Учениците во земјава по завршување на основото и средно образование добиваат знаење како за 7,3 години учење

 Индексот на човечи капитал на Светска банка во земјава во периодот 2010 – 2020 година се зголемил од 0,54 на 0,56, но сепак е понизок споредено со просекот во регионот на Европа и Централна Азија и земјите со висок среден приход.

Според Индексот на човечки капитал, дете родено денес во Македонија ќе достигне 56 проценти од својот потенцијален човечки капитал кога ќе порасне, во споредба со она што би можело да го достигне доколку има квалитетно образование и здравствена заштита.

– Дете, кое во Македонија започнува со училиште на четиригодишна возраст се очекува да заврши 11 години предучилишно, основно и средно образование додека да наполни 18 години. Меѓутоа, кога годините на школување ќе се приспособат според квалитетот на наученото, тоа е еквивалентно на само 7,3 години, што значи дека има јаз во учењето од 3,7 години, се наведува во извештајот на Светска банка. Индексот на човечки капитал, кој ги мери резултатите од човечкиот капитал низ целиот свет пред пандемијата.

Во него за резултатите во здравството во земјава се наведува дека 99 од 100 деца родени во Македонија доживуваат до петгодишна возраст.

– Македонија од 2010 година направи значителни напори во подобрување на резултатите во образованието и здравството, но сѐ уште постојат предизвици. За подобрување на човечкиот капитал, земјата треба да инвестира повеќе во квалитет и рамномерен пристап во образованието, вели Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во земјава.

Тој додава дека исто така, многу е важно и зајакнување на системот за превенција од хронични незаразни болести, преку подобрување на скринингот, управувањето и контролата.

Изветајот наведува дека земјите од регионот имаат релативно повисоки приходи, така што се во можност да инвестираат повеќе во основно образование и здравствени услуги, споредено со посиромашните земји.

– Владите во Европа и Централна Азија дадоа приоритет на инвестициите во здравството и образованието, кои се главни двигатели на растот и развојот. Сепак, за предизвиците предизвикани од КОВИД-19 потребен е посилен одговор на политиките, што вклучува поголемо користење на технологијата со цел подобрување на услугите и подобрени програми за социјална заштита, со цел постигнување подобар квалитет на образованието и здравствените услуги за граѓаните, порачува Ана Бјерде, потпретседатлка на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија.

Извештајот вклучува и десетгодишна анализа за развојот на човечкиот капитал од 2010 до 2020 година во 103 земји. Албанија, Азербејџан и Русија се меѓу 10-те земји кои бележат прогрес во здравството и образованието.

Резултатите покажуваат дека во здравството во регинот се релативно добри, во рамки на глобалните стандарди.

Во последните 10 години, смртноста на децата значително е намалена во Азербејџан, Казахстан и Турција, а забележано е значително намалување на стапките на забавување во развојот кај децата во Албанија, Азербејџан, Македонија и Турција. Стапката на смртност кај возрасните е намалена особено во Казахстан, Русија и Украина, но се уште останува висока во повеќето земји.

Во делот на образованието извештајот покажува дека во просек, квалитетот на образованието не се подобри во целиот регион во изминатата деценија.

Од Светска банка во извештајот наведуваат дека сепак, пандемијата предизвикана од КОВИД-19 се заканува на досегашните придобивки, додека владите се трудат да ги одржат здравствените и образовните услуги соочени со ограничувањата за заштита на јавното здравје, вклучително и затворање на училиштата.

Индексот на човечки капитал на Светска банка го разгледува патот на детето, од раѓање до 18 години, според утврдени стандарди (показатели) како што се: преживување на децата (од раѓање до 5 години); очекувани години на основно и средно образование прилагодени според квалитетот на образованието; забавување во развојот кај децата; и стапки на преживување кај возрасните. Индексот на човечки капитал 2020 базиран на податоци до март оваа година, обезбедува основа од периодот пред пандемијата, што може да помогне во информирањето на здравствените и образовните политики и инвестициите за пост-пандемиско закрепнување.

Светска банка помага на владите во развој на долгорочни решенија преку кои ќе изградат поотпорни, инклузивни економии во периодот по пандемијата. Примери за таквата работа ја вклучува Украина, каде Светска банка помага во зајакнување на одговорот на земјата во борба против КОВИД–19, и вклучува модернизација на одделите за итна помош и одделенијата за мозочен удар во 40 болници, како и обука за илјадници доктори во Украина. Во Турција, Светска банка го поддржува развојот на ТВ и дигитални содржини за комбинирано поучување и учење кога училиштата повторно ќе се отворат. /МИА.

Скудетото му носи нов договор на Инзаги

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги наскоро би требало да потпише нов договор со клубот, пренесуваат италијанските медиуми.

Интер игра одлично сезонава, во поголемиот дел од сезоната е лидер во италијанското првенство и само прашање на време е кога математички ќе ја обезбеди титулата, па нов договор за тренерот е само логичен редослед на настаните.

Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2025 година, клубот сака да му обезбеди подолг престој, па ќе му понуди продолжување до 2027 година.

Симоне пристигна во клубот од Милано во 2021 година по неговиот ангажман во Лацио.

Оттогаш, тој освои вкупно пет трофеи – два Купа на Италија и три италијански Суперкупа.

Минатата сезона го предводеше Интер до финалето на Лигата на шампионите каде загуби од Манчестер Сити, а оваа сезона како што стојат работите ќе го освои првото Скудето.

Италијанските сили се дел од НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над Македонија

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето денеска во Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец го потпишаа Техничкиот договор .

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето денеска во Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец го потпишаа Техничкиот договор со кој Италијанските вооружени сили и официјално се вклучија во НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над македонското небо.

Министерката Петровска по потпишувањето истакна дека со вклучувањето на Италија во оваа НАТО мисија, единството во Алијансата го гледаме на дело.

„Често споменуваме дека Алијансата е приказ на сојузништво и единство, но зборовите не можат да го отсликаат тоа што можеме да го видиме на дело – италијански и грчки воени воздухоплови, во координација со македонското воено воздухопловство гарантирајќи ја безбедноста на небото на Македонија“, рече министерката.

Со Италија изградивме вистинско сојузништво и развивме силна соработка, рече Петровска, и додаде дека фактот дека италијански воздухоплови ќе ја гарантираат безбедноста на нашиот воздушен простор е приказ за целосна меѓусебна доверба.

Италијанскиот министер Крозето порача дека со денешното потпишување на овој историски договор, Италија заедно со Грција ја презема обврската за заштита на небото на Македонија и дополни дека сојузништвото во Алијансата значи своите сили да се стават на располагање на други земји кога има потреба за такво нешто.

„Италија има чест што може да даде свој придонес во оваа насока и ѝ благодари на Северна Македонија за довербата“, рече Крозето.

Небото на Македонија со официјалниот почеток на НАТО „air policing“ мисијата во нашата земја во декември 2021 година, и официјално стана дел од колективниот систем на Алијансата за воздушно патролирање. Досега, воздухопловното патролирање беше доверено на грчкото воено воздухопловство, а отсега тоа ќе се врши со воздухоплови на грчките и на италијанските воздухопловни сили, во координација со военото воздухопловство на Армијата на Република Северна Македонија.

Мисијата за воздухопловно патролирање на нашето небо ја раководи Сојузничката воздухопловна команда на НАТО, а тактичката контрола на мисијата е под раководство на Центарот за комбинирани воздухопловни операции во Торехон, Шпанија.

Министерство за одбрана

Бундесверот испраќа 10.000 артилериски гранати во Украина

 Германија ќе испрати 10.000 артилериски гранати од сопствените резерви во Украина како дел од долгорочниот план во три фази, изјави генералот на Бундесверот, Кристијан Фројдинг.

Фројдинг во интервју за Дојче веле вели дека по првата, итна фаза, на среден рок ќе биде поддржана чешката иницијатива за испраќање уште повеќе муниција.

„Ќе преземеме над 180.000 парчиња муниција, кои се планирани да бидат испорачани од почетокот на летото до крајот на годината“, рече генералот.

На „подолг рок“, Германија, покрај чешката иницијатива, потпиша и билатерален договор со кој се предвидува испорака на уште 100.000 артилериски гранати од четвртиот квартал годинава. Фројдинг не сакаше да каже со која земја е склучен договорот за испорака.

Според Фројдинг, моменталната најитна потреба на Украина е „артилериска муниција, друга муниција и наведувани проектили за модерни системи за противвоздушна одбрана и оклопни борбени возила“.

Фројдинг во интервју за Дојче веле зборува и за обуката на украинските војници во Германија. Минатата година, 10.000 припадници на вооружените сили на Украина беа обучени на германските воени полигони, а уште 3.000 до 4.000 луѓе ќе бидат обучени во првите месеци од 2024 година.

притисни ентер