Уапсен е еден од четворицата полицајци , кои го апсеа Афроамериканецот во Минеаполис (ВИДЕО)

Еден од четворицата полицајци инволвирани во апсењето на Џорџ Флојд, кој го загуби животот , е уапасен.

Дерек Чавин е уапсен денеска во Минесота, објави „Стар трибјун“, најголемиот весник на Минесота. Сè уште нема информации за што се товари.

Против Дерек Човин, сега поранешен полицаец одговорен за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, се поднесени 18 обвиненија, соопшти полицискиот оддел во Минеаполис, според Си-Ен-Ен.

Не е познато за какви обвиненија станува збор, а самата администрација не достави дополнителни детали.

Човин беше отпуштен заедно со тројца други полицајци кои биле присутни на апсењето. Како што е познато, Џорџ Флојд почина во понеделникот. Неговата средба со полицијата ја снимил случаен минувач. На снимката, Флојд лежи со лице на земјата, со лисици на рацете, моли за помош и повторува дека не може да дише пред да престане да дава знаци на живот . За цело време, полицаецот го држи за врат со коленото.

Сè започнало кога вработен во продавница повикал полиција затоа што Флојд наводно се обидел да плати со лажна сметка од 20 долари.

Сепак, Човин не беше единствениот полицаец на местото на настанот.

Еден од нив е Ту Тао, против кого се поднесени шест претставки, а една сè уште е отворена.

Во 2017 година, Ламар Фергусон поднесе тужба во која се тврди дека Тао и друг службеник над него извршиле „сурова и необична“ казна кога бил уапсен во октомври 2014 година. Според тужбата, споменатите полицајци користеле „неверојатна сила, вклучувајќи удари, додека Фергусон не бил во можност да се одбрани од лисиците на рацете“. Како резултат, Фергусон имал скршени заби и посериозни повреди, се наведува во тужбата.

Градот Минеаполис му плати на Фергусон и на неговиот адвокат 25.000 долари за да се смират, пишува Си-Ен-Ен.

Пет од ваквите случаи биле затворени без дисциплинска постапка.

Мадуро размислува повторно да се отвори Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права, откако претходно, во февруари, венецуелската Влада побара од вработените во Канцеларијата да ја напуштат земјата во февруари.

-Добив предлог за повторно отворање на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права во Венецуела и се согласувам дека треба да ги надминеме нашите разлики, изјави Мадуро за венецуелската национална телевизија, за време на заедничкиот говор со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан.

Мадуро додаде дека е подготвен наскоро да се сретне со Фолкер Тирк и дека претставникот на Канцеларијата е добредојден да дојде на разговори за разликите што ги имаат и начините за надминување на конфликтот што произлезе.

Откако кон средината на февруари од персоналот на Канцеларијата за човекови права на ОН беше побарано да ја напушти Венецуела, владата најави дека во рок од еден месец ќе ги ревидира техничките услови за соработката.

Венецуелската влада потоа го критикуваше „колонијалистичкиот, навредлив и насилен однос“ на ОН, откако специјалниот известувач рече дека венецуелската програма за храна не се занимава со основните причини за гладта во земјата, потсетуваат британските медиуми. /МИА

Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

Рускиот православен свештеник кој во март одржа комеморација во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми.

Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година.

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

-По истекот на периодот на покајание (казна - забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.

На 26 март, Сафронов одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот. /МИА

Тајрис Макси е играчот со најголем напредок во НБА

 Како што се ближи крајот на натпреварувањето во НБА лигата, така се повеќе се зборува за индивидуалните награди. Првата веќе пристигна.

Кошаркарот на Филаделфија, Американецот Тајрис Макси е добитник на наградата за играч кој најмногу напредувал во изминатиот период, објавено е на веб-страницата на НБА.

Мекси (23) доби повеќе гласови во финалниот избор од Коби Вајт од Чикаго и Алперен Шенгун од Хјустон. Наградата се доделува од 1985 година.

Минатата сезона победник беше Лаури Марканен од Јута, а меѓу оние кои досега ја освоија оваа награда се Горан Драгиќ, Паскал Сиакам, Јанис Адетокумбо, Пол Џорџ, Трејси Мекради, Зек Рендолф, Хидает Туркоглу итн. /MИА

притисни ентер