Уште 30 дена неплатените сметки за вода може да се платат на рати и без камата

 ЈП „Водовод и канализација" – Скопје ги известува граѓаните дека акцијата за наплата на долговите на рати и без камата е во тек.

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица, која почна на 17 јуни 2020, завршува на 31 јули 2020 година.

ЈП „Водовод и канализација" ги повикува сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање и дека по истекот на овој период, одлуката престанува да важи.

– Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите. Истовремено, повикуваме и на почитување на мерките на претпазливост и заштита одредени од Министерството за здравство и Владата – задолжително носење на маски, одржување на растојание од 2 метри и дезинфекција на рацете, посочуваат од ЈП „Водовод и канализација" – Скопје.

За сите дополнителни информации, граѓаните ќе можат да се обратат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

– 02 3240 300, Дирекција – [email protected]

– www.vodovod-skopje.com.mk – www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Драстично намален Вардар кај Јегуновце

Водостоите на реките во земјава варираат, некои се под, а други над просекот за септември.

Според денешните хидролошки мерења, Вардар кај Јегуновце е драстично намален, за скоро половина метар, но кај Велес бележи двојно зголемување, додека кај Скопје и Демир Капија е во рамки на просекот.

Намелени се и нивоата на Треска кај Македонски Брод, на Лепенец кај Скопје, на Крива Река кај Крива Паланка, на Струмица кај Ново Село, на Црна и на Сатеска кај Ботун.

Покачени нивоа бележат Пчиња кај Пелинце и кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Дрим кај Ложани.

Фото: Двојничката на Роналдињо

Светската фудбалска легенда Роналдињо има своја двојничка.

Поранешната ѕвезда на барселона, Бразилецот Роналдињо повторно е главна тема на социјалните мрежи. Сега причина за тоа е неверојатната сличност со учесничката во едно шпанско реално шоу Фаатима Рул.

Во Шпанија во тек е втората сезона од реалното шоу „Острово на искушенија“ шоуто стана супер популарно поради една од ученичките, атрактивната Фатима Рул предизвика огромно внимание во јавноста поради својата неверојатна сличност со фудбалската ѕвезда Роналдињо.

Фатима се занимава со моделинг и има голем број на фанови на социјалните мрежи кои уживаат во нејзините провокативни фотокграфии.

Црна Гора воведува нови рестрикции, полициски час од 22 до 5 часот наутро

Институтот за јавно здравје на Црна Гора предложи воведување на дополнителни мерки за да се спречи ширење на новата болест.

Новите рестрикции се воведуваат поради исклучително распространетиот локален пренос, големиот број на хоспитализирани и огромниот притисок врз здравствениот систем.

Институтот за јавно здравје на Црна Гора предложи воведување на дополнителни мерки за да се спречи ширење на новата болест, поради исклучително распространетиот локален пренос, големиот број на хоспитализирани и огромниот притисок врз здравствениот систем. Мерките се во сила од денеска.

Од денеска до 12 октомври, поради зголемувањето на случаите во никшиќ, беране и андријевица, ќе има полициски час од 22 до 5 часот наутро, а работата на угостителските објекти и домашните посети ќе бидат забранети.

Во Рожај е забранета работа на угостителските објекти и одење на гости.

Во Котор, Будва, Подгорица и Плевља, од 28 септември до 12октомври, угостителските објекти ќе имаат право да работат само до 22 часот.

притисни ентер