Украински политичар отпатувал на одмор во Тајланд, па го исфрлиле од партијата на Зеленски

Украинската владејачка партија избркала пратеник, откако извештаите дека тој патувал во Тајланд за време на војната со Русија, предизвикаа осуда во јавноста.

Портпаролката на партијата Јулија Паличук денеска изјави дека Микола Тишченко е исклучен од партијата „Слуги на народот“, откако на веб-страницата на украинската амбасада во Тајланд се појави соопштение дека Тишченко ќе се сретне со членовите на украинската дијаспора во тамошниот хотел.

Тишченко на Фејсбук објавил дека е на службено патување во Азија со одобрение од партиските лидери и „делува исклучиво во интерес на Украина“. Претседателот на парламентот Руслан Стефанчук рече дека не го одобрил патувањето.

Зимската посета на сончевата Југоисточна Азија дојде во време кога претседателот Володимир Зеленски одлучи да се справи со фактот дека претставниците сносат поголема одговорност за своите постапки. Политичките аналитичари рекоа дека Зеленски треба да им покаже на западните политичари и на уморните од војна Украинци дека е сериозен во казнувањето на злоупотреба на моќта.

Над десетина високи функционери беа отпуштени или поднесоа оставки оваа недела, вклучително и заменик обвинител кој беше под лупа на медиумите поради одморот во Шпанија.

Оставка поднел и советникот на претседателот, кого локалните медиуми го прозваа дека вози скапи автомобили.

Неделава Зеленски најави забрана за службени лица да одат на приватни патувања во странство. На повеќето украински мажи на возраст од 18 до 60 години веќе им е забрането да ја напуштат земјата поради воената состојба откако Русија ја започна својата инвазија на земјата во февруари минатата година.

ВМРО-ДПМНЕ: Талат е недостоен за функцијата премиер

Што ќе каже стопанот Ахмети, тоа го прифаќа слугата Ковачевски - Талат е недостоен за функцијата премиер.

Димитар Ковачевски и СДС се малцински партнери во владата на ДУИ и Али Ахмети.

Ковачевски со поддршката за Талат Џафери да биде премиер го потврди она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминатите години, а тоа е дека тој е спремен да прифати се што им нуди ДУИ и Ахмети, само за да продолжат матните бизнис зделки и криминал.

Талат Џафери е недостоен за функцијата технички премиер на владата.

Од Талат Џафери не може да се очекува спроведување на фер и демократски избори, бидејќи од функција на претседател на Собранието, ги прекршуваше Деловникот и процедурите, заклучуваше врата од пленарна седница за да не се пријават други пратеници за збор и со тоа ја прекрши демократијата.

Џафери не може да биде премиер бидејќи во 2001 година дезертирал од Армијата на Македонија.

Џафери не може да биде премиер бидејќи го блокираше законот за македонските бранители.

Талат Џафери е недостоен за функцијата бидејќи цела македонска јавност слушна како им се обраќа на собраниските службеници, со пцовки, навреди и закани.

Во некоја нормална земја, до сега Џафери ќе беше испратен во политичка пензија, а не да биде назначен за технички премиер на Македонија.

Само дезертерот Ковачевски може да прифати друг дезертер како Талат да управува со владата.

Со Ковачевски, СДС стана непрепознатлива партија, и освен што и отпаѓа рејтингот, туку е и целосно деградирана во владата.

Ковачевски е само обична марионета и слуга во владата, а Ахмети е стопан, се што тој кажува, Ковачевски само прифаќа.

Ахмети не работи за доброто на народот, туку лично за себе и фамилијата.

СДС и ДУИ ја носат Македонија во пропаст.

Затоа на изборите народот ќе ги казни и ќе ги испрати во длабока опозиција.

За Македонија да оди напред, потребно е СДС и ДУИ да си заминат час поскоро.ж

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Жирона за првпат во историјата ја победи Барселона и се врати на лидерското место во Ла Лига

Во натпревар од 16. коло на шпанскиот фудбалски шампионат Жирона синоќа како гостин ја победи Барселона со 4:2.

Жирона е без пораз во Ла Лига последните осум натпревари. Единствениот пораз во првенството го претрпе на 30 септември на средба со Реал Мадрид (0:3).

По овој натпревар, Жирона со 41 бод се искачи на првото место во поредокот, пред Реал со 39 бода. Барселона со 34 бода е на четвртото место.

Барселона за прв пат во својата историја загуби од Жирона. Пред сезоната 2016/17, тимот на Жирона никогаш не играл во Ла Лига. /МИА

Американски Ф-16 се урна над Жолтото Море

Американски борбен авион се урна за време на тренинг лет над Жолтото Море, објавија денеска американските сили во Кореја (USFK).

Пилотот на борбениот авион Ф-16 се катапултирал по што јужнокорејската морнарица го извлекла од морето меѓу Корејскиот Полуостров и Кина, соопшти УСФК.

Пилотот е во стабилна состојба, а причината за несреќата се истражува.

Авионот полетал од американската воздушна база во Гунсан, во западна Јужна Кореја. Вкупно 28.500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја. /МИА

притисни ентер