Успешно е изведена првата траснплантација на срце во земјава

Успешно е завршена првата трансплантација на срце во земјава, која ноќеска беше извршена на државната Кардиохирургија.

Првото трансплантирано срце, синоќа, три часа по полноќ, зачука во градите на 54 -годишен пациент.

По шесовна часа операција, во сала на државната кардиохирургија, тим на врвни лекари ја изврши првата трансплантација на срце во земјава. Семејството на 43 годишна жена што го загуби животот во сообраќајка несреќа со мотор, одлучи, да спаси животи, донирајки ги и нејзиното срце и нејзините бубрези.

,,На Клиниката за Државна Кардиохирургија во Скопје, по 6 часа операција, беше трансплантирано новото срце во телото на 54 годишниот пациент. Два бубрега од истиот донор во моментов се трансплантираат на Клиниката за Урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа.

Трансплантацијата на срцето ја работеа проф. Д-р Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со Д-р Васил Папестиев, Д-р Марјан Шокаровски, Д-р Ванѓел Здравески, Д-р Кјутим Џелили, Д-р Тања Анѓушева, Д-р Никола Христов, Д-р  Стефанија Хаџиевска, Д-р Надица Мехмедовиќ, Д-р Весна Миташова, Д-р Јасмина Илиевска, Д-р Марија Гераковска и Д-р Димче Славевски.

Трансплантација на срце чека и триесет и осумгодишната Емилија Христовска, која е само една од дваесетина на списокот.  

Иако секојдневието и е тешко, бидејќи не може да ги извршува ниту домашните обврски оти се заморува, Емилија посакува втората трансплантација на срце да биде извршена на триесет и двегодишниот Кристијан кој е во многу тешка состојба, а ново срце чека околу 8 години.

Најмладиот пациент кој чека ваква трансплантација има 13 години.

Канал 5 и во изминатиот период објавувајќи за секојдневните потешкотии на пациенти што чекааат трансплантација, ја анцентира и потребата за подигнување на јавната свест за донирање на органи од починат донор, оти така се подарува живот...

притисни ентер