Утре и задутре без струја делови од Центар, Ѓорче Петров, Зелениково , Шуто Оризари и Карпош

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без струја ќе останат делови од општините Центар, Ѓорче Петров, Зелениково и Шуто Оризари.

Од 08:30 до 15:00 часот, повремени прекини во снабдувањето со електрична едергија ќе имаат корисниците од дел од ул. „Козара" во општина Центар, од 09:00 до 11:00 часот и од 12:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од ул. „Лука Геров" во општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 13:00 часот, дел од с. Зелениково во близина на општината и од 09:00 до 15:00 часот делови од улиците „Индира Ганди" и „Пелагонија" во општина Шуто Оризари.

Како што информираат од РЦУК Скопје, во вторник без струја од 08:30 до 12:00 часот, ќе биде дел од Волково, поточно објектите во околина на фирмите: Гранит и Водостопанство – Вардар во општина Ѓорче Петров.

Од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Исаија Маџоски" згради со бр: 29, 32, 34, 36 и 38, како и Детска градинка – Росица во општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 12:00 часот ул. „Борка Талески" бр. 26 во општина Центар, од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците од ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов" во близина на објектите со броеви 72 и 74 ) и делови од улиците „Њуделхиска", „Анкарска" и „Атинска" во општина Карпош, од 10:30 до 11:30 часот дел од ул. „Веле Марков" во општина Ѓорче Петров, од 12:00 до 13:00 часот ул. „Стево Филиповиќ" зграда 2 и зграда 4, а од 13:30 до 14:30 часот делови од улиците „Мраморец" и „Белишка" во општина Ѓорче Петров.

Ковачевски: Ќе поднесеме финансиски извештаи за чинењето на кампањата

Јас за мене знам кој ја работи мојата политичка кампања, изјави денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, потенцирајќи дека за потрошените пари ќе бидат поднесени финансиски извештаи од партијата онака како што налагаат законите. 

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тоа колку ќе чини кампањата на претседателскиот кандидат и за тоа кои стратези се ангажирани, Ковачевски посочува дека дека опозицијата бега од точните прашања.

-Сите одговори нашата политичка партија ги дава во делот на институционалната поставеност на државата. Опозицијата нема што да прави бидејќи бегаат од точните прашања. Сега прашуваат кој со кого се среќавал. Јас за мене знам со кого се среќавам и кој мене ми работи политичка кампања. А тоа кој ќе ги подготвува сите материјали што се однесуваат на изборите што ќе ги гледаме на билбордите на телевизија тоа ќе биде одлука на штабот и секако дека тоа ќе биде поднесено во финансиските извештаи на партијата согласно закон за политички партии и за избори, рече Ковачевски.

Во медиумите пишува, вели тој, за тоа кои стратези се во Македонија.

-Тие стратези се познати во светот на маркетингот. Секој може да се среќава со секого, дали со некого ќе работи или нема да работи, тоа е избор на тимовите кои учествуваат во подготвувањето на кампањите. Меѓутоа сите оние кои што се бават со политика декада-две и три знаат дека во светот, во регионот и во нашата држава постојат политички стратези и агенции кои се бават со политички маркетинг кои се ангажирани за различни изборни циклуси, така што сметам дека не се работи за никаква посебна тема. Тоа е најнормална тема, која е дел од секое предизборие, рече Ковачевски.

Кремљ: Сопственикот на Телеграм треба да биде повнимателен

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за блокирање на апликацијата, но оти Дуров треба да биде повнимателен.

Кремљ го предупреди сопственикот на Телеграм, Павел Дуров, да биде повнимателен откако се појавија информации дека апликацијата била користена за да се помогне во регрутирањето на вооружените лица, кои го извршија нападот на концертната сала во близина на Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за блокирање на апликацијата, но оти Дуров треба да биде повнимателен.

- Ќе очекуваме зголемено внимание од Павел Дуров, бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошка гледна точка, кој всушност растеше пред нашите очи, сè повеќе станува алатка во рацете на терористите, користена за терористички цели, посочи Песков.

Руската државната новинска агенција РИА Новости објави дека напаѓачите биле регрутирани преку радикален канал на Телеграм, кој припаѓа на групата Исламска држава - Хорасан.

Во текот на изминатите 2 дена, рускиот регулатор за комуникации „Роскомнадзор“ го ограничи пристапот до 11 канали на Телеграм поради „содржини поврзани со тероризам“.

Го забрзавме откривањето и верификацијата на каналите на Телеграм. Поконкретно, регистрираме создавање на канали, кои наводно известуваат за нови терористички напади. Тие се создадени со цел да се заплаши населението. Во изминатите два дена ограничен е пристап до 11 такви канали, се наведува во соопштението на „Роскомнадзор“.

Телеграм, основан од Дуров, е со седиште во Дубаи. Дуров (39) ја напушти Русија во 2014 година и живее во Дубаи, има двојно државјанство на Франција и Обединетите Арапски Емирати. Форбс го проценува богатството на Дуров на 15,5 милијарди долари.

Аустриан ерлајнс го започна својот штрајк кој ќе трае 36 часа

Триесет и шестчасовниот штрајк на вработените во Аустриан Ерлајнс (Austrian Airlines) почна денеска и веќе има откажани летови, јавија австриските медиуми. 

Според одлуката на синдикатот „Вида“, денеска и утре ќе бидат откажани вкупно 400 летови. Најмногу беа погодени аеродромите во Виена, Инсбрук, Грац и Клагенфурт, како и околу 50 илјади патници, според податоците на авиокомпанијата.

Аустриан Ерлајнс проценува 24 милиони евра загуби предизвикани од откажување летови во текот на тековните колективни преговори за договарање. Спорот за колективниот договор за труд трае веќе со недели, а досега 17 рунди преговори се без резултат. Синдикатот најави нова работна средба за 4 април.

Стотици летови се откажани од почетокот на преговорите. Откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

притисни ентер