Усвоени се измените на Законот за финансиска поддршка на инвестиции

Собранието на Македонија ги усвои измените на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. 

Се работи на измени и дополнувања со кои ќе се релаксираат условите за аплицирање, ќе се влијае на рамномерниот регионален развој, но и ќе се забрзаат процедурите за исплата на средства.

Измените вклучуваат промена во условите за доделување на финансиска поддршка на компании кои инвестирале во услови на КОВИД со преодна одредба со важност во 2021 година за дозволен пад на приходи до најмногу 15% во 2020 година за склучување на нови договори, а дополнително условите за приходи од работење и вработени нема да важат при поднесување на барање за исплата.

Направена е промена и во опфатот на компании кои ќе можат да склучат договор преку доуредување на условите, односно олабавување на правилата во делот на носители на лиценци, производители на акцизни стоки, вршители на дејност од јавен интерес, наменско производство, итн.

Во новиот ЗФПИ направено е и допрецизирање и поедноставување на дел од мерките и критериумите во мерките, согласно направената анализа на искористеност како и прецизирање на условите за инвестиции од дијаспората и зголемување на процентот на финансиска поддршка од 10% на 15%.

Важна измена во новиот закон е и регулирањето на рамномерниот регионален развој, па така компаниите кои ќе реализираат инвестициски проекти во помалку развиените плански региони ќе добиваат дополнителна финансиска поддршка. Дополнителната помош ќе се пресметува како процентуална разлика помеѓу регионот со највисока вредност на БДП по глава на жител и вредноста на БДП по глава на жител на регионот во кој се реализира инвестицијата.

Од 2022 година, воведуваме и принцип на исплата во две транши (прва транша во висина од 50% од одобрената помош и втора во согласност со буџетските средства и правилото на сразмерност) со цел подобрување на ликвидноста на компаниите.

Компаниите кои имаат веќе склучено договори за поддршка со Владата, имаат можност до 16 август 2021 година, да аплицираат за усогласување на договорите со новите измени и дополнувања на Законот. Компаниите кои веќе имаат реализирано инвестиции во 2020 година и сакаат да склучат договор за финансиска помош, потребно е да поднесат барање до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот или до Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони исто така до 16 август, за да осигураат дека државната поддршка ќе им биде исплатена до крајот на 2021 година.

Планот за економски раст донесен во 2017 година, има за цел да одговори на барањата на домашните компании за да се овозможи транспарентна поддршка, со еднакви можности за сите компании, независно од сопственоста на капиталот или големината на компанијата.

Планот за економски раст е операционализиран преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и Среднорочната програма за поддршка на микро, мали и средни компании на ФИТР. Една од придобивките на Планот за економски раст е што ги стимулира домашните компании да размислуваат на среден, па и на долг рок, да имаат стратешки пристап кон развојот, а со Законот им се обезбедува сигурност дека државата ќе стои покрај нив и ќе ги поддржува нивните инвестициски зафати.

Како резултат на тоа, преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции потпишани се договори за финансиска поддршка со 245 субјекти. Поддршката исплатена во овие три години изнесува околу 20 милиони евра, а компаниите во своите бизнис планови за петгодишен циклус презентираа инвестиции од 411 милиони евра, од кои досега веќе инвестирале околу 150 милиони евра.

Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата на Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер