УКИМ и КХВ ќе соработуваат во областа на пазарот на капитал

Целта на соработката е меѓусебно помагање и подобрување на квалитетот на образованието во нашата држава, но пред сè вклученост на  студентите во практичната настава и работење.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" Никола Jанкуловски и претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес и обезбедување достапност на професионална размена на стручност и искуства за професорите и студентите на УКИМ во областа на пазарот на капитал и хартиите од вредност.

Целта на соработката е меѓусебно помагање и подобрување на квалитетот на образованието во нашата држава, но пред сè вклученост на студентите во практичната настава и работење.

Како што соопшти УКИМ, Универзитетот и Комисијата се согласија да соработуваат со широк спектар на активности и иницијативи за едукацијата и подобрувањето на знаењето и стручноста со особен осврт на специјалистичките и магистерските студии, како и во делот на сертификацијата од значење за спроведување на едукацијата од областа за пазар на капитал и хартии од вредност, како и слични форми на стручно професионално и академско информирање од областа на пазарот на хартии од вредност и поврзување на теоријата со праксата за потребите на студентите.

– УКИМ и КХВ поставија основа за долготрајна партнерска соработка за воспоставување стручна неформална едукација за студентите од прв и oд втор циклус на студии во областите на економијата, финансиите, деловното и финансиското право, пазарите на капитал и финансиските инструменти согласно домашните и меѓународните регулативи. Меѓу другото, за потребите на наставно-научниот процес, може да се изведува практична настава се со цел да им се обезбеди на студентите можност да се стекнат со практични знаења и вештини, како и со работно искуство кое ќе ја зголеми нивната конкурентност и ќе им помогне при вработувањето во иднина, се наведува во соопштението ан Скопскиот универзитет.

Покрај тоа, Комисијата за хартии од вредност врз основа на утврдената академска процедура може да даде стручно мислење за изготвени дипломски, магистарски и докторски трудови од областа на пазарот на капитал, домашното и меѓународното право, економијата, финансиите, финансиските инструменти, финансиското работење и менаџментот.

– На тој начин, УКИМ и Комисијата ќе работат на финансиска едукација и зголемување на нивото на финансиска писменост на населението во Република Македонија. Во престојниот период ќе се реализираат и заеднички семинари и конференции поврзани со пазарот на капитал. Притоа ќе се овозможи размена на стручна литература од областа на домашното и меѓународното право, економијата, финансиите, хартиите од вредност и финансиските инструменти. Воедно, УКИМ и КХВ заеднички ќе партиципираат во проекти кој ќе се аплицираат за финансирање од земјите членки на Европската Унија, како и користењето на останатите меѓународни фондови од САД и од светот за развој на земјите од Западен Балкан. На тој начин ќе се создаде во континуитет креативна интелигенција, која ќе биде поттикнувач за секој поединец во функција на креирање на успех, наведува УКИМ. /МИА

Галант: Половина од командантите на Хезболах загинале од 7 октомври

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант тврди дека од 7 октомври 2023 година во израелските напади се убиени половина од командантите на Хезболах во јужен Либан, додека добар дел од нив сега ги напуштаат своите позиции.

„Нашата главна цел беше и останува да создадеме поинаква безбедносна ситуација овде (во близина на сината линија која ја повлекоа Обединетите нации) и дека жителите на северен Израел можат безбедно да се вратат во своите домови. Во овој поглед, разгледуваме неколку решенија“, изјави Галант. /МИА

ЕУ бара независна истрага за масовните гробници во болниците во Газа

ЕУ денеска објави дека бара „независна“ истрага за масовните гробници во близина на двете главни болници во Појасот Газа.

„Бараме независна истрага за сомнежите и околностите на тоа откритие, бидејќи тоа создава впечаток дека можело да има прекршување на човековите права“, рече Петер Стано, портпарол на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

ОН вчера повика на независна истрага за масовните гробници откриени во двете главни болници во Појасот Газа.

Во изјавата, високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк рече дека е „ужасен“ од уништувањето на најголемата болница во Газа, болницата Ал Шифа и медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, како и од откривањето на масовните гробници до нив.

Израелската армија негираше каква било одговорност и рече дека е „неосновано верување“ дека ги закопала телата на Палестинците.

Претставник на цивилната одбрана во Појасот Газа вчера изјави дека неговите тимови во саботата откриле тела на 340 луѓе во масовни гробници во кругот на болницата „Насер“. /МИА

Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештај на ФАО

 Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 година беше малку помал отколку во 2022 година, тој остана над нивото пред пандемијата.

Во него се нагласува дека процентот на луѓе кои се соочуваат од акутен глад останува висок, а главни фактори зад овој тренд се воените конфликти, екстремните временски услови и економските шокови, кои продолжуваат да го загрозуваат одржливиот развој на светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека влошувањето на ситуацијата во светот како резултат на овие фактори претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната во тековната 2024 година.

Извештајот на ОН ги става Авганистан, ДР Конго, Нигерија, Судан и Етиопија во првите пет земји погодени со најакутна криза со храна. /МИА

притисни ентер