(ОБНОВЕНО)Убавата Захариева му понуди нови коректни барања на скромниот Министер Османи

Текстот е козерија/фикција...Канал 5 дознава кое е дополнителното барање на Убавата Захариева, но и каква била реакцијата на кметот Петре Шилегов. Промените се во точката 4 и додадена е нова точка 5.

По денешната куса но очигледно плодна средба меѓу божествената Захариева и скромниот ни министер Османи, Канал 5 дознава кои биле новите барања на официјална Софија.

1.Поради фактот што УЕФА не дозволи на европското првенство во фудбалската екипа на Македонија да настапат голман и уште 6 бугарски фудбалери, Бугарија постави нов услов . На две недели пред одржување на европското првенство целиот тим, но и сите од делегацијата ќе мора да организираат секој ден , значи вкупно 14 дена, журки без маски и без одржување на дистанца, во одредени скопски локали ( само не кај Три Бекови, за да не се повреди некој од фудбалерите ), на кои мора дополнително да има најмалку 100 гости кои немаат прележано Ковид-19.Овие журки бугарските спортски медицинари веруваат дека ќе ги „опуштат“ нашите фудбалери, и ќе бидат во топ форма за европското првенство.

2.Светски познатата фабрика за производство на банкноти од сите валути, пасоши , долна и горна облека, парфеми и помагала за потенција се сели од Пловдив во Тетовско. Со ова Македонија конечно ќе ја добије првата Бугарска инвестиција, која ќе вработува преку 100 работници во подрумски простории, со цел да не се заразат со Ковид-19

3.Заводот за статистика веднаш ќе го прекине огласот за најмување на попишувачи, објавен преку сите јавни гласила во Македонија, а на ниво место ќе бидат ангажирани, неутрални, бугарски попишувачи, со цел да се избегнат обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за некаков „политички попис“. Бугарските попишувачи ќе дојдат со свој , бугарски софтвер и со свои, веќе испробани бугарски прашања за попис, кои ќе бидат поврзани со Европската база на податоци, а по завршување на пописниот процес на 21 Април, во рок од 48 часа ќе излезат со конечните податоци. Се очекува бугарските попишувачи, во стил на добри, братски соседи, крајно професионално да го попишат населението во Македонија.

4.Кметот на град Скопје,Петре Шилегов, покрај бугарските знаменца, ќе мора во знак на извинување за некои навреди кои наводно ги кажал во некоја бугарска ТВ емисија, за убавата Захариева, да смени име на една улица и име на еден плоштад .
Така што, плоштадот Македонија ќе има ново име – плоштад на Борис Трећи, а улицата Ленинова, ќе се преименува во улица Тоша Живковић

5. Канал 5 да прекине да и дели комплименти , од причини што предизвикува сериозна љубомора кај останатите членови на бугарската Влада, особено кај елегантниот Каракачанов, и познатиот бугарски политички мачо-мен, Џамбазки.

Нашата телевизија со резигнација го отфрла ова барање, и во моментот кога ќе го добиеме како официјално, веднаш ќе упатиме пторест до Стразбур но и до Уницеф и Greenpeace

Сепак, останува да видиме дали Владата ќе ги прифати овие нови барања од т.н. акциски план кои , како што дознаваме, биле креирани од страна на убавата Министерка Захариева, при што таа особено внимавала, како што впрочем и се гледа од 4те горенаведени точки , да не се повредат чувствата на Македонците

( Текстот е козерија/фикција )

Тевез итно пренесен во болница

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 

40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба.

-Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата „Ла Тринидад“ во Сан Исидро со болки во градите. Тој ги направи соодветните тестови и тие беа задоволителни. Денеска тој ќе продолжи со нова серија на однапред планирани тестови како дел од поопшт преглед, се вели во официјалното соопштение од клубот, кој ја потврди ситуацијата.

Според локалните изданија, проблемите на Карлос Тевез се поради стрес.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ боледувал од висок крвен притисок и редовно се подложувал на тестови и се следи неговата состојба.

Ова доведе до шпекулации во локалниот печат за можноста тој да ја заврши тренерската кариера во обид да го намали притисокот и стресот околу него.

Се уште не е јасно дали Тевез ќе присуствува на денешниот тимски тренинг. /МИА

Мбапе подготвен да игра на нова позиција во Реал Мадрид

Напаѓачот Килијан Мбапе ја прифатил улогата за која е планиран по трансферот во Реал Мадрид, тврди „Ас“. 

Иако официјално не е објавен трансферот на фудбалерот од Пари Сен Жермен, на „Сантијаго Бернабеу“ веќе размислуваат како Французинот најдобро ќе се прилагоди во составот следната сезона.

За време на неговиот престој со парижаните, напаѓачот јасно стави до знаење дека претпочита да игра на левото крило на нападот на тимот, што му овозможува да се потпира на повеќе слободни простори на предните позиции. Во Реал оваа улога вообичаено му се доделува на Винисиус Јуниор, а ова е претпочитана позиција и за Родриго.

Сепак, според „Ac“, Мбапе е подготвен да игра повеќе во центарот на нападот како број 9 следната сезона, а тоа се поврзува и со неговата голема желба да ја освои „Златната топка“, бидејќи оваа позиција се смета за поволна за реализација на повеќе голови.

Францускиот репрезентативец оваа сезона постигна 41 гол на 43 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања. /МИА

Инцидент во грчкиот Парламент – пратеник физички нападна друг пратеник

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара.

Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник.

Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна./МИА

притисни ентер