Уште еден голем пожар во Русија: По трговскиот, гори фабрика за гуми (ВИДЕО)

Во фабрика за гуми во рускиот град Барнаул избувнал голем пожар, кој бил локализиран откако зафатил површина од илјада квадратни метри, јавуваат руските медиуми.

На социјалните мрежи се шират снимки од пожарот.

Пожарот избувнал во Алтај, фабрика за производство на гуми за авиони и воена опрема, утрово околу 5 часот по наше време. Лоциран е по пет часа гасење.

Во гаснењето учествувале 110 пожарникари со 33 возила, а гаснењето било отежнато поради ниските температури и обилниот чад.

Од фабриката се спасени три лица. Нема информации за загинати.

Причината за пожарот се уште не е соопштена, а локалното обвинителство започнало истрага.

Рано утринава пожарот го зафати и еден од најголемите трговски центри во близина на Москва. Дел од структурата на центарот се урнал, што им отежнувало на пожарникарите да го изгаснат пожарот.

Трговскиот центар Мега се наоѓа во Химки, а пожарот се проширил на површина од околу 7.000 квадратни метри. Експлозии се гледаат и на видеата кои почнаа да се шират на социјалните мрежи. Засега нема извештаи за жртви.

„Пожарникарите гаснат пожар на површина од 7.000 метри квадратни во околината на Москва“, објави на Твитер рускиот министер за вонредни ситуации.

„На местото на настанот се слушнаа силни експлозии“, објави новинската агенција Лајф. Причината не беше веднаш позната, а спротивставени информации за тоа се појавија во руските државни медиуми.

Во првиот извештај на официјалната новинска агенција ТАСС се наведува дека „се случи експлозија во хипермаркетот ОБИ во трговскиот центар Мега Химки, по што следеше колапс“. Истиот извор се повикува на тврдењата на итната помош, според кои изворот на пожарот наводно бил краток спој. Од друга страна, државната агенција РИА пишува дека пожарот бил подметнат.

И други руски агенции јавија дека итните служби се сомневаат дека причина за големиот пожар е „криминален чин“. „Сметаме дека тоа било планирано, дека пожарот бил подметнат“, објави новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на неименуван извор. Агенцијата Спутник додава дека кривичното дело е „меѓу главните можни причинители“ за пожарот.

Мега Химки е еден од најголемите трговски центри во Европа со околу 200 продавници за малопродажба, вклучувајќи го и ОБИ, кој е еден од главните закупци. Пред инвазијата на Украина и повлекувањето на бројни компании од Русија, тој беше дом на голем број западни трговски синџири, вклучително и една од првите продавници на ИКЕА во таа земја.

Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто

Индустриското производство во февруари годинава во однос на истиот месец лани е поголемо за 0,3 отсто. 

Во периодот јануари – февруари 2024 година, пак, споредено со првите два месеца од 2023, растот изнесува 1,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст од 5.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14.5 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на хартија и производи од хартија, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки, Производство на останата опрема за транспорт, Производство на мебел, Останата производствена индустрија и Поправка и инсталирање на машини и опрема.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.9 %, Капитални производи за 4.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 15.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.9 %

Фетел одговори на прашањето дали се враќа во Формула 1

Себастијан Фетел го прекина молкот за гласините за неговото враќање од пензија за да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес.

Четирикратниот светски шампион се прости од трките на крајот на 2022 година во автомобил на Астон Мартин за да помине повеќе време со семејството, но германскиот возач тогаш за можното враќање рече: „никогаш не треба да се каже никогаш“.

Откако Хамилтон во февруари објави дека ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари од 2022 година, се шпекулираше дека Фетел ќе го замени, но…

-Сè уште сум заинтересиран и ги следам трките. Во моментов се случува многу - на и надвор од патеката. Но, за мене Формула 1 не е во фокусот во моментов. Кога заминував, реков дека никогаш не вели никогаш за враќањето, но намерата не ми беше да застанам и потоа да почнам повторно, изјави Фетел и со тоа ги демантираше гласините дека се враќа. /МИА

Тројца загинати во сообраќајна несреќа во Кичево

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на излезот од Кичево, во насока кон Скопје.

Според соопштението од СВР – Охрид, несреќата се случила утрово во 4:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, кога се судриле патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

притисни ентер