Утре ќе се избираат градоначалници во 44 општини, право на глас имаат 1.353.990 избирачи

Од Државната изборна комисија уверуваат дека утре нема да се повтори сликата од првиот круг кога на дел од избирачките места се создаде метеж поради проблемите со терминалите за биометриска идентификација.

По проблемите со кои се соочија избирачките одбори при гласањето со отпечаток од прст, од ДИК уверуваат дека нема да се повторат тешкотиите кои се појавија на првиот изборен круг. Денеска информираа дека се спроведени дополнителни обуки со цел да се појаснат процедурите а надеж дека гласањето ќе се одвива без технички проблеми на Комисијата и дава фактот дека се гласа во преполовен број општини и со помалку гласачи.

Терминали за биометриска идентификација на гласачите за прв пат се користат на овие избори но поради техничките проблеми на неколку гласачки места дојде до забавување на гласањето и се создаде метеж на гласачките места. За да се избегне ваква ситуација од ДИК велат дека се усвоени препораки кои ќе треба да ги спроведат избирачките одбори доколку треба.

Вториот круг од локалните избори утре ќе се спроведе во вкупно 44 општини вклучително и за Град Скопје. Гласањето ќе се повтори во општините Маврово - Ростуше и Центар Жупа поради недоволен одзив на избирачите, а со одлуката на Управниот суд се прегласува и во две избирачки места во Шуто Оризари и Дебар. Право на глас во вториот круг имаат вкупно 1 353 990 гласачи.

Жена издржала предизвик да преживее 8 часа без мобилен- добила 1.380 долари

Замислете да поминете осум часа без вашиот телефон - без да се движите низ социјалните мрежи, да гледате видеа или дури да проверувате пораки.

Една жена од Кина успеала во овој предизвик и освоила награда од 10.000 јуани, што е приближно 1.380 долари.

Овој необичен тест го организирала една компанија во Кина, која дизајнирала „предизвик за општо добро“ за да ја тестира способноста на луѓето да се одвојат од нивните паметни телефони. Правилата не биле едноставни: учесниците морале да лежат цели осум часа, не им било дозволено да читаат, да гледаат филмови или дури и да дремнат. Секој знак на нервоза бил строго контролиран со помош на нараквици кои ги следеле виталните параметри како што е отчукувањата на срцето.

Победничка била жената која се појавила во пижами иако не смеела да заспие за време на тестот. Таа успеала да ја однесе дома главната награда, додека останатите натпреварувачи се откажале пред истекот на осум часа.

Овој предизвик го привлекува вниманието на секогаш присутниот проблем на зависноста од паметни телефони. Истражувањата покажуваат дека во просек возрасните во САД ги проверуваат своите телефони дури 352 пати на ден, што е четири пати повеќе отколку во 2019 година. Зависноста е особено изразена кај помладите генерации, кои често доживуваат симптоми на повлекување кога се далеку од своите уреди.

За време на пандемијата, употребата на телефон дополнително се зголеми поради осаменоста, работата од дома и апликациите дизајнирани да ги задржат корисниците залепени за екранот. Некои од факторите кои придонесуваат за оваа зависност се напредните мобилни игри, социјалните мрежи и вештачката интелигенција, што дополнително го зголемува ангажманот на корисниците.

Иако во моментов не постои универзална дијагностичка категорија за зависност од паметни телефони, истражувањата покажуваат дека повеќе од 25% од луѓето ширум светот покажуваат симптоми на оваа зависност. Резултатите од анализата на 82 различни студии со над 150.000 испитаници зборуваат за загрижувачки тренд кој не покажува знаци на забавување, пишува TechSpot.

Дали би можеле да поминете осум часа без вашиот телефон? Овој предизвик можеби изгледа едноставен, но во модерното време, кога телефонот стана неопходен дел од животот, одвојувањето од него е вистински подвиг.

Австралиската полиција заплени рекордни 2,3 тони кокаин- им се расипал бродот (ВИДЕО)

Австралиската полиција денеска соопшти дека заплениле рекордни 2,3 тони кокаин и уапсила 13 лица откако брод со дрога се расипа во близина на брегот на Квинсленд.

Полицијата наведува дека сите уапсени се австралиски државјани, а двајца од нив се помлади од 18 години и дека како максимална казна им се заканува доживотен затвор, пренесе АП.

Продажната вредност на запленетиот кокаин се проценува на 494 милиони долари.

Инспекторите им рекоа на новинарите во Бризбејн дека дрогата била транспортирана од Јужна Америка.

Апсењата вчера и завчера уследија по едномесечна истрага што следеше по дојавата дека криминална банда планирала операција за шверц на неколку тони кокаин, соопшти полицијата.

Германец исчезнал без трага, по 20 часовна полициска потера го нашле на најнеочекувано место

Неименуваниот 66-годишен Германец преживеал непријатни и напнати 20 часа, колку што бил исчезнат во родниот град, општина Ној-Улм.

Неговото семејство повикало полиција и им објасниле дека тој излегол од куќата во петокот попладне и повеќе не се вратил. Не контактирал со нив, како што обично прави, а тие биле загрижени дека нешто му се случило.

По пријавата, властите организирале претрес, а најпрвин ја посетиле компанијата во која работи човекот, пренесува Kleine Zeitung.

Во зградата немало многу малку вработени поради викендот, а обезбедувањето по кратко доцнење ја разрешило енигмата. Несреќниот маж бил пронајден заклучен во тоалетот, а со себе немал мобилен телефон.

Поради некоја причина, вратата од тоалетот се затворила и тој останал заробен. Бидејќи неговите колеги заминале дома, немал кого да повика на помош.

Но, тоа не било крајот на искушението. Полицајците не можеле да ја отворат вратата, па на помош била повикана локалната противпожарна единица. Проблемот го решиле со хидрауличен уред и несреќниот човек конечно успеал да се врати кај семејството.

Според полицијата, тој под овие околности добро се однесувал.

По „затворот“, мажот повторно вчера излегол на свеж воздух, и тоа околу 4 часот наутро“, соопштено е.

притисни ентер