Украина ја поздравуваат можната турска помош во извлекувањето на ранетите војници од Азовстал

Украинскиот вицепремиер изјави дека владата ќе ја поздрави можноста за турско или кинеско посредување во помагањето да се организира евакуација на ранетите војници од комплексот Азовстал во Мариупол.

Ирина Верешчук на украинската телевизија рече дека „турската страна навистина може да биде посредник во прашањата за извлекување. Сега зборуваме за сериозно повредените и ова е прашање до Меѓународниот Црвен крст. Ако Турција може да биде посредник во ова, тоа би било добро“.

„Ако Си Џинпинг може да влијае, и тоа би било добро. Се надеваме на најдоброто“, рече таа.

Верешчук рече дека ако Турција или Кина не се вклучени, „барем треба да биде потпишан документ од претставници на МКЦК кои, според Женевските конвенции, имаат овластување да го следат процесот и згора на тоа, да бидат лидери во овој процес“.

„Сакаме да се потпише документ, како точно ќе се изврши евакуацијата од Азовстал, со кој ќе се постави коридор што ќе функционира и ќе овозможи тешко ранетите војници да бидат однесени во Запорожје.“

Верешчук зборуваше додека портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, наведе една опција за евакуација.

„Имавме голем број планови, предлози. Првиот беше војниците од Мариупол до Бердијанск, а од пристаништето Бердијанск до брод во Истанбул, да ги донесат овде во Турција. Таа понуда се уште е на маса“, рече тој. Бердијанск е под контрола на Русите и е на околу 50 милји западно од Мариупол.

„Бродот сè уште е во Истанбул. Подготвен е за пловидба, но чекаме конечно одобрение од руската и од украинската страна за да замине во Бердијанск и да ги донесе повредените војници во Турција“, рече Калин, објави Си-Ен-Ен.

Г: Скопје: Реконструкцијата на пешачките патеки во Градски парк во завршна фаза

Реконструкцијата на пешачките патеки во Градски парк во завршна фаза – се асфалтираат патеките позади Луна парк.

Екипите на Градот Скопје и ЈП Улици и патишта продолжуваат со активности за реконструкција на пешачките патеки во Градскиот парк.

На терен деновиве се асфалтираат пешачките патеки позади Луна паркот. Патеките се со должина од 110 метри и широчина од 6,5 метри, со вкупна површина од околу 710 квадратни метри.

Реконструкцијата на пешачаките патеки во Градскиот парк на вкупна површина од 9000 квадратни метри се реализира во фази, а досега целосно се реконструирани 7500 квадратни метри. Најголемиот дел од патеките веќе се целосно реконструирани и асфалтирани, а граѓаните може да ги користат за прошетки и рекреација.

Град Скопје

Вечерва во Само Интервју ќе гостува Стевчо Јакимовски.

Дами и господа вечерва во Само Интервју ќе гостува лидерот на Гром и градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Во каква кондиција е коалицијата ГРОМ – ВМРО-ДПМНЕ и дали ќе излезе на анти-владиниот протест на 18 јуни?

предвремени или редовни - какви избори се подобро решение за кризни времиња?

Зошто Јакимовски би им ставил вето на Шведска и Финска за влез во НАТО? Ќе биде ли јуни се или ништо за евроинтеграциите?

Зошто во Карпош свети секоја втора бандера, на кого му треба зонско и што ќе прават отпишаните деца од градинките?

Вечерва во Само Интервју Гоце Михајлоски ќе прашува, Стевчо Јакимовски ќе одговара, а вие гледајте Канал 5 Телевизија.

АВМУ: Новинарите не смеат да бидат неосновано повикувани на службен полициски разговор

Повикување на информтаивен разговор за неемитувана вест, негативно ќе се одрази на слободата на медиумите.

Во врска со повикувањето на информативен разговор на уредничката на ТВ Телма од страна на МВР за вест што не е емитувана на програмата на телевизијата, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) посочува дека ваквите дејствија можат негативно да се одразат на слободата на медиумите.

– Новинарите и останатите медиумски работници не смеат да бидат неосновано повикувани на службени полициски разговори, имајќи превид дека имаат заплашувачки ефект и во иднина можат да водат кон самоцензура. Ваквите постапки на истражните органи кон медиумските работници претставуваат притисок врз медиумите и нивно слободно работење, се наведува во соопштението од АВМУ.

ТВ Телма соопшти вчера дека уредничка од телевизијата била повикана на информативен разговор за необјавена вест.

притисни ентер