Утре без вода дел од булеварот „8-ми Септември“

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат  дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

Поради дефект на затворач ф-300 мм на крстосницата бул.„8-ми Септември“/ бул. „Партизански Одреди“, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од бул. „8-ми Септември“, додека намален притисок на водоснабдувањето ќе имаат корисниците ул. „Дрезденска“ и „Анкарска“.

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Белата куќа настапи во заштита на одлуката на Џо Бајден да го помилува неговиот син Хантер

Од Белата куќа синоќа испратија пораки дека претседателот Џо Бајден го помилувал својот син Хантер поради стравувања дека неговите политички противници ќе продолжат да го гонат Бајден помладиот и во иднина.

Од Белата куќа синоќа испратија пораки дека претседателот Џо Бајден го помилувал својот син Хантер поради стравувања дека неговите политички противници ќе продолжат да го гонат Бајден помладиот и во иднина, во чисто политички мотивирани судски процеси.

Изјавата доаѓа во услови на гласни критики кон претседателската одлука како и од демократите, така и од републиканците.

Демократот Бајден, чииот мандат завршува на 20 јануари кога функцијата ќе ја преземе новоизбраниот претседател-републиканец Доналд Трамп, во неделата потпиша указ за безусловно помилување на Хантер Бајден. Шефот на Белата куќа изјави дека, според неговото мислење, неговиот син е предмет на селективна правда и е неправедно обвинет од политичките противници на претседателот.

Претходно, Бајден во два нарати изјаие дека нема намера да потпише одлука за помилување на својот син.

Оваа неочекувана одлука предизвика критики од страна на републиканците, како и од некои демократи, кои тврдат дека тоа ја поткопува довербата на јавноста во владеењето на правото – концепт врз кој Бајден и неговата партија ги засноваа нападите кон Трамп.

Хантер Бајден беше изведен пред суд за даночни прекршоци и обвиненија поврзани со купување оружје, по долгогодишен притисок од републиканците во Конгресот, кои го обвинуваа за склучување деловни договори користејќи го името на својот татко, но не успеаја да докажат јасна врска меѓу неговите дејствија и политичките функции на Бајден.

Прес-секретарката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, синоќа застана во одбрана на претседателот, изјавувајќи дека, според Бајден, Хантер би се соочил со понатамошни гонења од своите противници. Таа, исто така, нагласи дека Бајден верува дека ако не биде помилуван, ова ќе продолжи и по неговото заминување од функцијата. Жан-Пјер, која претходно повеќепати изјавуваше дека Бајден нема да го помилува својот син, појасни дека ситуацијата се променила.

-Една од причините зошто претседателот ја донесе одлуката за помилување е што неговите политички противници, најверојатно, не беа подготвени да ја свртат страницата. Изгледаше дека ќе продолжат да го гонат неговиот син. Тоје убеден во тоа, изјави таа за новинарите во авионот „Air Force One“ за време на летот на Бајден за Ангола.

Жан-Пјер забележа дека ова не е првпат претседател да помилува член на своето семејство. На пример, Бил Клинтон го помилува својот полубрат Роџер, а Трамп – свекорот на својата ќерка, Чарлс Кушнер.

Таа додаде дека Бајден продолжува да му верува на Министерството за правда, и покрај неговата изјава дека судскиот процес против неговиот син бил „политизиран“.

-Две работи можат да бидат вистинити истовремено: претседателот навистина верува во правичен систем и работата на Министерството за правда, но исто така верува дека неговиот син беше предмет на политички мотивирано гонење, изјави таа.

Жан-Пјер одби да даде детали за тоа зошто и како Бајден го променил своето мислење и не појасни дали резултатите од неодамнешните избори, на кои републиканците добија контрола над Белата куќа и двете тела на Конгресот, влијаеле врз оваа одлука.

Републиканците го обвинија Бајден за корупција, додека демократите се поделени во своите ставови: некои тврдат дека тој ги ставил интересите на семејството над интересите на земјата, а други укажуваат на именувањата на Трамп во судскиот систем како оправдување за оваа одлука.

Хантер Бајден во септември призна вина за даночни прекршоци во федералниот суд во Лос Анџелес, а изрекувањето на казната беше закажано за 16 декември, под претседателство на судијата Марк Скарси, кој беше номиниран од избраниот претседател Доналд Трамп. Поротата го прогласи Хантер за виновен во јуни за лажни изјави при проверка за купување оружје; пресудата за овие обвиненија исто така се очекуваше овој месец.

Во неделата, Бајден изјави дека неговиот син бил предмет на селективна правда и бил неправедно обвинет за разлика од други лица во слични околности. „Ниту еден разумен човек кој ги проучил фактите околу случајот на Хантер, нема да дојде до друг заклучок освен тоа дека Хантер беше избран само затоа што е мој син – и тоа е погрешно,“ изјави тој.

Доцна во неделата вечерта, адвокатот на Хантер Бајден поднесе барање за укинување на обвиненијата.

Трета тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет

 Во организација на Министерството за правда денеска во Апелацискиот суд Штип ќе се одржи тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Македонија.

Како што информираат од Министерството за правда, настанот е во соработка и со поддршка од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото.

-Целта на настанот е поттикнување стручна расправа за содржината на нацрт измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, подготвени од страна на работна група во рамки на Министерството за правда, велат од Министерството.

Тркалезната маса е трета од неколкуте настани за консултации кои Министерството за правда ги организира, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе кон унапредување на законската рамка која го уредува работењето на Судскиот совет. Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основ за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на Законот за судскиот совет.

Мбапе останува осомничен во случајот на силување во Шведска

 Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец, Килијан Мбапе останува осомничен во случајот за силување во хотелот „Банк“ во Стокхолм, пишува „Афтонбладет“.

Според шведската обвинителка Марина Чарикова, истрагата за инцидентот продолжува.

Пред да даде изјава во полиција, повредената девојка која го обвини Мбапе прво отишла во болница да побара помош. Дополнително, изјави за случајот се земени од неколку неименувани жени кои имаат информации за тоа што се случило.

Истрагата започна на 14 октомври, самиот 25-годишен фудбалер негира каква било вмешаност во инцидентот. Адвокатот на Мбапе изјави дека играчот има намера да поднесе тужба за клевета.

притисни ентер