Тужбите до Управен суд не ги променија одлуките на ДИК

Поднесените тужби од политичките парти до Управен суд, против решенијата донесени од Државната изборна комисија не донесоа ништо ново. 

Со исклучок на две тужби на ВМРО-ДПМНЕ и по една на партијата Демократи и на Единствена Македонија, што ќе бидат разгледани во текот на денешниот ден, Судот ги одби сите други тужби, поднесени од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива и партиите Левица, Интегра и МОРО – Работничка Партија, како неосновани.

Со оглед на големиот број на тужби во Управниот суд изминатите денови се одржа повеќе јавни седници. Разледувањето и одбивањето на тужбите против одлуките на ДИК се одвиваше одделно од неколку совети предводени од по пет судии. До вчера во Управниот суд беа разгледани 186 тужби.

– Заклучно со ден 22.07.2020 година, донесени се вкупно 77 одлуки од кои, 75 одлуки по тужби поднесени од тужителот Алијанса за Албанците и Алтернатива, една одлука по тужба поднесена од тужителот Интегра Македонска Конзервативна Партија како и една одлука по тужба поднесена од тужителот Живка Арсовска и по истите донесени се пресуди со кои тужбите на тужителите се одбиваат како неосновани и решенијата на Државната изборна комисија се потврдуваат, информира вчера Управниот суд.

Сите 77 одлуки се објавени на официјалната веб страна на Управниот суд.

Управниот суд исто така ги одби како неосновани и 101 тужба поднесена од Левица. Тужбите на Левица поднесени до Управниот суд беа разлгедани вчера на повеќе јавни расправи .

Освен тужбите од Левица, Управниот суд ги одби и тужбите поднесени од Социјалдемократската унија и политичката партија Демократи.

Левица по поднесувањето на тужбите до Управниот суд, преку соопштение информираа дека ним како политичка партија „им се украдени тројца пратеници (за околу 500-600 гласа по пратеник)".

– Тужбите за поведување управен спор се поднесени врз основа на погрешно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право. Сакаме да ја известиме јавноста дека образложенијата на побиваните решенија на ДИК се изработени на „темплејт", т.е. однапред подготвен шаблон за одбивање, без навлегување во спецификите на секој поединечен случај – што е недозволиво за една државна институција. Истите се штури и банални и изобилуваат со цитирање на неповрзани членови од Изборниот законик, без воопшто да се впушти во материјално расправање за она што беше предочено во приговорите, образложија од Левица. /МИА.

Видео: „Мона Лиза“ рапува со помош на вештачка интелигенција

„Мајкрософт“ ја претстави новата технологија со вештачка интелигенција наречена „ВАСА-1“, што може да сними фотографија и аудиоисечок и да ги комбинира во реалистична видеоснимка.

За почеток, технолошкиот гигант претстави видео на кое „Мона Лиза“ на ренесансниот уметник Леонардо да Винчи „ја рапува“ песната „Paparazzi“... Но, овде не се работи за хитот на Лејди Гага, туку рап-верзијата што Ен Хатавеј ја изведе во „Емисијата на Конан О'Брајан“ во 2011 година.

„Ова е толку смешно, плачам од смеење“, „Само Да Винчи да можеше да го види ова“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“ - се дел од коментарите.

Видеото набрзо собра над 7,1 милиони прегледи на само еден профил на „X“.

Мадуро размислува повторно да се отвори Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права, откако претходно, во февруари, венецуелската Влада побара од вработените во Канцеларијата да ја напуштат земјата во февруари.

-Добив предлог за повторно отворање на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права во Венецуела и се согласувам дека треба да ги надминеме нашите разлики, изјави Мадуро за венецуелската национална телевизија, за време на заедничкиот говор со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан.

Мадуро додаде дека е подготвен наскоро да се сретне со Фолкер Тирк и дека претставникот на Канцеларијата е добредојден да дојде на разговори за разликите што ги имаат и начините за надминување на конфликтот што произлезе.

Откако кон средината на февруари од персоналот на Канцеларијата за човекови права на ОН беше побарано да ја напушти Венецуела, владата најави дека во рок од еден месец ќе ги ревидира техничките услови за соработката.

Венецуелската влада потоа го критикуваше „колонијалистичкиот, навредлив и насилен однос“ на ОН, откако специјалниот известувач рече дека венецуелската програма за храна не се занимава со основните причини за гладта во земјата, потсетуваат британските медиуми. /МИА

Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

Рускиот православен свештеник кој во март одржа комеморација во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми.

Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година.

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

-По истекот на периодот на покајание (казна - забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.

На 26 март, Сафронов одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот. /МИА

притисни ентер