Укинување на ДДВ за струја и гас поради високите цени во регионот и Европа

Освен увоз на јаглен и најава за зголемено домашно производство, други мерки владата засега не планира, и покрај вртоглавиот раст на цената на струјата што се очекува да предизвика силен притисок врз животниот стандард. 

Уверуваат дека состојбата ја следат внимателно и во регионот и во Европа и тврдат дека нема потреба од загриженост кај граѓаните...

„Владата ја следи состојбата и ги презема сите механизми кои се на располагање како на Владата, така и на ЕСМ и на МЕПСО и сакаме повторно да укажеме дека нема простор за загриженост и да апелираме да се внимава со изнесувањето на пораки кон граѓаните.“ велат од Владата.

За разлика од кај нас, Чешка веќе одлучи да го укине ДДВ-то за струја и гас за наредните два месеци, Германија преку укинување на давачките за обновливи извори ќе им помага на домаќинствата да ги плаќаат сметките за струја. Албанија прогласи вонредна состојба. Помош најавија и Грција, Франција, Италија, Шпанија и Полска.

Србија пак има доволно струја и гас, но во трка за постабилни цени српскиот претседател Вучиќ за следниот месец закажа и средба со Путин.

А, цените на енергенсите веќе ја подгреваат и инфлацијата кај нас. Народната банка најави зголемување на проекцијата.

„Со априлскиот циклус на проекции проектиравме стапка на инфлација од 2,2%, но судејќи ги најновите остварувања кај инфлацијата, како и проекциите, особено за движењето на цените на храната и енергијата, најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата. Тоа ќе биде направено со новиот цикулс на макроекономски проекции кој е во фаза на финализација. “ изјави Анита Ангеловска Бежовска, Гувернер на Народна Банка

Цената на струјата на светските берзи достигна сума од 190 евра за мегават час. Експертската јавност веќе алармираше дека зимските месеци ќе бидат тешки. Стабилизација на цените се очекува во првата половина од наредната година. Она што е познато е дека цената на струјата за домаќинствата се гарантира само до Нова Година..

Прва објава на Кејт Мидлтон, откако откри дека има рак- има посебен повод (ФОТО)

Инстаграм профилот на Кенсингтонската палата објави фотографија од најмладиот син на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Луис, по повод неговиот 6-ти роденден.

Фотографијата ја направила неговата мајка.

На фотографијата е насмеаниот принц Луис, кој денес полни 6 години.

„Среќен 6-ти роденден, принц Луис. Ви благодариме на сите за убавите желби“, пишува на фотографијата.

Ова е прво јавно појавување на војвотката од Велс по долго време откако таа се повлече од јавниот живот откако објави дека боледува од рак. Фотографијата на младиот принц ја направила Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.

Според Sky news, фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека е немонтирана.

Медиумите пишуваат дека Вилијам и Кејт ја објавиле фотографијата за да им се заблагодарат на сите што им испратиле честитки, а во исто време ја штитат нивната приватност.

Изминатите неколку месеци беа предизвик за семејството откако Кејт објави дека боледува од рак.

Иако се зборуваше дека таа најверојатно ќе се врати на кралските обврски по Велигден, тоа се уште не се случило.

Вооружените сили на Хондурас заплениле 2,7 тони кокаин, наменет за американскиот пазар

Вооружените сили на Хондурас соопштија дека заплениле 2,7 тони кокаин скриен во два глисери.

Запленети се вкупно 2.760 пакувања со дрога, тешки по еден килограм“, потврдил портпаролот на вооружените сили на Хондурас, Сантос Ноласко, пренесува парискиот весник „Фигаро“.

Дел од дрогата бил закопан на плажа на Карибите, а потрагата продолжува за да се најдат други пакети скриени во областа, рече Ноласко.

На 24 март, поморските сили на малата централноамериканска земја заплениле повеќе од 1,3 тони кокаин и уапсиле 10 осомничени шверцери на дрога кои дејствувале во регионот на Карибите.

Од 1970-тите, Хондурас е транзитна рута за кокаин од земјите производители во Јужна Америка до САД, но во јануари 2022 година, по доаѓањето на власт, новиот претседател Ксиомара Кастро вети дека ќе се бори против трговијата со дрога.

Неговиот претходник, Хуан Орландо Хернандез, беше екстрадиран и приведен во САД набргу откако тој ја напушти претседателската функција.

На крајот од историското судење, федералната порота во Њујорк на 8 март го прогласи Хернандез за виновен за олеснување на увозот на 500 тони кокаин во Соединетите држави помеѓу 2004 и 2022 година.

Хуан Ернандез ќе биде осуден на 26 јуни и се соочува со доживотен затвор.

ДИК со последни подготовки пред утрешниот изборен ден

Речиси 7.000 болни и изнемоштени лица, затвореници во казнено-поправните домови и лица во притвор, оние во старечките домови, како и нашите  државјани во странство, денеска гласаат, ден пред утрешните претседателски избори.  

Гласањето на болните и немоќни лица, во ДКПта и казнено-поправните домови се одвива без проблеми, а Државната изборна комисија е целосно подготвена и за утрешниот изборен ден- соопшти првиот човек на ДИК Александар Даштевски. Резултатите од гласањето на овие категории на граѓани кои традиционално го остваруваат гласачкото право ден пред сите останати, ќе се пребројат и ќе се објават комплетно по завршување на изборниот молк утревечер. Од ДИК велат дека за следење на овие претседателски избори, освен домашните, интерес покажале значителен број и странски организации и медиуми.

Од Државната изборна комисија соопштија дека во Избирачкиот список за овие избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи. Во дипломатско конзуларните претставништва гласаат 2569 граѓани, од казнено-поправните установи 2147 лица, а во своите домови гласачкото право имаат можност да го остварат близу 7000 лица кои се пријавиле како болни и немоќни.

притисни ентер