Унгарија го тестира јапонскиот лек ,,Авиган” против корона

Унгарија е една од првите земји што го доби јапонскиот лек „Авиган“ за третман на пациенти со коронавирус, изјави министерот за надворешни работи, Петар Сијарто.

Тој најави дека новите клинички испитувања на овој лек, чија активна состојка е фавиправир, која е регистрирана во Јапонија, ќе се спроведе во Унгарија.

Испораката на 12.200 таблети Авиган, што е доволно за лекување на 100 пациенти, пристигна утринава во Унгарија, објави Сијарто на Фејсбук, пренесува МТИ.

Сијарто додаде дека лекот е испратен во истражувачкиот центар на Универзитетот во Печуј на југот на земјата.

Професорот Габор Ковач вели дека лекот ќе се користи за клинички испитувања на сто пациенти „во контролирани услови и со голема претпазливост“.

Авиган е регистриран во Јапонија како лек против грип, но се покажа дека е ефикасен во лекувањето на новиот коронавирус.

притисни ентер