Украинците објавија снимки од злосторствата на руската војска (Вознемирувачко видео)

Украинската служба за безбедност денеска сподели видео на Твитер на кое се гледа „сцена на воено злосторство од страна на руските војници“.

Тие рекоа дека руските војници неодамна пукале врз конвој цивили меѓу окупираниот Сватов во областа Луганск и ослободениот Купјанск во регионот Харков.

„Нападот на конвојот за евакуација на цивили е суровост за која нема оправдување“, изјави денеска украинскиот регионален гувернер.

Украинската безбедносна служба објави дека руските сили гранатирале седум возила од конвојот меѓу окупираните Сватов и Купјанск, кои ги држат Украинци.

Гувернерот на Харков, Олех Синехубов изјави дека се пронајдени 20 тела и дека тоа е „суровост за која нема оправдување“. Засега не се знае кога се случил нападот, но властите претпоставуваат дека се случил во септември.

SBU објави фотографии од уништени возила долж железничката пруга, каде што може да се видат јагленисани човечки останки.

Руските сили не ги коментираа извештаите за нападот. Тие се повлекоа од поголемиот дел од регионот минатиот месец по успешната украинска контраофанзива, но продолжуваат да ја гранатираат областа.

Официјални лица назначени од Русија во источна Украина, исто така, ја обвинија Украина за гранатирање на конвојот цивили кои се евакуирале од регионот Харков, при што загинале околу 30 луѓе. Не е јасно дали се работи за истиот конвој.

Утринскиот ритуал на Новак Ѓоковиќ без кој не му почнува денот! (фото)

Познатиот спортист и еден од најдобрите тенисери во историјата го пронашол својот рецепт за среќа и овој пат го сподели со светот.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со години е на самиот врв на популарниот бел спорт, има успешен брак, среќно семејство и им помага на бројни деца преку работата на својата фондација. Многумина се прашуваа како го постигнува сето тоа. Се чини, многу лесно.

Новак се труди во јавноста секогаш да шири само позитивни пораки за охрабрување и да не дозволи никаква животна препрека да го оддалечи од зацртаниот пат. Овој пат тој откри во што е неговата тајна.

- Се молам секое утро. Прво изразувам благодарност за здравјето, за можностите да ја продолжам својата еволуција како мултидимензионално битие во овој живот. Благодарен сум на Бога за моето семејство, за моите чувства, што се будам во голем кревет за да ги видам најубавите изгрејсонца. Благодарен сум за тоа што продолжувам да работам на работите за коишто зборував, за тоа што напорно работам и тренирам, за обврските што ги имам како татко и сопруг - изјави Новак во една прилика.

Тој советуваше секое утро да се прават вежби за смирување на умот и целиот организам, и дека најважно е денот да се започне со позитивни мисли.

-Мора да го правите тоа на дневна основа, без разлика дали тоа е двоминутна вежба за медитација или молитва. Понекогаш навистина немате многу време, но важно е да бидете дисциплинирани и да продолжите со таа пракса. Кога имате отворен ум, подготвени сте да примите сè што ве опкружува во овој прекрасен свет. Ние сме благословени што живееме во овој свет и што поминуваме низ процесот на еволуција. И кога ќе дојдете до прагот на сознанието кои сте, и понатаму продолжувате да трагате по вистината. Тоа ве носи поблиску до Изворот од кој потекнувате и прави да се чувствувате присутно, смирено, исполнето со радост и благодарно што постоите, што постојат сите тие што ве опкружуваат и ве исполнуваат. Тоа е суштината на животот – заклучи Ѓоковиќ.

Катарина Живковиќ во најминијатурно мини што некогаш сте го виделе (фото)

Младата поп уметница ги воодушеви своите фанови со најновиот имиџ, но имаше и такви кои се запрашаа што носи и како функционира во таква комбинација.

Пејачката Катарина Живковиќ редовно настапува во регионот. Нејзината најнова објава на Инстаграм за која доби низа пофалби пред сè за физичкиот изглед, ги збуни нејзините придружници, имено, не им беше најјасно дали во долниот дел носи појас или здолниште.

Сепак, тие го оценија нејзиниот изглед како успешен и се согласија дека пејачката никогаш не изгледала поатрактивно. Во горниот дел Каќа се одлучила за маичка од тул со долги ракави, па привидно изгледа како нејзиното тело да го покрила со тетоважи. Оваа комбинација ја дополнила со долги црвени чизми до над колена.

Поединци на шега прашуваа дали Каќа „го заборавила здолништето некаде по пат“, како и тоа дали може да седи со тоа мало парче облека.

Сепак обожавателите на Инстаграм, каде пејачката ја следат околу 300.000 лица, нејзиниот изглед го оценија како впечатлив.

Овде живеел Саша Поповиќ пред да се збогати, нема да верувате кој му бил дедо (Фото)

Хармоникашот и човекот одговорен за кариерите на бројни млади пејачи, Саша Поповиќ, може да се пофали со многу интересна животна приказна.

Еден од најмоќните и секако најбогатите луѓе на регионалната музичка сцена е роден во 1954 година во Нови Сад, каде живеел до 1996 година кога се преселил во Белград. Со своите баба и дедо, родителите и пет години постарата сестра живеел во парохискиот дом покрај Николаевска црква каде што служел неговиот дедо. Стеван Поповиќ бил свештеник три децении.

Едно време се шпекулираше дека токму дедото на Поповиќ ги венчал Алберт и Милева Ајнштајн во Николаевската црква.

- Не знам дали дедо ми ги крстил децата на Милена и Алберт Ајнштајн. Она што е сигурно е фактот дека тој беше првосвештеник 30 години, во периодот 1933-1963 година – изјави еднаш Поповиќ за локалните медиуми.

Како дете сакал да игра фудбал, па татко му го одвел на првиот натпревар на фудбалскиот клуб „Војводина“ кога имал осум години. Оттогаш фудбалот му станал главна преокупација. Неколку години тренирал во Војводина и сонувал професионално да се занимава со тоа. Сепак, животот го одвел во сосема друга насока.

Неговиот татко му купил хармоника, а подоцна Поповиќ се запишал во средно музичко училиште и ја продолжил музичката кариера. Веќе на 17 години имал свој оркестар со кој настапувал на разни веселби. Со емотивна и финансиска помош на родителите го основал оркестарот „Лира шоу“ со кој доживеал голема популарност. Пресвртот се случил кога Милован Илиќ Минимакс во неговата емисија „Претежно ведро“ на гостите им пуштил снимка од настапот на оркестарот на Поповиќ. Тогаш Брена го добила прекарот „Лепа“, а оркестарот „Лира шоу“ официјално станал „Сладки грех“.

Инаку, Саша Поповиќ е во среќен брак со Сузана Јовановиќ со кого ја имаат ќерката Александра. Сузана од првиот брак го има и синот Даниел.

притисни ентер