни работи по пауза од 15 години.

„Од денеска сум во работна посета на Австралија – одлична можност за економска промоција на државата и зајакнување на билатералните односи со земјата во која живее значајна македонска дијаспора.

Во рамки на посетата, ќе остварам средба со министерката за надворешни работи, Пени Вонг, ќе имам состаноци со претставници од бизнис-заедницата, политичкото раководство на Австралија и, секако, средби со нашите иселеници, кои се клучен мост во билатералните односи.“ , објави Муцунски на социјалните мрежи.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на интензивната политичка агенда, планирана е средба со министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг, на која ќе бидат потврдени добрите и пријателски билатерални односи, како и можностите за нивно натамошно продлабочување, особено на економски план. На средбата се очекува и размена на мислења за актуелните меѓународни прашања.

„Покрај политичките средби, агендата на министерот вклучува активности за економска промоција на земјата, како и бројни средби со истакнати стопанственици и претставници на бизнис-секторот. Во рамките на посетата, министерот Муцунски ќе оствари и средби со македонски и австралиски бизнисмени, како и со членови на Групата за пријателство со нашата земја во Парламентот на Австралија’, стои во соопштението на МНРиНТ.

Оттаму додаваат дека во фокусот на посетата ќе биде и средба со претставници на македонската дијаспора во Австралија. Министерот ќе даде и интервју за државното CБС радио на македонски јазик, во кое ќе се осврне на актуелните политики и приоритети во односите помеѓу двете земји.

притисни ентер