Тужби за сите кои тврдат дека го користел израелскиот шпионски софтвер Пегаз

Мароко денеска се закани со судски тужби против оние кои ја обвинуваат власта дека го користела израелскиот софтвер Пегаз за шпионирање новинари, активисти и политичари.

Властите во Рабат повторно категорично ги отфрлија обвинувањата, оценувајќи ги како лажни и неосновани, при тоа потенцирајќи дека ќе започнат „судска постапка во Мароко и во странство против секој што ќе ги преземе таквите лажни обвинувања".

Мароканската Влада и во понеделникот и денеска ги демантираше информациите дека е меѓу земјите што користеле шпионски софтвер истакнувајќи оти ја осудува кампањата на „лажните и злонамерните медиуми".

Францускиот весник „Монд", член на медиумскиот конзорциум, во вторникот објави дека францускиот претседател Емануел Макрон е на списокот на потенцијални цели на шпионажа преку Пегаз. Според тие информации, за тоа наводно е одговорна мароканската служба за безбедност.

Претходно, Вашингтон пост објави дека мароканските безбедносни служби во 2019 година ги следеле претседателот на Европски Совет, Шарл Мишел, додека ја извршуваше функцијата премиер на Белгија. Но, мароканските служби ги следеле и кралот Мохамед Шести и премиерот Саад ал Дин ал Османи.

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер