Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

Портпаролот на СЗО ги пофали компаниите што подготвуваат нова вакцина

Портпаролот на СЗО истакна дека во светот е доминантна Делта и оти повеќе од 90 отсто од заразените се заразени со оваа варијанта.

Производителите на вакцини против Ковид-19 треба да се пофалат што се подготвуваат за можноста дека ќе мора да ги приспособат своите производи за заштита од варијантата Омикрон, изјави денеска портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Кристијан Линдмаер.

На брифинг во Женева тој рече дека СЗО сè уште ја проучува преносливоста и сериозноста на новата варијанта, која беше откриена во јужна Африка.

– Многу е за пофалба што производителите на вакцини веќе почнаа да прават планови согласно кои веројатно ќе треба да ја приспособат постоечката вакцина, рече тој додавајќи дека „е добро да не се чека да заѕвони алармот".

Линдмаер сепак нагласи дека ќе биде потребно уште некое време и оти не треба да се брза со заклучоците. Според него, прелиминарните податоци покажуваат дека има поголема преносливост, но оти во суштина тоа е сè што засега се знае.

Портпаролот на СЗО истакна дека во светот е доминантна Делта и оти повеќе од 90 отсто од заразените се заразени со оваа варијанта.

Се подобрува епидемиолошката состојба во Словенија, отворени скијачките центри

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 1.737 инфекции со коронавирус, со што продолжува трендот на подобрување на епидемиолошката состојба кое трае речиси две недели, а денеска во земјата се отворени скијачките центри.

Со 5.485 тестови откриени се 1.737 заразени, 37,1 отсто од тестовите биле позитивни. Ден претходно имало 2.125 заболени односно 34,1 отсто позитивни тестови. Значителен пад на новозаразените се бележи и на неделно ниво и е далеку од состојбата пред еден месец, кога на 3 ноември имаше 4.518 новозаразени, што е највисока бројка досега во четвртиот бран на епидемијата.

Бројот на активни инфекции се уште опаѓа и изнесува 31.796 случаи, а истиот тренд го покажува и двонеделната инциденца која моментално е 1508 (84 помалку од претходниот ден), додека седумдневнатиот просек на инфекции во еден ден падна за 88 и за прв пат падна под 2.000, моментално изнесува 1906.

Хоспитализациите стагнираат

Хоспитализациите стагнираат, со вкупно 1.059 пациенти во болниците денес, од кои 270 на одделенијата за интензивна нега, додека 17 пациенти починале, со што бројот на починати се искачи на 5.272 од почетокот на епидемијата.

Поповолната епидемиолошка состојба ќе ги подобри резултатите на словенечкиот туризам во зимската сезона, во однос на минатогодишните катастрофални резултати кога претежно беа затворени скијачките центри.

Повеќето од нив имаат доволно снег и денеска се отворени, со пропишаната епидемиолошка рамка за која се надеваат дека ќе трае до крајот на сезоната. Скијачите мора да бидат вакцинирани, со потврда дека прележале Ковид или дека биле негативно тестирани, а маски треба да се носат во кабините на жичарницата.

Пешак смртно настрада во сообраќајна несреќа на излезот од Охрид

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што вечерва се случи на излезот од Охрид на магистралниот пат кон Битола.

Според првичните информации, повозрасно лице бил прегазено од моторно возило „Ауди" со охридски регистарски таблички на коловозот кај село Лескоец, што се наоѓа на самиот излез од Охрид.

Полицијата го потврди случајот, на самото место се врши увид што треба да ги утврди причините за несреќата, а повеќе информации од СВР најавија за утрешниот ден. /МИА

притисни ентер