Утре без струја повеќе улици во Аеродром и Ѓорче Петров

Поради веќе закажани технички зафати без струја утре ќе бидат повеќе улици во Аеродром и Ѓорче Петров.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, од 8 до 16 часот без струја во општина Аеродром ќе бидат дел од корисниците од булевар „Видое Смилевски Бато", спроти ПСС, и тоа блокови 1, 3, 5 и 9, а од 9 до 13:30 часот струја ќе немаат корисниците од улица „Митре Влаот" и „Архиепископ Сотир Томовски"

Во Ѓорче Петров, корисниците од улиците „Атанас Иљоски" и „Борис Сарафов" без струја ќе бидат од 9 до 12 часот.

„Само Вистина" со Петар Атанасов, Бранко Героски и Ненад Јовановиќ

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Петар Атанасов, Бранко Героски и Ненад Јовановиќ. 

Погледнете ја вечерашната „Само Вистина“.

Швајцарија: Се зголемува бројот на заразени, се воведуваат построги мерки

Швајцарските власти денес најавија воведување на построги мерки за ограниучување поради зголемениот број на заразени со Ковид-19.

Маските ќе мора да се носат во поголемиот број затворени простори а само оние кои се вакцинирани или прележале Ковид ќе можат да одат на разни настани.

Надлежните ја повторија препораката што поголем број граѓани да работат од дома. Новите мерки стапуваат на сила на 6 декември и ќе траат до 24 јануари, пишува Ројтерс.

Ковид-сертификати за семејни собири?

Во Швајцарија досега се потврдени три случаи на инфекција со новата варијанта омикрон. Заразените се во изолација, а нивните контакти се во карантин.

Земјата која има 8,7 милиони жители се бори со пораст на инфекции, со повеќе од 96.000 нови случаи во последните 14 дена. На 29 ноември е забележан најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата – 11.340.

Властите исто така ја проширија употребата на Ковид сертификатите. Тие ќе бидат потребние за сите јавни настани што се одржуваат во затворен простор, како и за сите спортски и културни активности.

Ризик претставуваат и помалите семејни собири, се вели во соопштението.

„За собири со семејството и пријателите во затворен простор со 11 или повеќе учесници, препорачуваме во иднина да се воведе употреба на Ковид сертификат“, се додава.

СЗО: Омикрон може да ја влоши ситуацијата во Европа

 „Новиот сој може да ја влоши ситуацијата“.

Зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во Европа во изминатите два месеци се должи на сојот Делта, но Омикрон може да ја влоши ситуацијата, рече Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот тим во одделот за итни случаи на Светската здравствена организација.

– Во последните два месеци, видовме раст во Европа. И ова се должи на варијантата Делта, а новиот сој може да ја влоши ситуацијата, рече таа за време на онлајн сесијата за прашања и одговори за ситуацијата со коронавирусот.

Затоа, таа смета дека е исклучително важно да се продолжи со поддршката на епидемиолошките мерки насочени кон ограничување на ширењето на варијантата Делта. Посебно, треба да се засилат кампањите за вакцинација.

притисни ентер