Уапсени се соработниците на Навални, утре најавуваат големи протести

Руските власти уапсија блиски соработници на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој беше уапсен на аеродромот во Москва во неделата, откако се вратил од Германија каде се лекувал по обидот за труење.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш беше приведена преку ноќ откако повикала на протести, објави на Твитер, додавајќи дека ќе остане во притвор девет дена. Приведени се и координаторите на приврзаниците на Навални во Владивосток, Краснодар и Калининград.

Утре треба да се одржат протести против притворањето на Навални и државната репресија во околу 70 руски градови. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги предупреди граѓаните да не учествуваат во овие незаконски протести.

Навални мора да остане во притвор 30 дена. Руското правосудство го товари за кршење на условната слобода со одење во Германија на лекување.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денес го повика рускиот претседател Владимир Путин да го ослободи Навални и да спроведе транспарентна истрага за неговиот обид за атентат.

Петров во Белград: Постојано преземаме чекори за унапредување на правата на заедниците

Потпретседателот на СДСМ Коста Петров, вчера во Белград учествуваше на регионалната конференција Заштита и унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето во државите од Западен Балкан:

Основа за прогресивно општество и политики, во организација на Фондацијата Макс ван Дер Штул и поддржана од Вестминистер Фондацијата за демократија.

„Многу е лесно да заземете храбар став за тешките прашања кога сте во опозиција, но кога сте на власт, треба да го спроведете тоа. За нас, прашањата поврзани со човековите права на маргинализираните заедници, вклучувајќи ги и ЛГБТИ луѓето се прашања на реални вредности и политики, а не ПР алатки.

Ние ги преземаме овие чекори бидејќи се вистинските, а не за добивање политички поени" – истакна Петров.

Според Лордот Реј Колинс од Лабуристичката партија на Велика Британија, загрижувачки е фактот дека во дел од светот, хомосексуалноста се' уште е криминализирана, а во одредени држави се казнува и со смртна казна.

Токму тука, смета тој, одговорот на невладиниот сектор и соработката на прогресивните сили е од посебно значење.

На конференцијата учествуваа претставници од социјалдемократските партии од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија, како и преставаници од невладиниот сектор.

Марко Станиќ од СДП на Црна Гора и Бесима Бориќ од СДП на Босна и Херцеговина говореа за предизвиците со кои се соочуваат во своите држави, потенцирајќи дека Македонија и СДСМ се вистински лидери во регионот кога станува збор за имплементација на прогресивни и про-европски политики во претежно конзервативните држави на Балканот.

Кочо Андоновски од ЛГБТИ Центарот за Поддршка рече дека СДСМ е првата партија во нашата држава која во својата изборна програма го вметнала прашањето на недискриминација на ЛГБТИ луѓето, уште во 2006та година.

„Сега, кога СДСМ е на власт забележуваме имплементација на овие вредности во конкретни политики. – истакна тој. На настанот, потпретседателот Коста Петров ја потпиша и Декларацијата на социјалдемократските партии од регионот за борба за правата на ЛГБТИ луѓето, со што СДСМ стана првата партија од регионот која пристапи кон овој документ.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

МЗ: Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 39 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 323 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 22 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 83 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 96 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 323 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Министерство за здравство

Од денеска до 16 март, во Грција се воведуваат построги мерки, со кои се ограничува движењето

Од денеска до 16 март, во грција се воведуваат построги мерки, со кои се ограничува движењето и се зголемуваат контролите, објави попладнево заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас.

Како што јави МИА, Грција е поделена во две зони- темноцрвена со многу зголемена опасност и црвена со зголемена опасност во зависност од епидемиолошката слика.

Атика, Солун и уште 17 други региони се во темно црвената зона, односно ниво на многу зголемена опасност, каде што полицискиот час е од 19 часот до 5 часот наутро, со исклучок на Солун и Атина, каде што од понеделник до петок ќе биде од 21, а само за викендите од 19 часот, а затворени се сите училишта.во црвената зона се останатите делови на грција, каде полицискиот час почнува од 21 часот, додека пак настава со физичко присуство следат учениците од основните и дел од средните училишта.

Измените со новите мерки се однесуваат на продавниците за храна и банките, при што дозволено ќе биде посета само во рамките на општината или најмногу до два километри оддалеченост од местото на живеење.

Заострување има и во однос на физичките активности, односно не е дозволено спортување или шетање на милениче во друг регион.

притисни ентер