Уништени се 1.230 килограми небезбедна храна пред Велигден, изречени се казни - Канал 5

Уништени се 1.230 килограми небезбедна храна пред Велигден, изречени се казни

Уништени се 1.230 килограми небезбедна храна пред Велигден, изречени се казни
Агенцијата за храна и ветеринарство со полни раце работа пред Велигден.. Над 1.200 килограми небезбедна храна, најмногу месо се уништи во повеќе контроли на инспекторите.. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Ајкула зграпчи човек- неговиот врисок се слуша и под вода (Вознемирувачко видео)

Спасувачката служба вчера попладне го пронашла телото на 40-годишниот турист кој бил убиен од ајкула во близина на градот Хадера во Израел.

Ајкула зграпчи човек- неговиот врисок се слуша и под вода (Вознемирувачко видео)

За потсетување, социјалните мрежи се преплавени со вознемирувачки снимки од бруталниот напад во кој беше убиен оженет татко на четири деца.

Секавичен напад

Овој трагичен настан потсетуваше на претходните напади од морски предатори, вклучувајќи го и инцидентот што се случи во близина на брегот на Египет пред неколку години.

Во таа прилика група нуркачи на обука се нашле во близина на ајкули и сѐ изгледало безопасно. Подводната средба ја снимил Ден Вајт.

Меѓутоа, работите брзо тргнаа наопаку, откако океанската белперка премногу се доближила до групата.

Трогателна сцена

"Таа го нападна мојот колега три пати. Германски нуркач дојде на помош, но тој не можеше да го следи секое нејзино движење. Кога доби прилика, го зграпчи за нога", изјави Вајт.

Нападот бил толку интензивен што на видеото јасно се слуша болниот крик на жртвата, што ја прави сцената уште пошокантна.

За среќа, ајкулата брзо се повлекла и не го продолжила нападот, пренесува LadBible.

YouTube video

Лекарите ги санирале раните

Повредениот нуркач бил извлечен на брегот каде му била укажана прва помош. Му дадоа лекови против болки и му ја преврзаа раната.

Имаше стравувања дека ќе ја загуби ногата, но лекарите успеаја да ги санираат повредите.

Снимката од драматичниот инцидент вознемири многу корисници на социјалните мрежи. Еден напишал: „Апсолутно застрашувачки“, додека друг додал: „Најлошо од сè, ги слушаме неговите врисоци под вода“.

Хаос во авион: Патничка рекла дека има бомба во торбата, стјуардесата со брза реакција (ВИДЕО)

Неименувана патничка била исфрлена од летот на Батик Ер од Џакарта до Манадо откако на стјуардесата ѝ кажала дека има „експлозивна направа“ во нејзината торба.

Хаос во авион: Патничка рекла дека има бомба во торбата, стјуардесата со брза реакција (ВИДЕО)

Бизарниот инцидент се случил на 15 април, пред авионот да полета од меѓународниот аеродром Соекарно-Хата, предизвикувајќи двочасовно доцнење и вознемиреност кај другите патници, пишува Дејли Стар.

Немаше никаква опасност.

Според очевидци, постарата жена на шега му рекла на кабинскиот екипаж дека „носи бомба“, по што била применета „стандардна оперативна процедура“ - за ситуацијата била известена капетанот и безбедносните служби.

Нејзиниот багаж бил проверен и утврдено е дека е безбеден, по што била изведена од авионот. Целиот настан го снимил патникот Мајкл Ласут.

Жената е предадена на аеродромската полиција за понатамошна истрага.

На црната листа

Портпаролот на Батик Ер рече дека патничката изговорила реченица што содржела „елемент на закана“, со што ги прекршил правилата на однесување во воздушниот сообраќај.

„Бидејќи беше утврдено дека нема бомба, ѝ беше забрането да лета со нашите авиони, односно се најде на црната листа“, изјави портпаролот.

Рубио: Иран ќе нема нуклеарно оружје, претседателот Трамп ќе го спречи тоа (ВИДЕО)

Иран нема да има нуклеарно оружје, а американскиот претседател Доналд Трамп го задржува правото да го спречи тоа да се случи, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.

Рубио: Иран ќе нема нуклеарно оружје, претседателот Трамп ќе го спречи тоа (ВИДЕО)

„Не сакаме војна. Не сакаме да видиме војна. Ова не е претседател кој водеше кампања за започнување војни. И како што многу јасно кажа, Иран нема да има нуклеарно оружје и (Трамп) го задржува секое право да го спречи тоа да се случи, но тој би сакал тоа да не се случи“, изјави Рубио за ФриПрес.

Тој посочи дека Иран покажал дека е подготвен да разговара, додавајќи дека доколку има шанса за мир, САД ќе направат сѐ за мир.

„Ако Иран сака цивилна нуклеарна програма, може да има таква каква што имаат многу други земји во светот, што значи дека можат да увезуваат збогатен материјал. Но, ако инсистираат сами да збогатуваат ураниум, тогаш тие ќе бидат единствената земја во светот што нема програма за оружје, но го збогатува. Мислам дека тоа е проблематично.“, рече Рубио.

На прашањето на новинарите дали САД се способни да ја уништат иранската нуклеарна програма, тој рече дека Вашингтон „има опции“, но дека не сака да оди толку далеку.

„Сега не сме во фаза кога ќе упатуваме закани или нешто слично, бидејќи искрено, ова не е претседател кој ветуваше дека ќе започне војни или вооружени конфликти. Затоа се фокусиравме на Украина, затоа ги водиме овие разговори со Иранците. Ние сме далеку од каков било договор со Иран. Свесни сме дека е тешко“, нагласи секретарот.

Тој изрази сомнеж дека иранското раководство знае „како да постигне договор“, но посочи и дека во Иран постои внатрешна политичка динамика, во чии рамки функционира Техеран.

Тој изјави дека секоја воена акција во овој момент на Блискиот Исток може да предизвика многу поширок конфликт.

„Тоа нема да биде она што луѓето се навикнати да го гледаат на телевизија: неколку дронови соборени или стотици борци. Бидејќи поранешниот американски претседател Барак Обама ги ублажи санкциите кон Техеран, Иран потроши милијарди долари за развој на воени капацитети, кои гледаме дека се користат, на пример, во Украина. Дали САД се способни да се соочат со сето тоа и да победат? Апсолутно. Мислам дека е важно да се разбере дека тоа е многу покомплексно отколку што би било пред 10 или пет години“, рече Рубио.

притисни ентер