УЈП бележи намалување на наплатата на даноците од 6,7 проценти

Управата за јавни приходи (УЈП) бележи намалување на наплатата на даноците од 6,7 проценти. Намалување има речиси кај сите даноци, освен кај данокот на личен доход кај кој има повисока наплата од 1,8 проценти споредено со јуни 2019 година.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање информира дека вкупниот даночен приход во јуни изнесува 5.240.928.514 денари.

Намалување од 17,3 проценти има кај данокот на добивка што, според Лукаревска, можеби се должи на предвремената наплата на овој данок од страна на одредени даночни обврзници.

– Намалувањето произлегува од пониската наплата на месечните аконтации на данокот на добивка што може да е резултат на предвремените уплати на месечните даночни биланси кај определен број на даночни обврзници, рече Лукаревска.

Одредено намалување има и кај данокот на додадена вредност, односно нето приходот е намален за 7,5 проценти, а бруто приходот за 1,7 проценти во споредба со јуни лани.

Јанушев: Во новата влада 40 отсто ќе бидат жени

 Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата кандидати за пратеници во Третата изборна единица Игор Јанушев денеска соопшти дека 40 отсто од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат жени.

– Она што сакам да го соопштам, а што веќе го разговаравме и со членките на Унијата на жени, она што планираме како ВМРО-ДПМНЕ во следните четири години предводејќи ја владата да го направиме во однос на родовата еднаквост и затоа најавуваме дека 40 проценти од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат жени, изјави Јанушев во Свети Николе, каде има средба со граѓаните.

Посебен акцент, како што рече, ќе ставиме на семејното насилство, односно искоренување на семејното насилство и донесување на жената на она место кое што навистина го заслужува во општеството.

-Ќе обрнеме особено внимание на жената земјоделец, кое што е многу сериозно прашање особено во Свети Николе и Светиниколско бидејќи земјоделството е една од главните гранки од што живее овој наш трудољубив народ, рече Јанушев. Потсети и на поддршката во спортот.

Затвореник во КПУ Идризово позитивен на Ковид – 19

Во затворот во Идризово регостриран е првиот затвореник позитивен на коронавирусот Ковид – 19. Покрај заразениот од вирусот, во изолација се уште десет затвореници од неговата и соседната ќелија кои имале контакт со него.

Како што информира директорот на затворот Боби Мојсовски за МИА, затвореникот кој бил од Велес, бил на викенд од 24 до 27 јуни и на 30 јуни пријавил дека има покачена темпаратура при што му е направен тест за Ковид кој бил позитивен.

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 .

Во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-3, Ресен-3. Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар. Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-1, Штип-7, Тетово-12, Струга-10, Велес-1, Охрид-4, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Неготино-2, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица, на возраст 64, 73 и 80 години. Во ГОБ „8 Септември" починати се девет пациенти, од кои двајца на возраст од 54 години, а останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години.

Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 и 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625, бројката на оздравени пациенти е 2.748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.556. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3208, активни 2010

• Куманово 769, активни 219

• Дебар 102, активни 50

• Штип 355, активни 161

• Прилеп 269, активни 43

• Тетово 723, активни 389

• Струга 242, активни 145

• Велес 189, активни 42

• Битола 54, активни 20

• Охрид 180, активни 151

• Кавадарци 21, активни 15

• Гостивар 129, активни 70

• Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 16, активни 10

• Крива Паланка 15, активни 9

• Радовиш 4,

• Крушево 7, активни 4

• Кочани 73, активни 21

• Пробиштип 20, активни 11

• Демир Хисар 2, активни 1

• Македонски Брод 5, активни 3

• Пехчево 6, активни 3

• Берово 3, активни 1

• Валандово 7, активни 3

• Виница 3,

• Делчево 1,

• Кратово 4, активни 1

• Свети Николе 36, активни 32

• Кичево 38, активни 32

• Ресен 111, активни 97

• Неготино 21, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1653 теста се преку: ИЈЗ –1.001, Авицена –101, Биотек –105, МАНУ -112, Клиника „Жан Митрев" -138, Судска медицина-6, Систина со PCR метода -161, ЦЈЗ Битола – 29. Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти од кои на кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и шест деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се седум нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти од кои на респираторна машина се осум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 422

• Аеродром – 154

• Бутел – 162

• Гази Баба – 177

• Центар – 141

• Карпош – 160

• Сарај – 155

• Кисела Вода – 114

• Ѓорче Петров – 110

• Студеничани – 110

• Шуто Оризари – 88

• Арачиново – 51

• Илинден – 32

• Петровец – 17

• Чучер Сандево – 20

• Сопиште – 13

• Зелениково-4

• Странец – 2.

притисни ентер