Уставен ја укина Одлуката за ДУП во Центар, кој ги опфаќа и атрактивните парцели на Водно

Уставниот суд на денешната седница ја укина Одлуката со која на 18 јули 2014-та година  Советот на Општина Центар го донесе Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07  со локалитети Капиштец,.

Уставниот суд на денешната седница ја укина Одлуката со која на 18 јули 2014-та година Советот на Општина Центар го донесе Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара.

-Судот оцени дека Одлуката за ДУП на Општина Центар е спротивна на Законот за локална самоуправа, поточно со членот 62 став 2 од овој Закон. Уставниот суд оцени дека не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа „за“, како што предвидува Законот, изјави по денешната седница портпаролка на Уставниот суд, Христина Беловска.

Таа појасни дека согласно правното мислење на Судот, од вкупно 23 члена колку што броел Советот на Општина Центар присутни биле 12 члена, од кои „за“ донесување на Одлука за Деталниот урбанистички план гласале 11 члена, а еден бил против.

Уставот во членот 110, како што рече Беловска, предвидува дека прописите треба да бидат во согласност со законите, што не е случај во конкретната ситуација.

Според Судот со донесувањето на таа Одлука за Деталниот урбанистички план во Општина Центар е нарушена една од темелните вредности на уставниот поредок, а тоа е владеењето на правото.

-Согласно денешната одлука на Уставниот суд, Општина Центар нема да може да издава одобренија за градби за конкретните локации кои се опфатени со Деталниот урбанистички план, бидејќи тој ДУП не постои од денот кога ќе биде објавена одлуката на Судот во Службен весник, посочи Беловска.

Уставниот суд, како што додаде таа, ја донесе одлуката со мнозинство гласови, односно пет гласа „за“, а еден од судиите најавил издвоено мислење.

Подносител на иницијативата е Томе Симоновски, граѓанин од Скопје.

Гласањето на болните и изнемоштените во десетте општини од Југоистокот почна без проблеми

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356.

Вкупно 1.547 болни и изнемоштени лица денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион - Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356, а заедно со нив гласат и затвореници од Затворот во Струмица. Утрово од 07:30 почна подигањето на избирачкиот материјал и процесот тече без проблеми.

Претседателите на изборните комисии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Во Општина Ново Село се пријавени 299 болни и изнемоштени лица, Босилово-172, Гевгелија-175, Валандово-78, Василево-186, Радовиш-123, Конче-48, Дојран-44, Богданци-66 избирачи.

Во избирачкиот список во десетте општини вкупно се запишани вкупно 147167 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на 273 избирачки места.

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Националниот џез оркестар со програмата „Џез лектира" ќе гостува во Велес

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата насловена „Џез лектира" вечер од 20 часот  ќе гостува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. 

Концертот ќе биде осврт на творештвото на Каунт Бејси биг бендот - Вилијам Џејмс (Каунт Бејси) познат како „Кралот на свингот" - американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор.

-Во 1935 година тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група речиси 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз, како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично, соопшти Националниот џез оркестар.

притисни ентер