Уставните судии во одбрана на Кацарска: Не може да ѝ престане функцијата поради пензија

По информацијата доставена до пратениците дека уставната судијка Добрила Кацарска исполнила услови за старосна пензија во јуни 2022 година, Уставниот суд денеска го донел заклучокот:

Уставните судии во одбрана на Кацарска: Не може да ѝ престане функцијата поради пензија

-Секој е должен да го почитува Уставот и законите. Членот 109, изменет со амандманот 15, јасно и прецизно ја уредура постапката и надлежните органи за предлагање и избор на судиите на Уставниот суд. Согласно членот 111 од Уставот, јасно се определени основите за престанок на функцијата на уставен судија. Единствен надлежен орган да одлучува за престанок на судија на Уставен суд е самиот Суд. Секое преземање на било какво дејствие надвор од уставно утврдените основи, претставува грубо прекршување на Уставот и упад во самостојноста на Уставниот суд. Во 60-годишното постоење на Уставниот суд, не постои случај да престане функцијата на уставен судија врз основа на остварување на старосна пензија, изјави денеска портпаролката на Уставниот суд на прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политизација на трагедијата на Кочани, следува правда

Зошто СДС молчи за фотографиите каде се гледа дека Фрчкоски се дрогира?

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политизација на трагедијата на Кочани, следува правда

Жално е што напорот за докажување на правдата за СДС е политички процес и на тоа гледаат низ партиска призма. Уште пожално е што правдата не е циркус, туку процес.

Притвор се одредува со докази и правни основи, а не со притисоци од партиски штабови. А, кога сме кај тезата на СДС дека селективна била акцијата за виновниците за трагедијата во Кочани, во притвор има двајца градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, има функционери и поддржувачи на СДС и ДУИ, но и луѓе кои не се членови на партии.

Ова е битка за промена на системот, а не за заштита на системот.

А, кога сме кај тезата селективна правда не е правда, СДС зошто молчи за синчето на Фрчкоски? Дали Јон Фрчкоски се дрогира во просториите на СДС или во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување на станбен и деловен простор, каде Јон беше помошник директор?

Дали Јон Фрчкоски е подготвен да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци?

Кој е ставот на Венко Филипче кој го поставил Јон на ваква позиција?

ВМРО-ДПМНЕ

Нема допис од Владата со Советот на ЈО дека се стопира постапката за разрешување на Коцевски

До Советот на јавни обвинители не е стасан допис или известување од владата дека се стопира постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски.

Нема допис од Владата со Советот на ЈО дека се стопира постапката за разрешување на Коцевски

За ова информираше престедателката на советот Душица Димитриевска, пред почетокот на денешната седница на која требаше да се разгледува предлогот на владата на неговоро разрешување, но која беше одложена поради немање кворум. Според Димитриевска роковите и понатаму течат и точката за разрешување на Коцевски ќе биде разгледана најдоцна на почетокот на идната недела.

Данска воведува задолжителен воен рок за жените, ќе трае 11 месеци

Данска ќе воведе задолжителен воен рок за жените една година порано од првично планираното - од 1 јули 2025 година, потврди министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

Данска воведува задолжителен воен рок за жените, ќе трае 11 месеци

Досега жените во данската армија можеа да учествуваат само на доброволна основа, додека мажите се обврзани да служат доколку се извлечени преку еден вид лотариски систем, што се користи во случај на недостиг на волонтери.

-Поради моменталната безбедносна ситуација, вооружените сили мора да привлечат повеќе регрути, рече Поулсен.

Воведувањето на обврската за жените е договорено во соработка со мнозинството парламентарни партии, а новиот правилник предвидува подолг стаж - наместо претходните четири месеци, ќе трае 11 месеци.

-Ова е важен чекор напред кон целосна рамноправност меѓу жените и мажите, рече данскиот министер, а пренесува „Дифенс пост“.

Годишната „лотарија“ сè уште ќе се применува, но само ако не се пријават доволно волонтери во дадена година.

Данска во февруари објави дека во периодот 2026-2027 година ќе инвестира дополнителни 6,8 милијарди евра во одбраната, откако претходната година веќе го зголеми буџетот за одбрана за 5,4 милијарди.

Со овој потег земјата и се приклучи на Норвешка, првата членка на НАТО која во 2015 година воведе задолжителен воен рок за жените, и Шведска, која го врати воениот рок во 2017 година, а исто така го прошири и на жените.

притисни ентер