“Скандалозна невистина која не е ниту пријателска, ниту европска.” -вака вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров реагираше на последната изјава на бугарската министерка Екатерина Захариева, во која вели дека македонската надворешна политика била под 50 отсто усогласена со онаа на ЕУ кон Русија. Димитров во реакцијата објавена на Фејсбук вели дека според последниот извештај на Европската Комисија објавен во октомври лани, а кој се однесува на 2019 година Македонија е со 92 отсто усогласеност.
“ Очигледно е потребна поголема внимателност, особено кога се работи за лесно достапни податоци. Вака впечатокот е разочарувачки - дека идејата била паушално да се оцрни соседот, што не би било ниту пријателски, ниту европски. “ напиша Димитров.
Дека изјавата на Захариева е чиста невистина која има цел да се дискредитира Македонија вели Малинка Ристевска Јорданова и од Институтот за европска политика. Таа за Канал 5 изјави дека процентот на усогласеност на надворешните политики со ЕУ во последните пет години е драстично зголемен.
“ Од 2015 наваму тој процент расте од 68 посто до 92 посто 2019 година. Истовремено се констатира во извештајот е ЕУ дека во однос на некои мерки за Русија не дипломатските, туку во економсмите мерки кои унијата ги има утврдено. Тоа се континурани неосновани напади за дескридитација на нашата држава и ова навистина излегува од секоја норма и добро е што се одговара веднаш и со факти.”вели Малинка Ристевска Јорданова – Институт за европска политика.
Захариева во синоќешното интервју за бугарско радио кажа дека некои од земјите на Западен БАлкан, кои се кандидатки за членство во ЕУ треба да се реформираат и даодлучат дали ќе бидат сојузници на НАТО и членки на ЕУ.
- Македонија е една од овие земји, со исклучително низок процент, под 50 отсто на усогласеност со заедничката надворешна политика на ЕУ. Србија, исто така, е една од оние земји со помал процент, но не толку низок како Република Македонија, тврди Захариева, посочувајќи дека Албанија има прилично висока стапка на усогласеност во областа на надворешната политика со ЕУ.
Захариева, иако вели дека се прават обиди за намалување на тензиите, во претходниот период даде повеќе контроверзни изјави, како онаа дека Македонија е творба на Титовата Коминтерна.
Премиерот Заев најави дека следната недела, а можеби и порано ќе се оствари средба на министрите Османи и Захариева, на која треба да се договори одржувањето на Втората меѓувладина конференција, која уште лани требаше да ја организира Македонија. На конференцијата е предвидено да се усвои заедничкиот Акцискиот план, кој содржи низа образовани, културни и инфраструктурни проекти и е резултат на двата документа кои претходно си ги разменија Скопје и Софија