Украинската војска го освои Лиман, градот го напуштија пет илјади војници

Ден по анектирањето на четирите украински региони од страна на Русија, Киев ја интензивира офанзивата на истокот на земјата.. 

Падна рускиот бастион во Украина – Лиман. Руските воени сили, односно околу 5.000 војници кои што беа опколени од страна на украинската војска се повлекоа од градот, а веста ја потврди и официјална Москва. Од Киев соопштија дека одбранбените сили веќе се влезени во досегашното руско упориште, а ваквата ситуација на терен е психолошки значајна, но и значаен чекор напред кон ослободување на Донбас. Украинските сили почнаа да ја наметнуваат својата волја и да го диктираат темпото, а не само да се бранат, а со тоа го трасираат патот кон независноста и територијалниот интегритет, порача претседателот Володимир Зеленски.

Имаме суштински резултати на истокот на нашата Украина, а и јавно се достапни доволно информации, па сите и слушнаа што се случува во Лиман, регионот Доњецк. Тоа се чекори кои што навистина ни значат, а јас сум благодарен на сите наши борци што го спроведоа овој елемент од нашиот одбранбен план кој е навистина важен.

Анектирањето на четирите украински региони од страна на Русија предизвикаа бурни реакции од страна на западот. Американскиот претседател Џо Бајден оцени Путин никого не заплашил со заканите и ќе се брани секоја педа од НАТО територијата.

Америка е целосно спремна заедно со нашите НАТО сојузници да го браниме секој сантиметар од НАТО територијата, секој еден сантиметар. Затоа, г-не Путин да не бидам погрешно разбран за тоа што го велам, секој сантиметар.

Одлуката за анексија на четирите региони, Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје ја отфрли и Турција, која не ја призна ниту анексијата на Крим во 2014 година.

Откако вчера Зеленски аплицираше за членство во НАТО, засега малку надеж има дека ќе добие експресно членство. По барањето на Зеленски, Украина по скратен пат да влезе во Алијансата, советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливен оцени дека процесот на зачленување ќе се остави за некое друго време, но поддршката на терен ќе остане.

Оваа недела најавивме значаен нов пакет од оружје од милијарда долари кој вклучува 18 нови високомобилни артилерии за Украина што е дел од нашата долгорочна посветеност да ги зајакнеме украинските вооружени сили за претстојните години, а очекуваме да имаме уште една најава за безбедносни системи наредната недела.

Во меѓувреме руските патроли го киднапирале Игор Мурашов, генералниот директор на најголемата европска нуклеарна централа стационирана во Запорожје, објави Петро Котин, претседателот на операторот Енергоатом. Засега како што вели неговата судбина е непозната.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

Повици за единство до опозицијата повторно испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно со повик за обединување до македонската опозиција. 

По митингот во Охрид, вчера и од Крива Паланка, се обрати до дел од опозициските партии ЗНАМ и Левица и ги повика на национално единство за борба против СДСМ и ДУИ. Прифаќањето на подадената рака, според него, ќе значи искрена и чесна борба за иднината на Македонија.

- Сакам да се обратам и до македонската опозиција. До партиите кои по разни основи се расцепкани. Јас доколку не повикам на национално обединување би го погазил супстратот и идеологијата на мојата партија, затоа што ВМРО е и Демократска партија за македонско национално единство. Пред сликата на руините и хаосот кој го прави оваа власт, ви велам дека секоја наша разлика со било која опозициска партија, било тоа да е Левица или ЗНАМ е помала од големата и заедничка работа пред нас, а тоа Македонија и нашата борба да кажеме дека има надеж и дека има иднина, потенцираше Мицкоски.

Повиците на Мицкоски за македонско единство ги искоментира и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на синоќешниот митинг во Струга. Според него на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, за да оди напред, наместо за мораториум.

- Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ. Исто како што го блокираше изминативе две години, тој е спремен да го одложува членството во ЕУ уште 11 години, исто како што правеше неговиот ментор Груевски. Наместо национално единство за мораториум, на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ. Тоа е вистинскиот пат за промени и токму тоа е одлуката што треба да ја донесете на овие избори, изјави Ковачевски.

Претходно, лидерот на ЗНАМ и претседателски кандидат Максим Димитриевски изјави дека позитивно гледа на повикот од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, но вели, можни разговори за идна влада ќе бидат условени со дефинирани црвени линии за Македонија. Димитриевски повтори дека не планира да коалицира со СДСМ.

Сепак, дел од аналитичарите во понудите за национално единство гледаат политички пинг понг на митинзи и предизборна реторика за глас повеќе, отколку за некаква заедничка стратегија по изборите.

- Повеќе сум склон да верувам дека сегашната реторика и повиците за обединување и одговорите од партиите се дел од предизборната реторика. Ние сме во период со високи емоции, со потреба за освојување на глас повеќе и тоа треба да се гледа низ таа призма. Точно е во политичка смисла дека после изборите ќе треба поголемите партии да седнат и да направат некаква заедничка визија, не само за уставните измени и патот кон ЕУ, туку и за оние проблеми кои долго ја мачат државата. Криминал и корупција, здравство, образование... тоа се проблеми кои надминуваат еден мандат и не може само една партија да ги реши. Но, не верувам дека сега партиите одбивањето или прифаќањето за понудите за национален консензус се предмет на некој поопсежна политичка анализа, оценува Петар Арсовски за Канал 5.

Во меѓувреме партиите продолжуваат со презентација на изборните програми. Во истовреме продолжува и кампањата за претседателските избори на неполна недела до првиот круг за избор на шеф на државата.

Тошковски: Бојмацалиев нема потреба да оди до Меџитлија, обрасците се во магацинот на МВР

Изјава на министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски.

Тошковски вели дека 30.000 обрасци за патни исправи се пристигнати и дека се наоѓаат во магацинот на МВР. Тој додаде дека Бојмацалиев нема потреба да оди до Меџитлија за да ги види обрасците.

Министерот за проблемот со долгото чекање за издавање на пасоши го обвини претходниот менаџмент на МВР, бидејќи, како што вели, не успеале да набават дополнителни машини за печатење.

притисни ентер