Утре без струја неколку улици во Карпош, Ѓорче Петров, Студеничани, Аеродром, Зелениково..

Поради технички зафати во електросистемот на Град Скопје утре без електрична енергија ќе останат неколку улици во Карпош, Ѓорче Петров, Студеничани, Аеродром, Зелениково, Петровец и Чаир.

ЕВН Македонија АД информира дека утре во период од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Блажо Биринчето", „Франц Розман", „Петар Шаулев" и улица „Франц Месенел", во општина Карпош.

Во период од 08:45 до 11:00 часот без електрична енергија ќе биде дел од улицата „Лука Геров" од број 33 до 34, непарните броеви и околните згради. Во период од 12:10 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Лука Геров" број 13 и број 15 и околните згради во општина Ѓорче Петров.

Без струја утре ќе останат дел од корисниците во село Морани, после каналот за патот кон Зелениково. Корисниците ќе бидат без електрична енергија од 08:30 до 14:00 часот.

Од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Леринска", „Стрезово" и дел од улицата „Козле" во општина Карпош.

Корисниците на дел од улица „Тодор Чангов" подулица број 52 во општина Аеродром ќе останат без струја во период од 10:00 до 11:00 часот.

Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Орешани улица 7, во општина Зелениково.

Без струја утре ќе останат корисниците од селата Чифлик, Дивље, Живиње, Сушица, Средни, Долно и Горно Коњари во општина Петровец. Корисниците ќе бидат без електрична енергија во период од 11:30 до 14:00 часот.

Корисниците од улиците „Ѓорѓи Поп Христов", „Благоја Паровиќ" „Никола Малешевски" и улица „Роналд Реган" во општина Чаир ќе останат без елекрична енергија во период од 08:30 до 15:00 часот.

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ, Реал го освојуваше трофејот во претходните два наврата.

Карло Анчелоти е првиот тренер кој три пати го исфрли Пеп Гвардиола од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид под водство на Италијанецот синоќа го победи Манчестер сити на пенали во четвртфиналето на елитното фудбалско натпреварување.

Претходно Реал предводен од Анчелоти го исфрли Гвардиола од полуфиналето во 2022 година, како и од полуфиналето во 2014 година кога го предводеше Баерн. Во двата случаи, Реал на крајот го освои трофејот.

Сезонава Реал Мадрид во полуфиналето ќе се сретне со Баерн Минхен.

Во другото полуфинале ќе играат Пари Сен-Жермен и Борусија Дортмунд.

Следната фаза од случајот за екстрадиција на Џулијан Асанж во САД ќе започне во мај

Следната фаза од судењето на Џулијан Асанж ќе започне во мај, откако американската влада му ги даде гаранциите на Високиот суд во Лондон што ги побара во врска со случајот на основачот на Викиликс во случај тој да биде екстрадиран.

Основачот на Викиликс се гони во САД за наводен заговор за добивање и откривање информации за националната одбрана по објавувањето на илјадници протечени документи поврзани со војните во Авганистан и Ирак.

За време на дводневното рочиште во февруари, адвокатите на Асанж (52) побараа од судијата дозвола да го оспори отфрлањето на поголемиот дел од случајот за да ја спречат неговата екстрадиција. Минатиот месец, двајца судии ги отфрлија повеќето правни аргументи на Асанж, но рекоа дека доколку САД не обезбедат гаранции, тој ќе може да поднесе жалба по три основи.

Тие гаранции се дека Асанж ќе биде заштитен и ќе може да се повика на Првиот амандман на Уставот на САД, кој ја штити слободата на говорот во земјата; дека САД нема да имаат „предрасуди во судењето“ поради неговата националност и дека тој нема да се соочи со смртна казна.

Вчера, двајцата судии потврдија дека САД дале гаранции до судот и посочија дека сослушувањето ќе се одржи на 20 мај и ќе трае околу два часа.

Судот ја донесе пресудата откако сопругата на Асанж, Стела Асанж, во вторникот рече дека САД отворено дале збунувачки термини. - САД не дадоа гаранција за Првиот амандман и дадоа стандардно уверување за смртната казна, рече таа. „Соединетите Држави не се обврзаа да го повлечат претходното тврдење на обвинителството дека на Џулијан му недостигаше првиот амандман бидејќи тој не бил американски државјанин. Наместо тоа, САД се ограничија на отворено заобиколувачки јазик, тврдејќи дека Џулијан може „да се обиде да го покрене прашањето“ од Првиот амандман доколку се екстрадира.

„Дипломатската нота не прави ништо за да ја намали екстремната вознемиреност на нашето семејство за неговата иднина - мрачните изгледи тој да го помине остатокот од својот живот во самица во американски затвор поради објавување наградувано новинарство“, додаде неговата сопруга.

Американското Министерство за правда одби да коментира.

Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени

Најмногу дожд во изминатото дененоќие наврна во Виница 32 литри на метар квадратен, во Берово 25, Лазарополе 19, Радовиш 16, Штип 15, Охрид 14, а девет литри во Скопје, соопшти УХМР.

Три степени под нулата утрово се измерени на Попова Шапка, пет во Скопје, шест во Берово, Охрид, Битола, Штип и Струмица, а девет во Гевгелија.

Во текот на ноќта преовладуваше облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Наместа дуваше умерен до засилен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

притисни ентер