Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

Стоилковски: Власта да каже кои странски агентури влијаат на односите со Бугарија

Власта да не ги крие и да ги посочи со име кои се тие странски агентури кои влијаат на односите со Бугарија, да каже и кој ги финансира бугарските здруженија во Македонија.

Ако власта излегува со тврдење дека агентурни мрежи и странски пари се вклучени во креирањето тензии со Бугарија, бараме да не ги кријат и да ги посочат со име и презиме кои се тие агентурни мрежи и какво влијание прават. Бараме да се знаат и јавно да се идентификуваат за да граѓаните не подлегнуваат под нивно влијание, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција.

Како второ, Стоилковски посочи дека се бара финансиските институции да го следат текот на парите и да објават како се финансираат бугарските здруженија во Македонија.

- Трето и многу важно за владата во Македонија е да побара од Бугарија доследно почитување на одлуките на Судот за човекови права во Стразбур. Четврто, власта да реагира на омаловажувачките и негаторски политики и изјави од бугарска страна, истакна Стоилковски.

Стоилковски потенцира дека наместо измеќар и поданички однос, владата да има достоинствени позиции и однесување.

Стоилковски: СДС и ДУИ ја втурнаа државата во енергетска, економско-инфлаторна криза, па се фалат со невидливи автопати и железници

Нема да бидеме злобни како СДС и нема да кажеме дека власта организира Панаѓур, како што тоа власта го оценуваше првиот дводневниот политички Саем на промените што носат иднина, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски запрашан за став за тоа што Владата одржува дводневна конференција, на која премиерот Димитар Ковачевски на отворањето посочи дека главна тема била континуитетот кон подобар стандард и услови за живеење на граѓаните.

За разлика од владата, посочи Стоилковски, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците имаа со што да се пофалат реализирајќи крупни капитални и инфраструктурни проекти во сите полиња на општественото живеење, кои го олеснуваат и го подобруваат животниот стандард на македонските граѓани.

„Со таа разлика што ВМРО-ДПМНЕ и нејзините градоначалниците имаа со што да се пофалат во само една година, со 120 милиони евра реализирани проекти, 36 милиони евра за нови булевари и улици; 20 милиони евра во водоводна и одводна инфраструктура; проекти во градинки, училишта, спортот, културата“, истакна Стоилковски.

Потенцираше дека од друга страна владата на СДСМ и ДУИ немаат со што да се пофалат, се фалат со невидливи и непостоечки автопати и железнички, а единствено ако за нив за фалење тоа што Македонија ја втурнаа во енергетска, економска и инфлаторна криза.

„За разлика, СДС и ДУИ нема со што да се пофалат, освен ако е за фалење дека ја втурнаа државата во енергетска, економска, инфлаторна криза како и со невидливи автопати и железници и дека би продолжиле во стилот "како и до сега"“, рече Стоилковски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во коалиција против Данела Арсовска

Уште еднаш на дело се покажа коалицијата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ при денешното гласање во Заедница на единиците на локална самоуправа на Република Македонија.

Со здружени гласови на градоначалниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, претставници во ЗЕЛС, беше разрешена од позицијата претседател на ЗЕЛС, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Ова е само последниот пример за соработката помеѓу две партии на штета на граѓаните за нивните лични и теснопартиски интереси.

На постојниот политички естаблишмент очигледно му пречат луѓе со визија, вредни и чесни, луѓе кои се независни и делуваат исклучително во интерес на граѓаните. На СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ очигледно му пречат луѓе кои знаат да кажат не на корупцијата и криминалот, луѓе кои јавниот го ставаат пред бизнис интересот на врхушката во партиите.

Истите луѓе кои се најзаслужни за ерозија на македонското општество во сите сфери од денес ја превземаат контролата врз единствената национална асоцијација и непрофитна организација, во која на доброволна основа членуваат сите 80 општини и Градот Скопје.

Град Скопје

Санкционирани 80 возачи за брзо возење на подрачјето на СВР Охрид

МВР информира дека вчера, во периодот од 10.00 до 15.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид биле извршени засилени сообраќајни контроли, при што биле санкционирани 80 возачи за брзо возење.

– За време на контролите полициските службеници затекнале и санкционирале 80 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената, од кои 18 од Охрид, Струга – 48, Кичево – 5, Дебар – 9, известуваат од полицијата.

Засилените сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.

притисни ентер