Утре без струја дел од корисниците во Аеродром и Бутел

 Утре без електрична енергија во одреден период ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром и Бутел.

Од ЕВН Македонија АД информираат дека без струја утре ќе бидат во периодот од 09:00-12:00 часот корисниците од бул.Јане Сандански згради број:86, 88 и 90 во општина Аеродром.

Во периодот од 08:00-09:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул.Гоце Стојчевски згр.бр.5 влез 1,2 и 3, како и од ул.Лазо Москов згр.бр.2 влез 1,2 3 и 4 во општина Бутел.

Во Гевгелија загина градежник по пад од скеле

Во полициската станица во Гевгелија вчера околу 13 чаот и 15 минути од екипа на Итната медицинска помош било пријавено дека кај објектот кој се гради на старата автобуска станица во центарот на градот имало починат работник.

По увидот што на местото на настанот го извршиле претставници на полициската станица,јавен обвинител и трудов инспектор било констатирано дека се работи за лицето Н.Т (45) од Богданци кој изведувајќи градежни работи на објектот паднал од скеле и починал на лице место.

Телото на починатиот,по наредба на јавниот обвинител,било пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје.

Поради агресивен Индиец, авион принудно слета во Софија-ќе добие 10 години затвор

Авион што летал од Париз кон Њу Делхи морал да изврши принудно слетување во Софија поради агресивното однесување на еден од патниците, за што му се заканува казна затвор од 10 години, соопштија денеска бугарските власти.

Патникот во авионот на „Ер Франс“, инаку државјанин на Индија, започнал со агресивното однесување набргу по полетувањето.

Како што објасни службеникот на Националната агенција за истраги, Ивајло Ангелов, тој се карал со другите патници, ја навредил стјуардесата и тропал на вратата од пилотскаста кабина.

Заради неговото однесување. капетанот морал да побара принудно слетување во Софија, пренесува Ројтерс.

Човекот, чие име не е откриено, бил симнат од авионот и е обвинет за загрозување на безбедноста на летот, за што му се заканува казна затвор од 10 години.

„Ние ги истражуваме неговите мотиви и однесување, за што нема разумно објаснување“, рече денеска Ангелов.

Во Хајделберг автомобилите се исфрлаат од употреба, Американците го користат како модел

Германскиот град Хајделберг е најпознат како универзитетски и научен град со богата историја, со најстариот универзитет во земјата.

Таму се наоѓаат четири институти Макс Планк, Европската лабораторија за молекуларна биологија и познатиот замок стар 800 години. Но, Хајделберг наскоро може да стане уште попознат како град со нулта стапки на емисии на стакленички гасови што предизвикуваат глобално затоплување - и град каде автомобилите се исклучок од сообраќајот, а не правило, доколку успее планот на градоначалникот Екарт Вирцнер.

Вирцнер не е против електрични автомобили. Градот им овозможува на граѓаните кои купуваат електричен автомобил субвенција од 1.000 евра, со уште 1.000 доколку инсталираат станица за полнење. Но, електричните автомобили се ниско на списокот со алатки со кои Вирцнер се обидува да ги намали штетните гасови во градот. Проектот на Вирцнер му обезбеди на Хајделберг репутација на пионер во еколошки свесно урбанистичко планирање, пишува Њујорк Тајмс.

За да го намали присуството на автомобили на градските улици, Вирцнер купува флота од водородни автобуси, гради мрежа на „супер патишта“ за велосипеди што ќе го поврзуваат градот со предградијата и дизајнира населби на начин што го обесхрабрува користењето на возилата и го охрабрува пешачењето. Жителите кои се откажуваат од автомобил имаат право на една година бесплатен јавен превоз.

„Ако ви треба автомобил, користете апликации за споделување автомобили. Ако не можете да користите споделување автомобили затоа што живеете премногу далеку и нема јавен превоз, тогаш користете го автомобилот, но само до трамвајската станица, а не до центарот “, рече Вирцнер во интервју за американскиот весник.

Хајделберг така се позиционира во првите редови на движењето на еколошки свесни градови, што е најсилно во Европа, но е присутно низ целиот свет, вклучувајќи ги и американските градови Остин, Тексас и Портланд во Орегон. Дополнителен интензитет, нешто парадоксално, даде пандемијата на ковид-19 и карантинот што е воведено поради него. Жителите на многу градови добија можност да видат како би изгледал нивниот град без стандардниот метеж и им се допаѓало она што го виделе.

Во исто време, производителите на автомобили сè повеќе се обидуваат да се прилагодат на построгите регулативи за употреба на бензински (и дизел) автомобили во градовите. General Motors, Ford Motor и Jaguar Land Rover на овој начин ветија премин кон електрични автомобили оваа година.

Некои европски градови, како што се Стокхолм и Штутгарт, веќе забранија постари дизел возила. Десетици други, вклучувајќи ги метрополите Рим, Лондон и Париз, планираат да го ограничат градскиот сообраќај на возила што не испуштаат стакленички гасови во следната деценија и слично.

И националните влади вршат дополнителен притисок врз производителите и сопствениците на автомобили. Ирска, Холандија, Шведска и Словенија планираат да забранат продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2030 година. Велика Британија и Данска велат дека тоа ќе го сторат до 2035 година, со тоа што само хибридните автомобили ќе бидат дозволени во фаза на транзиција од 2030 до 2035 година. И Франција најавува ваква забрана во 2040 година.

Хајделберг, меѓу другите мерки за премин од автомобили во други форми на сообраќај, предвидува изградба на мостови или надвозници кои ќе им овозможат на велосипедистите лесно да ги заобиколат областите со сообраќаен метеж, без да го делат патот со автомобилите. Во моментов, само околу 20% од жителите на градот користат автомобил за да се движат низ градот на дневна основа, но сообраќајниот метеж сè уште е присутен. Останатите 80% пешачат, возат велосипед или патуваат со електричен автобус.

Градот не се ограничил на еколошки сообраќај, но исто така ја намали потрошувачката на енергија во училиштата и градските згради за 50% во последната деценија - иако некои од овие згради се стари неколку стотици години.

"На крајот на краиштата, не станува збор само за автомобилите. Потребен ви е целиот пакет", заклучува Вирцнер.

притисни ентер