Украина губи до 100 животи дневно

Украина губи меѓу 50 и 100 животи на истокот од земјата секој ден, изјави вчера претседателот Володимир Зеленски за време на брифингот со новинарите.

Тој рече дека убиените ја бранеле својата земја

.Зеленски не даде повеќе детали, но се чини дека коментарите се референца за воени загуби и се знак за тоа колку жестоки се борбите на исток.

Руските сили ги засилија своите обиди да заземат градови во источниот регион Донбас, со фокус на градот Северодонецк.

Бројот на загинати во Русија е еднаков на оној во авганистанскиот конфликт.

Украинското министерството за одбрана предвидува дека руските жртви, како што продолжуваат да растат, ќе станат поочигледни за руската јавност, а „јавното незадоволство од војната и подготвеноста да се изрази може да се зголеми“.

Инаку Нов Зеланд испраќа војници во Велика Британија за обука на украински војници премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, изјави дека нејзината земја ќе распореди дополнителни 30 одбранбени сили за да помогнат во обуката на нивните украински колеги.

МВР: 173 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 60 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место, соопшти МВР.

Средба на Пецаков со претставниците на УНЕСКО, О.Охрид посветена на задржување на статусот

 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со неговиот тим оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО што престојува во работна посета на земјава.

Пецаков пред членови на Центарот за светско наследство, на Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и на Националниот координативен тим од Македонија ја истакнал силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион.

„Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО“, вели Пецаков.

Мисијата на УНЕСКО во Охрид ќе биде неколку дена, а како што посочи претходно министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, претставниците на Светската организација се тука за да ја утврдат фактичката состојба околу заштитата на Охридскиот регион на терен,со средби со претставници на сите засегнати институции и субјекти. Од мисијата на УНЕСКО ќе произлезат заклучоци според кои државата е треба да постапува во насока на заштита на Охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.

МВР: 34 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

 Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

При контролата санкционирани се 34 прекршоци, од кои 23 поради неисправен уред за запирање, соопшти МВР.

Упатени на вонреден технички преглед биле 181 автобус и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 159 други видови на сообраќајни прекршоци.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци.

притисни ентер