Уапсени организаторите на атентатот на пазарот во Багдад пред Курбан Бајрам

Ирачките власти соопштија дека успеале да ги уапсат одговорните за нападот што усмрти повеќе од 30 лица на пазар во Багдад минатиот понеделник, што беше терористички напад нарачан од Исламска држава.

-Осомничените ќе се појават пред правдата, информира премиерот Мустафа ал-Казими, јави Дојче веле.

„Ги уапсивме сите членови на терористичката ќелија кои го планираа и извршија нападот на пазарот во Ал Садр, огромна шиитска населба на периферијата на Багдад", напиша Казими на Твитер.

Извор од икрачкото Министерство за внатрешни работи изјави дека осомничените, чиј број не е соопштен, се очекува во следните денови да дадат „признанија" на телевизија, метод што се користи во Ирак во особено важни случаи.

-Солзите и тагата на нашите луѓе и семејствата на мачениците од градот Ал Садр беа наш мотив да ја изведеме операцијата за апсење, додаде Казими.

Најавата за уништување на ќелијата доаѓа неколку дена пред посетата на ирачкиот премиер на Вашингтон, каде американскиот претседател Џо Бајден за прв пат ќе има средба со него.

Нападот се случи во понеделникот на популарен пазар, каде што луѓето купуваа во пресрет на Курбан Бајрам, еден од најважните муслимански празници. Бомбаш-самоубиец активираше појас со експлозив, убивајќи 30 лица, вклучувајќи идеца, и ранувајќи уште 50 други.

Станува збор за шиитска населба, упориште на следбеници на влијателниот свештеник Муктада ал-Садр, а и во минатото таа беше цел бројни напади.

Нападот го организираше Исламска држава, која преку своите пропагандни канали на Телеграм и преку својата агенција АМАК уверуваше дека бомбаш-самоубиец го активирал својот елек со експлозив меѓу насобрани „отпадници", како што радикалните сунити ги нарекуваат шиитите.

Бесплатен јавен превоз и ноќни линии за„Бела ноќ"

По повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2021", ЈСП Скопје денеска ќе овозможи бесплатен јавен превоз. Во функција ќе бидат и дел од ноќните линии – 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65 В.

Како што информираат од ЈСП Скопје, бесплатно користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од 18 часот, до утре до 5 часот.

Ноќните линии ќе сообраќаат во недела со следниов возен ред.

ЛИНИЈА 2 – Автокоманда – Сарај.

Поаѓање од Автокоманда 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Сарај 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 5 – Дексион – Ново Лисиче.

Поаѓање од Дексион 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Ново Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 7 – Карпош 3 – Горно Лисиче.

Поаѓање од Карпош 3 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Горно Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 22 Транспортен центар – Лепенец.

Поаѓање од Тр.центар 00.15 ч, 02 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Лепенец 01.25 ч, 02.40 ч, 04.10 ч

ЛИНИЈА 24 Припор – Тафталиџе 2.

Поаѓање од Припор 01 ч

Поаѓање од Тафталиџе 2 00.15 ч

ЛИНИЈА 41 Транспортен центар – Долно Лисиче.

Поаѓање од Тр.центар 00.20 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Долно Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 03.50 ч

ЛИНИЈА 50 Клинички центар – Хиподром.

Поаѓање од Кл.центар 00 ч, 02 ч, 03 ч

Поаѓање од Хиподром 01.30 ч, 2.30 ч

ЛИНИЈА 57 Козле – Радишани.

Поаѓање од Козле 00.15 ч, 01.30 ч, 03 ч

Поаѓање од Радишани 00.55 ч, 02.15 ч, 03.35 ч

ЛИНИЈА 65 В Транспортен центар – Стајковци.

*по траса на линија 5 во 00.10 ч од Рекорд до Ново Лисиче

Поаѓање од Тр.центар 00.45 ч до Стајковци

Поаѓање од Стајковци 01.20 ч до гаража во Автокоманда.

Посебен сообраќаен режим во Скопје

Во Скопје денеска ќе се одржи „Социо-еколошки форум Скопје 2021". 

Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Во Скопје денеска ќе се одржи првиот Социо-еколошки форум, прв настан од ваков тип на Западниот Балкан, што ги обединува под еден покрив регионалните и европски прогресивни политички лидери, тинк-тенк и невладини организации, младински лидери и новинари, да дискутираат за чистата и зелена иднина, достапна за сите граѓани на земјите од Западниот Балкан.

Како што е најавено од Фондација „Фридрих-Еберт", воведни обраќања на СЕФ-Скопје ќе имаат премиерите на Република Македонија, Зоран Заев и на Косово, Албин Курти.

Предивдено е за време на работниот дел, да се обратат повеќе од 15 панелисти, претставници на прогресивни организации и социјалдемократски партии од регионот и Европа.

СЕФ Скопје има за цел да биде почетната точка на голем број разговори, кои ќе донесат до одлучни акции против климатските промени и климатски политики од кои ќе имаат бенефит сите граѓани на земјите од Западен Балкан, но и ќе помогне да се прошири Европскиот зелен договор на Европската Унија.

– Социо-еколошкиот форум го трасира патот до иднината кога сите земји од Западен Балкан ќе имаат енергетски ефикасни економии и работни места кои се отпорни на влијанија предизвикани од климатските промени и неодржливите извори на енергија. Социо-еколошка трансформација на овие општества, мора да осигура дека ниту еден граѓанин нема да биде изоставен, се наведува во соопштението од Фондацијата „Фридрих-Еберт".

Социо-еколошкиот форум Скопје 2021 е во организација на Фондацијата „Фридрих-Еберт", „Олоф Палме" меѓународниот центар и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

Тим-билдинг трка за компании „Business Run 2021"

Тимови од македонскиот бизнис сектор ќе се натпреваруваат на штафетната трката за компании, „Business Run 2021".

Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компани-ите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените.

Трката ќе биде штафетна со четири измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2.000 метри.

Најбрзите три тимови на „Business Run 2021" ќе бидат наградени со златна, сребрена и брон-зена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција.

Организатор на трката е здружението за спорт и рекреација „Прв до врв".

притисни ентер