Уметноста може да ги даде одговорите на сите прашања што нè засегаат

Марјан Ѕингаров од Струмица и Иво Пецов од Виница се познати уметници во Бугарија и истакнати имиња во културните кругови во Софија. 

Тие дошле во Софија за да студираат на бугарската Национална академија за уметности во 1998, односно 1999 година, каде што и дипломирале. Пецов вели дека по завршувањето на Средното уметничко училиште во Скопје, добил препорака од професорите дека Уметничката академија во Бугарија е многу престижно место за неговото оспособување како творец и уметник, што се покажало како пресудно за неговото доаѓање во Софија.

Ѕингов, пак, вели дека немал можност да учи во уметничко училиште, но многу интензивно се занимавал со сликање од втора година средно образование во Струмица, по што дошол да студира на Уметничката академија во Софија. И двајцата никогаш не ги прекинале врските со земјава, било со одржување на нивни изложби или преку контакти со колеги од татковината, наведува Ѕингов во разговор со дописникот на МИА од Софија.

За Божик тие се во своите родни места, бидејќи, според Пецов, семејствата се сплотуваат со чувството на светиот дух и всушност тоа е многу убав период од годината. Имаме среќа, вели Ѕингаров, затоа што двапати го славиме Божик. Според него, враќањето во родните места е многу убав чин, бидејќи средбите со роднините и пријателите се секогаш топли и срдечни. Во Македонија тие ги носат своите чувства и впечатоци, а во Бугарија враќаат нови впечатоци, што според него, е прекрасно чувство.

Во однос на состојбата во уметноста денес, Ѕингаров вели дека таа е мост меѓу Бугарија и Северна Македонија и преку неа се гледаат двете земји и општества, кои треба и можат да бидат многу поголеми пријатели, отколку непријатели, што и не сме. Пецов, пак, повеќе филозофски, вели дека уметноста е мост меѓу сите луѓе кои „животот го гледаат како длабоко споделување, а не само како потрага по елементарно преживување и опстанок“.

Пецов и Ѕингаров раскажуваат дека се дел од проектот „Конекција“, создаден во 2013 година, со цел да се воспостават врска и мост помеѓу визуелните уметности на Македонија и Бугарија. За време на реализација на проектот се воспоставени многу контакти меѓу бугарски и македонски автори од сферата на визуелната уметност. Проектот вклучи македонски уметници кои живеат во Бугарија, кои потоа создадоа можност за организирање изложби и дополнителни проекти, не само во Бугарија, туку и во Македонија.

Пецов објаснува дека благодарение на Културно-информативниот центар (КИЦ) на Македонија во Софија, се создала оваа можност за продлабочување на контактите меѓу уметниците од сферата на визуелната уметност. Тој нагласува дека директорот на КИЦ, Сашко Насев, во самиот проект видел можност за правење добри дела, за негово развивање и збогатување, како и за претставување на уметниците кои мислат дека треба да бидат видени.

Ѕингаров раскажува дека се вклучил во проектот во 2015 година. Проектот пред сè бил замислен како начин за меѓусебно поврзување уметници од Северна Македонија, имајќи предвид дека во Бугарија живеат претставници на различни генерации македонски творци. Овој креативен проект, според Ѕингаров, вродил со плод и овозможил уметниците од двете страни на границата активно да соработуваат. Како пример за тоа, тој ги посочува изложбите на бугарската група XXL во Националната уметничка галерија во Скопје, како и на македонската група Зеро во Софија.

И двајцата ги следат случувањата во земјава, но, како што вели Пецов, вестите што го привлекуваат неговото внимание се од сферата на културата. Тој споделува дека е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 2004 година, што му дава можност да учествува на изложби во Скопје и во другите градови во земјава, како и да следи што се случува во Северна Македонија. Пецов вели дека многу го радува што ДЛУМ за своја претседателка ја има Јана Манева-Чуповска, која, според него, може многу да придонесе на ова поле. Тој се надева дека во 2023 година ќе се сретнат и ќе реализираат нови заеднички проекти. Пецов вели дека луѓето ги гледа според нивните професионални квалитети, а не според партиската припадност или какви било други врски во општеството.

– Моите контакти со уметници и поети во Бугарија ги збогатуваат мојот живот и размислувања, а освен уметноста, се трудам и да ги поврзам луѓето од двете земји, вели Иво Пецов. Според него, не може да не се следат случувањата, бидејќи тие оставаат трага во времето и просторот, но смета дека сепак уметноста е вратата кон внатрешниот живот на човекот.

Ѕингов признава дека не е рамнодушен кон она што се случува во неговата татковина и е убеден дека патот на земјава кон ЕУ ќе биде доста долг и трнлив. Тој вели дека би бил среќен еден ден земјава да влезе во европското семејство, напоменувајќи дека ги знае проблемите во минатото со Грција и сегашните апсурдни проблеми со Бугарија. Сепак, тој е убеден дека политичарите ќе донесат мудри одлуки, бидејќи тоа е важно, како што вели, за заедничката иднина и затоа што нема друг пат.

– Уметноста и културата се единствениот начин да се препознаеме и да го минеме јазот на времето и одново да се запознаеме за да работиме за општо добро, вели Ѕингов. Тој во ноември имаше своја изложба во Струмица, посветена на 30-годишнината од почетокот на неговата креативна кариера. Според него, тоа било ретроспективна, но и носталгична изложба со неговите 60 дела во Домот на културата во Струмица, како своевиден печат на трите децении од неговата креативна кариера. Ѕингов вели дека во 2023 година ќе организира изложба и за своите бугарски пријатели и колеги во КИЦ во Софија, на кој ќе се претстави со дела од неговиот најнов творечки циклус.

И двајцата посакуваат новата 2023 година да им донесе на Македонија и Бугарија просперитет и многу среќа на нивните граѓани и тие почесто да се свртуваат кон уметноста, бидејќи таа секогаш може да ги даде одговорите на сите прашања што нè засегаат. /MИА

Дневен хороскоп за 21. март 2023 година

Дневен хороскоп за вторник, 21. март 2023 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе заземете пријателски и опуштен став кон саканата личност.На тој начин ќе се браните од малите критики.

Кариера

Иако денеска нема да бидете највешти во преговорите,другата страна ќе биде склона да ве поддржи.

Здравје и совет

Нервоза и немир.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е пријател и исполнет ден во приватниот живот.Ќе може да ги остварите повеќето замисли.

Кариера

Денот е поволен за проширување на стручните знаења како и за соработка со деловни партнери од странство.

Здравје и совет

Радувајте се на личните успеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина денеска ќе излезат надвор со друштво или со саканата личност и убаво ќе си поминат.Самците лесно ќе воспоставуваат контакти.

Кариера

Ќе заклучите дека имате многу добра финансиска подлога , така што на неа може да градите понатаму.

Здравје и совет

Не се брзајте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе си дозволите мал луксуз за да го зголемите уживањето за себе и за саканата личност .Тоа ќе биде полн погодок.

Кариера

Повторно ќе ве фалат , а на вас ви е драго , но не се запирате. Малкумина се такви кои ќе се задржат само на старата слава.Работете понатаму.

Здравје и совет

Ќе бидете среќни.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе се чувствувате пријатно во друштво на личноста што ја сакате и ќе си поминете убаво ако ги потиснете малите семејни проблеми.

Кариера

Колегите ве сакаат и тоа ви го покажуваат , а таквиот став и вас ве поттикнува да направите нешто за нив.

Здравје и совет

Побарајте весели содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе издржите уште едно мало надмудрување со саканата личност, но со многу хумор и со добри намери.

Кариера

Забележувате дека вашите претпоставени се многу повлијателни , отколку што сте мислеле.Тоа ве охрабрува, но и во исто време ве ограничува.

Здравје и совет

Ќе бидете малку забавени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во приватните односи ќе се развие добра комуникација, но без некое подлабоко емоционално зближување.

Кариера

Се чини дека ги држите конците во свои раце, но делумно.Како што сакате контрола , веднаш ви е подобро.

Здравје и совет

Посетете стоматолог.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Најсигурно ќе се чувствувате во кругот на семејството.Нема да ви се излегува , иако ќе ве повикуваат. Како и да е, љубовта е само во мислите.

Кариера

Деловната кореспонденција ќе ви одземе поголем дел од денот , а при тоа ќе бидете прибрани и љубезни.

Здравје и совет

Ограничете ги калориите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот позитивен став денеска ќе биде повеќе од доволен да ја надминете дистанцата во личните односи.

Кариера

Не сонувате за нешто неможно , но гледате дека се е можно. Тоа по малку ве збунува.

Здравје и совет

Зацврстете си го телото.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Не очекувајте ништо повеќе од сувопарно одржување на постојната состојба.За вас денеска едноставно не е ден за љубов.

Кариера

Вашите претпоставени ќе покажат дека ве поддржуват , па дури и ве сакаат , но вас тоа ни малку нема да ве импресионира.

Здравје и совет

Емотивни фрустрации.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ништо особено нема да ве загрижува, но нема ниту да ве поттикнува за поголеми љубовни подвизи.Доста мирен ден.

Кариера

Би сакале да ,,средите” некои од соработниците , но ако тоа го направите , ќе ви вратат со иста мерка.

Здравје и совет

Смирите се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денеска е добар ден за изразување емоции. ќе ви оди од рака да покажете што навистина чувствувате , па тоа и направете го.

Кариера

Секоја ваша акција ќе биде поддржана , дури и таму каде можеби не сте се надевале.Искористете ја шансата.

Здравје и совет

Се чувствувате одлично.

Страшо Ангеловски и Алберт Муслиу во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Страшо Ангеловски и Алберт Муслиу

Потресна исповед на водителката на квизот „Слагалица“ (фото)

Шармантната водителка на Радио телевизија на Србија (РТС), Милица Гацин, беше вистинско освежување кога се приклучи на популарниот квиз „Слагалица“.

За нејзиниот живот со години ништо не беше познато освен тоа дека е мајка. Сепак, во едно од ретките интервјуа, Милица ја отвори душата и проговори за својата голема битка за здравјето што тивко ја водела.

Пред пораѓајот со својата помала ќерка, која сега има 14 г., на Милица ѝ бил дијагностициран бениген тумор. Иако многумина ја советувале да не го чепка, таа сепак го послушала докторот и по неколку години туморот се вратил.

Откако по втората операција го прашала докторот зошто ѝ се случува тоа, тој ѝ одговорил дека тоа се случува затоа што се нервира и како резултат на тоа доаѓа до хормонски дисбаланс, па нејзините гради реагирале така.

Приказната на Милица за „Глорија“, многумина ги освести дека здравјето е најважно и дека мора целосно да му се посветат. После тоа, водителката ги променила своите животни навики и сега води поздрав начин на живот. Со текот на годините успеала да се ослободи од сè што ѝ било токсично, вклучувајќи го и лошиот брак кој доживеал крах при првиот животен бродолом.

- На дваесет години не знаев апсолутно ништо, на триесет бев нешто попаметна, но и понатаму делував непромислено. И потоа, така вклопена во стереотипот, ужасно се трудев да му угодам на првото дете, на второто дете, на мојот сопруг. Не излегував од кујната со часови, со денови. Се трудев сè да биде совршено. И знаете што се случи? При првиот животен проблем се заврте и си замина. Рече: „Не можам повеќе вака, мене ми е тешко“ - изјави Милица за „Хело магазин“.

Водителката денеска живее исполнето, насмеана и среќна, грижејќи се за своето здравје, кариерата и ќерките.

притисни ентер