Уште два дена кампања, партиите и денеска пред граѓаните ќе ги претстават своите програми

Предизборната кампања завршува утре во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк. 

Уште денеска и утре политичките партии и коалициите учесници во предвремените парламентарни избори ќе имаат средби со граѓаните, на кои им ги презентираат своите изборни програми со кои сакаат да ја добијат нивната доверба на 15 јули. Сите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, развој на економијста, подобар животен страндард за сите.

Караванот на коалицијата „Можеме" денеска ќе ги посети општина Кавадарци и општина Јегуновце, а пак претставници на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ општините Ранковце, Кратово и Крива Паланка.

Според, најавите Демократскиот сојуз ќе го одржи VI-иот Конгрес, на кој ќе се расправа за приоритетите на Демократскиот сојуз во наредниот четиригодишен период, како и за предизборните активности , а во Охрид Граѓанско демократската унија – ГДУ организира трибина „Разговор под дрвото".

Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа на предизборниот собир на коалицијата „Можеме" во Скопје порача дека нудат прав пат за државата, кој, како што потенцира значи ЕУ и НАТО, значи грижа за сите, значи заштита од КОВИД – 19, економски раст и повеќе пари за секој.

– Убаво е слободно Скопје кое што верува дека одиме по правиот пат, Скопје кое што знае дека прав пат е грижа за сите, грижа за сите која што ја покажавме на дело во изминатите три години. Грижа за најсиромашните, грижа за помалку бројните етнички заедници, грижа за жените, грижа за лицата со посебни потреби, грижа подеднакво за сите, нашиот главен град Скопје знае дека е на правиот пат затоа што имаме вистинска развојна македонска економија, затоа што покажавме дека кога се решаваат најкрупните прашања можеме да водиме грижа за нашата економија, рече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера од Делчево рече дека на 15 јули се одлучува во каква Македонија сакаме да живеееме, понижена Македонија или горда Македонија. Затоа порача, Мицкоски, да гласаме за реден број 14 и за „Обнова на Македонија".

-За само две ипол години веќе зборуваме за нив, затоа што верувавме во тоа што го работиме. За тоа време имаше понекоја критика, некој ќе кажеше зошто сте млаки, зошто молчите, сега треба да нападнеме. Во тоа време ќе беше најлесно да влезе во битка каде целта и завршницата ќе бидат неизвесни. Но одлучивме напорно да работиме и благодарејќи на поддршката која ни ја дадовте дојдовме до целта да собориме ненародна власт предводена од Зоран Заев, рече тој.

Синоќа од Тетово лидерот на ДУИ Али Ахмети порача дека како партија и помогнале на државата да тргне по прав пат и оти сега отвораат нови поглавја.

-Ние имаме достоинство и со сите поглавја што сме ги отвориле на екононски план, со влезот во НАТО, евроинтерграција. Но, јас не сакам да се заборави оваа навреда што денеска ја слушнав и се шокирав. Навредата за „пет пари" многу боли, но сме поминале многу, УДБА и удбаши и многу неправди, ние нема од што да се плашиме имаме ориентација и цел и сакаме да ја реализираме. За тоа ќе им покажеме на 15 јули и да видат кои сме ние, истакна Ахмети.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива чии претставници синоќа под мотото „Сега е времето" одржаа средба со граѓани во Гостивар од каде испратија покара дека ќе се залагаат за едно општетсво за сите и еднакви права и можности за сите.

Бебе од речиси една година плива и нурка како професионален ватерполист (видео)

Снимка што го одзема здивот.

„Таа веќе излегува од вода со сиот сјај на познатите спортисти“!

Во првите месеци од животот, бебињата инстинктивно рефлексно ја затвораат устата и го задржуваат здивот кога ќе се најдат под вода. Овој рефлекс се нарекува „рефлекс на пливање“ и им помага да преживеат во вода. Сепак, бебињата не нуркаат свесно како возрасните. Ако бебето случајно заврши под вода, неговиот природен рефлекс ќе го заштити од голтање вода.

Според експертите, бебињата би можеле да почнат да тренираат пливање некаде помеѓу четвртиот и шестиот месец, но тоа може да варира во зависност од индивидуалниот развој на детето и препораките на педијатарот. Важно е родителите да се консултираат со педијатар за да се уверат дека нивното дете е подготвено за оваа активност. Часовите по пливање за бебиња можат да бидат корисни за развивање на моторичките вештини, самодовербата кога се во водата и за јакнеење на врската помеѓу родителот и детето, бидејќи неретко еден од родителите е во вода со бебето.

Едно видео на кое едногодишно девојче плива, нурка, и стои на рацете од својот татко додека позира стана многу популарно. Но, начинот на кој тоа го прави е идентичен со оној на возрасните пливачи кои професионално се занимаваат со пливање.

Бебето без капа и очила за пливање стои на рацете од својот татко и скока главечки во базенот. Таткото кој е тренер, ни за момент не ѝ ги пушта нозете. Малото девојче се нурнува и потоа излегува плескајќи со рачињата. Потоа, грациозно застанува на рацете од својот татко, одржувајќи совршена рамнотежа и позира, па продолжува одново.

Снимката освоила 1.148.000 „лајкови“ на Инстаграм и мноштво коментари.

- Ми се допаѓа како си аплаудира секој пат кога ќе излезе од вода.

- Ова бебе страшно ме инспирира! Малите деца се толку слободни и амбициозни што би требало да учиме од нив како да ја прифатиме таа бестрашност и да се соочиме со препреките во зрелоста.

- Таа веќе излегува од водата со сиот сјај што го имаат познатите спортисти!

- Има целосна доверба во својот татко!

- Најубавото видео за пливање што сум го видел – коментираат корисниците на Инстаграм.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

притисни ентер