Уште една средба на заедничката комисија заврши без успех

Во тензична атмосфера и без каков и да е напредок заврши дводневната он лајн средбата на македонската и бугарска комисиија за историја.

Уште еден состанок на македонско – бугарската историска комисија заврши без напредок. Историчарите од двете земји за време на дводневната онлајн сесија, кој што од македонска страна, се оценува како најтешка дебата досега, не успеале да постигнат компромис по ниту една од спорните точки на дневниот ред – меѓу кои за Цар Самоил, Гоце Делчев и Глигор Прличев.

Од македонската страна информираат дека на маса ставиле предлози засновани на современите разбирања за историското образование поддржани од Советот на Европа и УНЕСКО, со различни погледи и толкувања за минатото, но нивнтие колеги од Бугарија ги одбиле како неприфатливи и неприменливи.

„За жал, очигледно е отсуството на воља кај членовите на Комисијата од Република Бугарија да се дојде до решение преку кое историското образование не би било основа за политичка инструментализација често затскривана позади фразата „историска вистина". Исто така, очигледно е дека бугарската страна го гледа овој процес како можност да го наметнат својот поглед за минатото во друга држава и образовен систем“, велат од македонскиот дел од Комисијата.

Копретседавачот со Комисијата, бугарскиот професор Ангел Димитров во изјава за бугарските медиуми вели дека и тие од своја страна понудиле нацрт текстови кои би требало да се впишат во македонските учебници по историја кои што се однесуваат за ликот на делот на Цар Самоил и Прличев нудејќи мултиперспективност. Ангелов без да открива детали за содржината. Но, разочарано тврди дека македонскиот дел од комисијата не сакал ниту да дебатираат по предложеното.

„Вчера нашите колеги категорично одбија да водиме било каков конкретен разговор по конкретна историска тема. Нешто, што не само што е својствено, но е и неизбежно за професионални историчари“, рече Димитров на прес конференцијата.

Следниот состанок на Комисија како што било договорено треба да се одржи кон средината на октомври во живо во Софија. Двете страни се надеваат дека на таа средба ќе имаат повеќе успех и ќе биде остварен исчекор кон договор по спорните историски прашања.

Загина млад мото-каскадер, вежбајќи да постигне Гинисов рекорд (ВИДЕО)

Каскадерот на мотоцикли, Алекс Харвил загинал вчера додека тренирал за да го сруши светскиот рекорд во скокање со мотори, пишуваат американските медиуми. Тој имал 28 години.

Алекс планирал да го сруши светскиот рекорд на Австралиецот Роби Медисон од 2008 година, на 106 метри. Неговиот подвиг бил закажан за вчера, веднаш по тренингот што го чинеше живот.

Снимката од тест скокот, изведена од Алекс на меѓународниот аеродром во округот Грант, се појавила на социјалните мрежи и покажува како неговиот мотор удира директно во горниот раб на ридот што му служел на Харвил како рампа за слетување. Од ударот тој излетал од моторот.

Харвил бил оженет и е татко на два сина, од кои помладиот е роден минатиот месец. Во 2013 година тој веќе стана Гинисов рекордер во скок во далечина на мотор.

Германија ги избриша Франција, Грција и Шпанија од списокот на ризични земји

Германија ги отстрани Франција, Грција, Швајцарија и делови од Шпанија од својата листа на земји во висок ризик поради ковид-19.

Промената стапува на сила во недела, а оние што пристигнуваат од овие земји во Германија нема да повеќе задолжително да презентираат негативен тест или да останат во карантин 10 дена.

Земјите како Грција и Шпанија, кои економски се потпираат на туризмот, соопштија дека нивните економии страдаат од ограничувањата на патувањата воведени за време на пандемијата, пишува ДВ.

Но, оваа промена на правилата важи само за оние кои патуваат по копно. Патниците со авион сепак при влез во Германија ќе треба да презентираат негативен тест, потврда за вакцинација или доказ дека биле заразени со ковид-19.

Голем број други места се отстранети од списокот на земји со висок ризик, вклучувајќи ги Белгија, јужна Данска, Естонија, Јордан, Литванија, три провинции во Холандија, Норвешка, неколку региони во Словенија и Света Луција.

Во Салвадор запленети 750 килограми кокаин

Околу 744 килограми кокаин, проценет на над 18 милиони долари, е запленет во Салвадор во операција за разбивање на шверцерска мрежа што работи на плажите во земјата, соопштила канцеларијата на државниот обвинител.

Шверцерите на дрога дејствувале во регионите Ла Паз и Сан Мигел, на истокот на земјата лоцирани помеѓу Хондурас и Гватемала. Во операцијата биле уапсени девет лица, вклучително и државјанин на Гватемала.

Акцијата ја водела полицијата за борба против злоупотребата на дрога врз основа на информации дека се шверцувале големи количини на дрога на плажите во двата региона во Пацификот, соопштила канцеларијата на обвинителот. Дрогата била запленета во објекти на плажа, каде биле пронајдени и неколку пушки и пиштоли, штѕ исто така биле запленети.

притисни ентер