Утре на распит во ЈО шефицата на кабинет на Катица Јанева

Одморите завршија. По специјалната обвинителка Катица Јанева, денеска и обвинителката Вилма Рускоска која го води случајот “Рекет” се врати на работните обврски.

Но, засега истрагата за оваа афера не добива на интензитет. Се уште не е познато дали и кога ќе биде повикана на распит во обвинителството специјалната обвинителка Катица Јанева, ниту пак дали ќе бидат сослушани лицата кои беа спомнати во “бомбите” на “Ла Верита”.

Неофицијално, Канал 5 од извори од истрагата дознава дека утре исказ ќе даде шефицата на Кабинетот на Јанева..

Ние ја контактиравме обвинителката Русковска, но таа не одговори на нашите повици и пораки.. Од обвинителството единствено велат дека не можат да кажат детали околу истражните дејствија и кој би бил повикан на распит.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека тој е човекот кој го пријавил овој случај и дека секој што се инволвирал , ќе сноси одговорност. Тој вчера беше прашан да одговори дали е разочаран од обвинителката Јанева.

„ За мене идиотски е настапот засега согласно со досегашните докази. Очекувам истрагата да ги покаже доказите за секој, вклучително за Катица Јанева, Зоран Заев, за кој било случај. Апсолутно само така ќе покажеме дека има владеење на правото.”, изјави Зоран Заев – Претседател на Владата.

За овој случај досега исказ во својство на сведоци дадоа двете обвинителки од СЈО Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова кои се изјаснија дека не се согласувале со некои одлуки на Јанева. Вчера сведочеше Стефанова, која пред медиумтие не откри што зборувала пред надлежниот обвинител, само рече дека кажала се што знаела.

Кривичниот суд по барање на обвинителството вчера го продолжи притворот на двајцата осмничени во “РЕКЕТ”, Боки 13 и Зоки Кичеец за нови 30 дена.

Украина тврди дека соборила руски бомбардер Ту-22М3

Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека собориле руски бомбардер Ту-22М3.

Во соопштението се наведува дека руската армија во текот на ноќта ја нападнала територијата на Украина со 22 типа проектили и 14 беспилотни летала од типот „Шахед“.

Наведено е дека украинските сили уништиле две крстосувачки ракети Х-101/Х-555, 14 беспилотни летала, 11 наведувани ракети Х-59/Х-69 и две крстосувачки ракети Х-22.

„Ракетните единици за противвоздушна одбрана на Военото воздухопловство, во соработка со Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина, по првпат соборија стратешки бомбардер со долг дострел од типот Ту-22М3, носач на крстосувачки ракети Kh-22, кои руските терористи ги користеа за да ги нападнат мирните украински градови“, пишува во соопштението.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воениот бомбардер од типот „Ту-22М3“ се урнал во Ставрополската област поради техничка неисправност, а пилотите се катапултирале. Тројца од четворицата пилоти се пронајдени, додека по четвртиот се трага, наведува руското Министерство. /МИА

Строл над сите во единствениот тренинг во Кина

Ленс Строл се најде на врвот на табелата на крајот на единствениот слободен тренинг пред Големата награда на Кина, која се враќа во календарот на Формула 1 по петгодишно отсуство.

Канадскиот возач на Астон Мартин извозе 1:36.302 во својот последен летечки круг за време на единствениот тренинг час во Шангај. Така тој го победи Оскар Пјастри од Мекларен за 0,327 секунди, а првата тројка ја заокружи светскиот шампион Макс Верстапен, кој заостануваше 0,358 зад Строл. Сите тројца ги постигнаа своите најдобри кругови во нивните квалификациски симулации со меките гуми.

Серхио Перез остана четврти, само 0,030 зад својот тимски колега од Ред Бул. Мексиканецот го постигна својот најдобар резултат во вториот брз круг на меките пневматици, откако направи грешка при застанувањето за свиокот 6 во неговиот прв.

Возачите на Хаас, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен ја завршија сесијата на петтото и шестото место, а Естебан Окон, Алекс Албон, Даниел Рикиардо и Валтери Ботас ги заокружуваат првите 10.

Локалниот миленик Гуанју Џоу, кој се натпреваруваше пред својата публика за прв пат овој викенд, заврши на 11-тото место на единствениот тренинг. /МИА

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа помеѓу Германците и екипата на Вест Хем.

Натпреварот заврши нерешено 1:1, што значи дека „аспирините“ одат напред кон фајналфор.

-Се подготвувавме за опција во која Вест Хем ќе не притисне многу силно. Не ни беше многу удобно да играме во нашата формација. Да бидам искрен, во првото полувреме противниците беа подобри и се чувствувавме надвор од место. Многу е важно што не примивме втор гол бидејќи тие дефинитивно одиграа подобро од нас. За среќа, по паузата ги свртевме работите. И мило ми е што продолживме понатаму. Секогаш има тешки моменти во Лига Европа, изјави Алонсо.

Во полуфиналето, фудбалерите на Баер ќе се соочат со Рома во повторување на минатогодишната битка во оваа фаза од турнирот. Тогаш „Римјаните“ излегоа како победници. Натпреварите сега се на 2 и 9 мај - првиот се игра во Рим, а реваншот во Леверкузен. /МИА

притисни ентер