Голема и успешна контраофанзива на таа руска линија на напредување ќе резултира со тежок неуспех на Москва во битката за Донбас, источноукраински регион што Русија се обидува целосно да го окупира.
Руските сили се обидуваат да се пробијат јужно од Изум, обидувајќи се да ги заобиколат украинските сили кои ја држат одбраната на линијата на источниот фронт. „Насоката Изум е сè уште најтешкиот дел“, ја коментираше ситуацијата регионалниот гувернер Олех Синегубов на социјалните мрежи.
„Таму нашите вооружени сили тргнаа во контраофанзива. Непријателот се повлекува на некои фронтови, што е резултат на упорноста на нашите вооружени сили“, напишал тој. Украинските сили повторно ја зазедоа територијата во североисточниот дел на земјата, одбивајќи ги Русите од вториот по големина град во Украина, Харков, во најбрзото напредување откако московските трупи се повлекоа од Киев.
Украинците уништија делови од руски конвој оклопни возила додека руските сили се обидуваа да ја преминат реката во Донбас, според снимките од украинската армија споделени во петокот. Украинскиот министер за одбрана претходно предвиде уште многу недели жестоки борби.
Русија ја нападна Украина на 24 февруари, упатувајќи се кон главниот град, но не успеа да влезе во Киев, а потоа се повлече и го фокусираше своето воено напредување кон југ и регионот на Донбас.
Официјална Москва на 19 април објави дека е започната втората фаза од „специјалната воена операција“. Во соопштението се наведува дека целта на операцијата е да се разоружа Украина и да се заштити од фашистите. Киев и западните сојузници го отфрлаат ова тврдење како лажен изговор за започнување на неиспровоцираната агресија.